Едукативно-забавни катчиња во нашата работна просторија
Драги гости ,нашата училница е наше малечко,шарено,весело царство
скриено во срцето на нашето училиште, ОУ Кочо Рацин с.Ивањевци.
Во предпладневната смена ние сме најмалечките но верувајте-главните,омилените и најсаканите.Не сакаат сите другарчиња иако повозрасни од нас и редовно не посетуваат за време на одморите за да си поиграат малку со нас.Штом наставничката се сети што ние малите би можеле да научиме заедно со големите,тогаш си имаме прекрасна дружба со нив и сите сме подеднакво вредни и расположени да учиме заедно.
Нашата работна просторија е многу малечка но секогаш се трудиме да смислиме што каде да ни стои и какви промени да направиме за да можеме да си имаме се на дофат во секое време.Весело е кога разместуваме и заедно сите и помагаме на наставничката штом решиме да си направиме мала промена.
Сите си знаеме кој каде седи и така уште на самиот почеток си направивме украсни амблеми со нашите имиња кои стојат на масичките и местото кое секој од нас го смета за свое...
Но,иако секој си има свое местенце,ние често се менуваме кога треба да се работи задно со другарче кое седи на соседната масичка или кога треба нешто да работиме во група.Тоа не е никаков проблем зошто каде и да се седне интересно ке биде зошто ова е нашето скришно царство на другарството во кое секому,секаде и со секого му е убаво да се дружи а кога се работи со здружени сили е тогаш нема ништо поубаво..
Најпрвин да ве запознаеме со нашата одделенска БИБЛИОТЕКА-
Нашата малечка библиотека крие многу интерени книги,сликовници и енциклопедии.Наставничката ни покажа како треба да си ја уредуваме и да се грижиме за неа а често си ја играме играта-Библиотекари и многу се радуваме.
Слободно и за време на одморите,ние со љубопитност ги разгледуваме книгите штом се сетиме дека тоа би било интересно да се прави а особено кога е ладно и кога не можеме да си трчкаме надвор.
Доволно е еден од нас да посака да зирне во нашата библиотека и тогаш сите ние му се придрууваме срекни што овде навистина никогаш не е здодевно.
Во училишниот ходник направиме и мала изложба на книги и сега со книгите се радуваат и редовно се дружат сите наши другарчиња,големи и мали.
Но ,со книгите мора внимателно!
Затоа направивме и правила кои стојат таму како чувари на нашата изложба.
Ние размисливме што е добро а што не смее да се прави со книгите а наставничката ни помогна
да ги напишеме нашите правила за да можат сите да ги читаат и почитуваат.
И за чудо,навистина нашата излоба сите ги израдува па постојано некој разлистува и се радува на книгите
а ние внимаваме се да остане во најдобар ред.
..................................................................................................................................
Природно-математичко катче
Во училницата си имаме и ПРИРОДНО- МАТЕМАТИЧКО КАТЧЕ каде природата и математиката се дужат на едно место и се помагаат и надополнуваат.Па така,нити Математиката се лути што кај неа на гости често доагаат камчиња,песок,желади,суви лисја или костени....нити пак Природата се лути што сметалките и математичките форми се тука зедно со неа.
И во него мора се да биде на свое место.И помогнавме на наставничката да биде побогато нашето природно-математичко катче и го збогативме со камчиња,клопчиња волница,разни конци во убави бои,капачиња од тегли и шишиња...петлици и што ли не друго.
Со камчињата можеме да броиме....A пак со овие писма и формите скрини во нив,можеме да вежбаме весела математика еве баш вака
Со вуницата си правиме множества
А од празни кутии од млеко и јогурт си направивме куќарки во кои наставничката става интересни работни листови па си играме-извлекување-и среќни сме кога ги решаваме задачите со пронаоѓање сенка,натрапник,лавиринти и слично.
Тука се сместени и две дрвени стапчиња-ЧЕЛИК И ЧОМАК па со нив можеме да мериме и споредуваме но и да си играме -квиз игри-за повторување на наученото и на сите да ни биде забавно додека учиме.
Со математичките форми си правиме најралични слики и секој се обидува што поскоро да го научи нивното име за да биде пофален од сите.
Кога си играме со коцките е тоа е посебно задоволство за сите нас.
----------------------------------------------------------------------------------------------
Сега ве водиме во нашето
-СЕМЕЈНО-ДРАМСКО КАТЧЕ-
И ова е катче на многу нешта.Тука се нашите тематски сликовници кои редовно си ги изработуваме..Тука се буквите и нашата букварка во која ги редиме штом извлечеме и именуваме буква..
..................................................................................................................................
Посебно се радуваме со нашето мало тетатрче кое си го направивме за да си изведуваме драмски игри
и за време на часовитено и за време на одморите штом се сетиме на некоја интересна драматизација.
Наставничката е срекна секогаш кога ќе не затекне заиграни и никогаш не не прекинува.
Си имаме различни кукли од хартија на стапчиња или моливи и сите учествуваме во нивната изработка.
А знаете ли кој друг играл со нашиот мал театар?Играле и учениците од попладневната смена кои често се искрадувале на одморите и гостувале кај нас иако ние сме веке дома.Нашата училница е отворена за сите и сите се грижат да остане уредна и чиста.
..................................................................................................................................
Тука се и нашите телевизорчиња за ставање слики и раскажување штотуку измислени приказни.
Во нив си ставаме слики а потоа ги опишуваме и смислуваме наши приказни но тие се и место за нашите цртежи бидејки честопати ги покажуваме тука еден по еден и раскажуваме што приказна сме нацртале.
..................................................................................................................................
Телефоните се наша омилена играчка.Честопати ги користиме за време на различни активности и игри а наставничката знае да не прекине за миг и да не потсети како правилно и културно се раговара по телефон.
..................................................................................................................................
Каде е нашето ФРИЗЕРСКО КАТЧЕ?Нели честопати го споменуваме.
Тоа може да биде тука секогаш кога ни затреба зошто ние заедно сите веднаш ќе го подготвиме.Денес е скриено во голема кутија и чека кога ќе се сетиме на некоја игровна активноста па ќе си наместиме фенови,мириси,лакчиња слично за да си играме со нив.Но додека трае таа наша игра секој треба да внимава-Културно однесување и обраќање кон другите лица-е она што наставничката се радува да го чуе од нас.Кој ќе биде фрзиер тоа е лесно.секогаш си се менуваме за сите да бидеме задоволни.Карачки и плачки нема зошто се може да се направи со волшебниот збор-Те молам-и со трпеливо чекање на својот ред.
..................................................................................................................................
За хигиената се грижеме сите заедно.Ние сакаме нашата училница да биде секогаш убава и чиста.Затоа секогаш штом нешто не е како што треба сите сме спремни да помогнеме во чистењето и навистина уживаме во тоа.
..................................................................................................................................
Компјутерот е нашиот најдобар другар кој секогаш ни помага да откриеме нови нешта.Тука се и големите другарчиња за да ни помагаат па заедно е и повесело и поубаво.
..................................................................................................................................
Нашето ликовно катче е насекаде околу нас..Еве како си повторувавме за боите и наставничката научи кој ги знае а кој си има потешкотии со именување на по некоја боја.Играва не знаеме точно како се вика но многу е интересна и сакаме повторно да ја играме.
..................................................................................................................................
А што се однесува до музичко катче-Музичко катче станува целата наша училница само за еден миг и сите сме весели,распеани и насмеани.
Иако е малечка нашата училница секогаш ќе биде наше волшебно големо царство на многу игри,играчки и мали а големи-ученичиња првачиња.
..................................................................................................................................
Кога ќе дојде времето за оброк сите заедно си ручкаме на масичките послани со пацети и внимаваме да биде чисто.
А кога е времето убаво тогаш си ручкаме на чист воздух ете вака...
"Утре е сабота?Не сме на училиште?"-(((((("Саботата и неделата не се убави денови..."