МАКЕДОНИЈА, ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА
Нашето учество на Државниот натпревар-Macedoine pays de mes reves-организиран од страната на Здружение на наставници по француски јазик од Македонија,ни донесе прво место за видео запис во кој е прикажан животот во нашето село и истиот беше презентиран во Прага,септември 2011 година, каде ја представуваше нашата земја на Светски форум на наставници.
Погледнете го видео записот)
Во рамките на истиот конкурс истовремено конкуриравме
и со веб страна со која го освоивме второто место.
(Кликнете на сликата за бидете пренасочени на таа страна .
Десен клик и избор на опцијата open link in new tab за да останете во контакт и со оваа страна на која моментално се наоѓаме)
Во соработка со група учениците при ОУ Кирил и Методиј од Битола изготвивме видео
разгледница на градот Битола со која исто така учествувавме на натпреварот.
Погледнете ја уште веднаш..
А еве како се случуваше сето тоа...
Поделени во две работни групи
-големи и мали кои придонесуваа за една зедничка цел.
Прва група
Големите(група ученици од петто до осмо одделение)водени од наставничката по
француски јазик, Елизабета Дамева
Втора група
Учениците од прво одделенеие со наставник Весела Богдановиќ
Наставници помошници
Николче Циуновски(наставник по информатика)
Кате Кутлешовска(наставник по англиски јазик)
Режија и видео продукција
Наставник Весела Богдановиќ
Веб администратор и модератор на сајтот
Наставник Весела Богдановиќ
Бидејки проектот требаше да биде на француски јазик а малите првачиња не го учат францускиот јазик,нашите активности беа насочени кон реалзирање на цели од програмата по Запознавање на околината-Запознавање со своето место и традиција.Преку прошетки во селото,контакт со населението кое со насмевка и срдечност не пречекуваше и ни раскажуваше за своето секојдневие,собравме видео материјал и фотографии кои им ги приложивме на учениците од првата група а тие подготвија содржини на француски јазик.Во очи на Ѓурѓовден снимени беа и фотографирани моменти кои го прикажуваат празнувањето на овој празник на селото.За да ја прикажеме традицијата на македонскиот народ преку две работилници покажавме како се подготвуваат велигденски јајца и како се подготвува македонската домакинка за празнување на најголемиот верски празник,Велигден.Дел од содржините беа проследени и со видео записии.
Сега откако заврши конкурсот и се радуваме со освоените награди,пред нас е нов предизвик-Да ја преведеме веб страната и на македонски јазик и да работиме на активности за нејзино збогатување.