Кумчо волчо

Кај докторот Офболи
кој тоа ќе рече,
оди кумчо волчо
и одвај се влече.
Докторот го прашува со тага и жал
"Каде кумчо волчо?Целиот си кал..
Целиот си извиткан а во вратче фатен,
кој ли ми го разболе овој волчко златен"
Вчера мили докторе
се лизнав во дол,
ребрата ми крцкаат
имам страшна бол.
Докторот му вели
со жал и со тага
"Дека си се лизнал..тоа ти е лага..
Си бил ти во село
по јагне и по вол
па некој те дарувал со стап и со кал.
Оној кој те дарувал
работа ти свршил-три
големи ребра
убаво ми ти скршил.
Сега да си одмараш
и умен да седиш,
ако ми те дофатат
цел докршен ке лежиш.
Кој кради се случува тоа да го снајде
за да бидеш паметен ти работа да си најдеш.
Ех бе мили докторе прв пат ли е ова?Ајде, ке се заумам,
еве гледам-морам.