Меѓународната конференција е-Општество.Мк
Tема: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!"
14 и 15 ноември во Холидеј Ин - Скопје
Цел
Размена на досегашни искуства, како и идеи и препораки за развој на образованието во иднина, потпомогнато со употребата на новите технологии и концептот на слободно споделување.
Првиот ден се разработуваа теми поврзани со отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во државите во регионот, примената на софтвер во формалното образование, а особено на оној со отворен код.
Вториот ден ја проширува темата, отворајќи ги прашањата за градење заедници на интернет и концептот Отворен универзитет како идеја кон која се насочува високото образование. Исто така се анализираше улогата која ја има граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование.
Конференцијата е поддржана од Фондации отворено општество и Фондацијата отворено општество – Македонија.
Повеќе информации на
http://aidafizika.blogspot.com/2012/11/blog-post.html