Разговор – Истакнувам модел кука на хамер.Им кажувам дека тоа е кука на едно другарче по име Мартина и засега е празна зошто кога бев на гости не забележав добро како беа распоредени собите и тоа сега заедно ке го направиме. Сликите од собите се ставени од страна и разговараме за простриите кои можеме да ги забележиме на нив...Ги именуваме...Кои елементи ги забележуваме..Која за соба за што служи.Каде спие Мартина..Каде јаде и слично.Додека разговараме ги лепиме апликациите од собите на местото за кое сме се договориле.Ги наведувам да разговаараат за својот дом и просториите во него.
Игра
Јас кажувам нелогични тврдења а децата реагираат и ме поправаат:
-Во спалната ни стои фрижидерот.
-Мама прави ручек во собата за дневен престој.
-Јадам над телевизорот во бањата.
-Креветот ни служи за скокање и играње.
Тато ја паркира колата во нашата кујна.
Евалвациони активности
Индивидуална работа-Работа во работен лист во печатена форма.
-Замисли дека ова е твојата нова кука па со боички нацртај која соба како би ја уредил.
Насочувам,следам,поттикнувам.За работа на компјутер(ЗА ВЕЖБАТА ПОГОРЕ)
Следува ндивидуална работа на малите компјутери.
Преку линк поставен на работна површина ги упатувам на игра на интернет.Задачата е слична на претходната –уредуваат соби по своја замисла.Изборот на игра од долупонудените зависи од достапноста на играта на интернет тој ден,а за тоа се погрижувам јас на одморот пред часот.
http://www.flashgamehole.de/sl/play-game/Hello-Kitty-Room-Flash-Game.html
http://www.girlgamesnow.com/game/pink_room_make_over.html
Игра-меморија-погоди што недостига во собата.
Наставна содржина:
Изработка на оригама-зграда-прва група
Изработка на згради со комбинирани материјали-втора група
Цели: Оспособување
за обликување од хартија и творење со комбинирање на стандардни и нестандардни
ликовни материјали.Развивање и
поттикнување на креативноста кај децата.Оспособување
за критичност и самокритичност.
Интеграција: Запознавање
на околината,Македонски јазик.
Тип на час:Увежбување
и проширување на вештините.
Поими: Оригама,превиткување,комбинирање,
Ресурси: Картонска
амбалажа од лекови,листови,колаж хартија...
Форми: фронтална,групна,индивидуална.
Методи: Практична
работа,разговор,демонстрирање
Претставување на целта на
часот и мотивирање преку презентација на модели-изработки од претходната
година.Објаснувам на кој начин се направени и што е користено.
Поставување задача-Да
направиме подобро од претходната генерација-со цел мотивирање кон поуспешна
работа.
Подготовка на материјали и
средства за работа.
Учечко-поучувачки активности
Поделба во две групи-(преку игра-Волшебна торба,извлекуваат апликации со
различни бои па според бојата се распоредуваат на означените места за работа.)
ПРВА ГРУПА-Изработка на оригами-згради,со превиткување од хартија боење и цртање.
ВТОРА ГРУПА Изработка на згради со комбинирање на стандардни и нестандардни ликовни материјали-амбалажа од лекови и колаж хартија.
ПОМАГАМ,СЛЕДАМ,НАСОЧУВАМ ПОСТОЈАНО.
СЛЕДУВА РОТАЦИЈА НА ГРУПИТЕ
Евалвациони активности
Правиме макета-град од нашите изработки,ги анализираме своите изработки и се договараме да ги повикаме на гости педагогот и нашата директорка по завршувањето на часот