Моќта на играта
Воспитување насмевки и соработка
за весело училиште
Активност спроведена со група ученици од различни возрасти во улога на ментори
Неодамна кога разговарав со моја колешка која во моментот работеше со дечиња од второ одделение и си разменувавме идеи за интересни наставни активности,колешката беше загрижена:
-Ако им дадам ножички има да се бркаат со нив низ училница и можат да се повредат...
сум се обидела...
-Ако работиме со камчиња и песок ништо нема да испадне од часот бидејки
само ќе се гаѓаат со нив..
-Работа во парови и групи?-
И тоа сум се обидела но уште на самиот почеток редовно некој со некој
ќе се скарал и толку...
.......Имаше и други слични тврдења кои ја оптеретуваа и ја ограничуваа да не ги применува своите прекрасни идеи за часови и наместо тоа да применува традиционална настава во која секој за себе и сам со себе соработува и секако со наставникот....
Ете зошто е важно да ВОСПИТУВАМЕ а потоа да подучуваме ние како наставници и тоа уште од првото одделение. За да ни биде нам лесно да ги спроведуваме сите наши креативни идеи а децата да си заминуваат задоволни и желни и утре да дојдат во училиште наместо да им е одбивна самата помисла на тоа.За да имаме соработници,другари,натпреварувачи,толерантни личности со кои сите активности би течеле според нашата замисла.
ВОСПИТУВАЊЕ СОРАБОТКА е она што е неопходно за децата од најмала возраст, тоа е основа за секое понатамошно учење.
Да најдеме време на големите одмори...после часовите...можеби и по завршувањето на учебната година..Не е важно кога но важно е да се најде време за воспитување .Време во кое ке станеме другари со нашите ученици а истовремено ќе станеме најомилениот ДРУГАР во класот кој сите сакаат да го следат и да ги помагаат неговите идеи во реализација.
Поблиску до децата,со заеднички интересни активности,никако наметнато туку само преку игра, да си создадеме пријатна и пријателска клима во нашето УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО.
ВИДЕО ЗАПИС ОД ЦЕЛАТА АКТИВНОСТ
Слична активност
-Чии се коцките-
(Што можеме заедно со договарање и без карање)
Воспитување навики за работа и соработка во групи со меѓусебно договарање,прифаќање туѓи и изнесување свои идеи,толеранција на грешките..
ПОВЕЌЕ ЗА ТЕМАТА ВОСПИТУВАЊЕ