Весела Богдановиќ, Кочо Рацин, с.Ивањевци, Могила,
.. Македонските наставници зачекорија по црвениот тепих Напорите на ПЕП за поттикнување на различните начини на професионален развој на наставниците, резултираа со серија обуки низ целата земја, на кои повеќе од 750 наставници се запознаа со видеото како медиум за споделување на добри наставни практики, за самооценување и оценувањето на колеги како и зајакнувањето на он-лајн соработката. УСАИД обезбеди 165 флип камери за училиштата во Македонија. Активноста за снимање на добри наставни практики започна како пилот проект за 42 наставници кои ја посетија обуката на ПЕП за користење на флип камера. Обучените наставници започнаа со дисеминација на знаењето меѓу останатите колеги и така се достигна бројката од 750 обучени наставници. Како резултат на обуките, наставниците создадоа богата колекција на снимени наставни часови кои ги споделуваат со другите колеги преку Заедницата за размена на искуства на Фејсбук - School Video MK. Но, оваа активност беше однесена и чекор понапред – ПЕП ја поддржа идејата на наставниците да се организира настан на кој наставниците ќе добијат можност да ја покажат нивната работа и креативност во користењето на флип камерата и да го споделат нивното искуство со други училишта од други делови на државата. ,,Технологијата игра важна улога во образованието, особено во обезбедувањето пристап до информации и подготвувањето на учениците за професиите на иднината. Користењето на технологијата од страна на учениците зависи од способноста на наставниците да ја интегрираат технологијата во нивната настава. Овој филмски фестивал е доказ дека наставниците во Македонија веќе ја имаат таа способност,” рече директорот на УСАИД мисијата, Роберт Вурц. Од вкупно 147 видеа кои пристигнаа во последните дваесеттина дена , беа избрани и прикажани деветнаесет. Ставајќи се во улога на актери, сниматели, монтажери и режисери, нашите наставници ширум ги отворија вратите на нивните училници, дозволувајќи ни да влеземе и ѕирнеме во нивното шаренолико секојдневие кое заеднички го креираат со нивните ученици.Ставајќи се во улога на актери, сниматели, монтажери и режисери, нашите наставници широко ги отворија вратите на нивните училници, дозволувајќи ни да влеземе и ѕирнеме во нивното шаренолико секојдневие кое заеднички го креираат со нивните ученици. Повеќе од 250 наставници и др. гости присуствуваа на ПЕП Филмскиот фестивал Наставниците на црвениот тепих на ПЕП Филмскиот фестивал ,,Министерството за информатичко општество и администрација дава целосна поддршка на оваа иницијатива. Ја поздравуваме мотивираноста и ентузијазмот на наставниците за оваа активност.Среќни сме што сме сведоци на овој успешен и интересен настан денес и ќе направиме напор овој Фестивал да стане традиција во следните години,” рече Иво Ивановски, министер на МИОА Весела Богдановиќ, возбудена по добивањето на наградата од публиката, се обрати на колегите кои го избраа нејзиното видео: ,,Флип камерите се мали, но многу моќни образовни алатки. Видеата што ние ги правимеможат да ни помогнат во самооценувањето и оценувањето на другите колеги, што ја подобрува нашата наставна пракса”. Приклучете се на Заедницата за размена на искуства на Фејсбук -SchoolVideoMK за да ја просведошите возбудата кај наставниците пред и по ПЕП Филмскиот фестивал. Ова се неколку мисли од наставниците споделени таму: ,, Денес се чувствував како филмска ѕвезда додека газев по црвениот тепих. Честитки за нашиот прв Филмски фестивал. Честитки до сите од ПЕП. Посебни честитки до колешката Весела, која денес беше највесела од сите! Со нетрпение ги очекуваме следните фестивали” – Весна Станојевиќ, наставничка од ОУ ,,Истикбал’’, Тетово. ,, Посебен поздрав до тимот на ПЕП и прекрасната организација на првиот филмски фестивал на видеа што прикажуваат добри пракси.Честитки до сите учесници на фестивалот и на победникот кој го избра публиката – Весела Богдановиќ. Се надеваме дека и понатаму ке ги споделувате свиоте добри пракси на SchoolVideo.mk” – Светлана Бобевска, наставничка од ОУ ,,Блаже Конески’’, Велес.
ПЕП Филмскиот фестивал, прв настан од ваков вид организиран во земјата, се одржа на 6 јули во Кинотека на Македонија. Повеќе од 250 наставници, високи претставници и гости зачекорија по црвениот тепих и присуствуваа на Фестивалот. Директорот на УСАИД мисијата во Македонија, Роберт Вурц и министерот за информатичко општество и државна администрација, Иво Ивановски, се обратија на публиката.
По прегледувањето на сите видеа, публиката го избра својот фаворит - видеото: ,,Како птиците си прават гнездо” снимено и изрежирано од Весела Богдановиќ, наставничка во прво одделение во ОУ
,,Кочо Рацин” с. Ивањевци, општина Могила.
ПЕП Филмскиот фестивал беше можност за промоција на работата на Весела, наставничка, која доаѓа од мала, рурална средина, и која доби шанса да ја претстави својата исклучителна работа и истовремено да ги види новите наставни практики прикажани од нејзините колеги од целата земја.
________________________________
На страната на ПЕП можеме да ги погледнеме сите часови кои учествуваа во оваа голема манифестација и кои придонесоа да имаме огромна збирка на часови кои ќе ни овозможат да учиме едни од други и да соработуваме мегусебно со размена на идеи и совети од наставната пракса.
http://www.pep.org.mk/en/film/film.html
Сите останати кои поради краткото време не беа опфатени со проектот или не стигнале да се пријават на конкурсот,своите часови редовно ги објавуваат на страната http://www.facebook.com/schoolvideo.mk ,страна наменета за наставен кадар која претставува богат прирачник за работа во основно образование.