МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     
БАБА МАРТА(ПЕСНА)
На зелената ливада
баба Марта е дојдена.
Носи китки со цвекиња и шарени фустанчиња.
Носи китки со цвекиња и шарени фустанчиња.

Кога чула баба Меца
истрчала сосе деца.
Зајакот со зајачиња,
лисица со лисичиња.
Зајакот со зајачиња,
лисица со лисичиња.
Кога сите се собрале
едногласно извикнале-
Зима,зимата си ојде-пролет,пролетта ни дојде!
Зима,зимата си ојде-пролет,пролетта ни дојде!


ЛАСТОВИЦА(песна)
Јас сум мала брза птица и се викам ластовичка.
Од југ идам в родно место
да создадам семејство.

Сламки-кал-сламки-кал
дом пријатен,убав,мал.
Сламки-кал-сламки-кал
дом пријатен,убав,мал.


КАКО ПЕЕ ПЧЕЛКАТА(песна)
Како пее пчелката кога е на цвет?
Како пее пчелката кога збира мед?

Јас сум пчела малечка,
збирам сладок мед.
Сакам пролет мирисна,сакам шарен цвет.

Зум,зум,зум..зум,зум,зум
збирам сладок мед.
Зум,зум,зум..зум,зум,зум
збирам сладок мед.



ПРОЛЕТ ВО ГРАДИНАТА
Во нашата градина пролет цветна влезе
па украси бели започна да везе.
Шаренеат ене триста бели ради.
Црешите се свечени ко невести млади.
Сонцето се протега низ лисја и цвеќе,
градината наша трепери од среќа


МИРА ПОЈДЕ В ГРАДИНА
Рана пролет пристигна
Мира појде в градина.
Да засади зелен лук 
и друг ран зеленчук.
Па ископа Мира леа и засади се во неа.
Кромид,морков и салата во градина богата.
Се измори Мира вредна
да одмори малку седна.
Многу сега труд ќе даде
ама слатко ке си јаде.



ЕДЕН ЦВЕТ
Утрово во пет
дојде на бел Свет,
еден убав цвет
со ливчиња пет.
Се расцвета цветот
поубав е светот.
Радосни сме сите
убави се дните.

ПЧЕЛКА И ДЕТЕ
дете-Еј пчеличке среброкрила,кажи вчера кај си била?
пчелката-На ливада збирав мед,прости сега брзам в лет.
детето-Еј пчеличке златокрила,кажи денес кај си била?
пчелката-Во градина збирав мед,прости сега брзам в лет.
детето-А пак утре какви дела те чекаат тебе мила?
пчелката-Утре со прв сончев зрак јас ке збирам медец благ.



ДЕТЕ И ЛАСТОВИЧКА
Ластовичке,ластовичке,каде беше цела зима?
Бевме таму детенце кај што топло сонце има.

Ластовичке,ластовичке зошто пак сте тука сега?
Зар во крајот кај што бевте почна студ и мраз да стега?

Тука ни е родна стреа,тука ни се драги гнезда.
и за помил крај во светот јас од овој дете не знам.



БУДЕЊЕ
Ајде стани мравичке зошто не се будиш?
Не, не можам рано е,сеуште ми студи.
Ајде стани пчеличке надвор има цвет.
Не, не можам рано е,рано е за мед.
Ајде стани штурченце и почни да свириш.
Не,не можам ладно е,нема цветен мирис.
Ајде стани пеперуткеонце плиска сјај.
Не,не можам рано е ќе го чекам мај.


ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА

Зеленеат тревките,бучат матни води,,
распеано,сончево,утрото се роди.
Си отиде зимата,се растопи снегот,
илјада кокичиња никнаа на брегот.
А топлото ветренце ни бушави коси,
птиците преселници од југот ги носи.
Пролетта ни дојде,шарена и цветна.
Првата ластовичка ене веке летна.


ГЛУВАРЧЕ
Нишка в поле тенка става
глуварче со бела глава.
Гледа таму преку река
кого бара,кого чека?
Цел ден така како може?
Стои се на едно ноже.

Дали негде покрај патче има сестра или братче?
Или само ете така да се нишка тоа сака.
И да игра и да чека,и да гледа преку река.

ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА
Јас сум нежно кокиче,прв пролетен знак,
пролетта ја носам со мил сончев зрак.
Ластовичка јас сум деца,ширам в радост крилја,
од југ топол дојдов во земјава мила.
Сончко јас сум златен,радост,срека,носам,
цвекиња и тревки со љубов ги росам.
Славејче сум чујте,ширам крилја лесни,
и во клунот носам најубави песни.
Штрака-штрак,штрака-штрак,шетам пак по бари.
Жабите се мои пријателки стари.
Скок,скок,скок,..мина лута зима,
моркови и зелки пак за мене има.
Цела зима спиев во најсладок сон,
ме разбуди деца пролетниот звон.
Синоличка јас сум,со листенца сини,
танцуваат на ветрот како балерини.
А пак јас сум нарцис,цветам в жолта боја,
како принц од бајки во полето стојам.
За мене сте чуле,од мама сум гален,
Зумбул јас сум дечиња,миризлив и шарен.
Лале јас сум мило,во шарени бои,
најубаво фустанче пролетта ми скрои.
Дојде пролет мила со утрини светли,
топол поздрав пракам на кокочки и петли(лиска)
Ауу,ауу,ауу!!пак сум силен млад,
цела зима постам ќе умрев од глад(волк)
Ме знаете дечиња триста боцки носам,
змиите ко локум ги лапам,ги косам.





NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2017