МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Воспитување низ игрa e...кога...играме мајки и татковци...или докторки...а наставничката ќе не учи да не се караме кој да биди доктор зошто ќе си чекаме ред за да биде другарски и кога ќе влезам кај докторката ќе кажам Добар ден и потоа ке велам Ве молам никако инекции....и благодарам....и догледање....и на другарка ми нема да и викам Ела Мори...и ако не носи јадење заедно ке ги изедиме моите смоки а со кечиската нема да фрламе кош од далеку во корпата за да не валкаме... и ако некој се прејади нема да му се смееме... и  учителката ќе кеже- Браво дечиња како мечиња...Еве учителката ќе ви каже поубаво како си се воспитуваме ние.
Ајде да воспитуваме:
Другарство и соработка,искреност и љубопитност,хуманост и чесност....упорност и истрајност...Да воспитуваме насмеанковци наместо намуртенковци,љубезни наместо дрски одговори...Да воспитуваме деца кои поставуваат милион прашања и бараат милион одговори на милион места...Наши соработници кои ке учат од нас додека ние учиме од нив.
Божем случајно и ненаметливо,секојдневно,низ игри.За време на часовите и одморите,планирано или спонтано но редовно штом за тоа ни се укаже можност и пат.Знаењето нека биде знаење и секое детенце нека учи со свое темпо но воспитувањето нека биде навика,итна потреба и основа за утре на која мора да се работи од денес.
Баш денес и баш сега ЗА УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО.
Да им кажеме на дечињата што не смее да се прави но и да им покажеме зошто.Да учиме низ обиди грешки за сами да ја најдеме вистината.Разговорот,раскажувањето и сеќавањето на наши примери,игрите на улоги,драмската техника -Жешка столица и овие стихови што следат -нека бидат нашиот пат до воспитување низ игра.
..............................................................................................................................................................
Ова е нашиот филм што го испративме на конкурсот на тема
-СИТЕ ЗАЕДНО ЗА УЧИЛИШТА БЕЗ НАСИЛСТВО-
 во организација на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Министерството за образование и
наука и Министерството за труд и социјална политика.http://www.beznasilstvo.mk/
 




Еве што ние со дечињата си се договоривме и си ветивме 
уште на самиот почеток но и редовно си се потсетуваме за да не заборавиме.
.............................................................................................................................................................
Како прво и прво
-Убави се само насмеаните луге !
Муртенковците и оние кои презборуваат се толку грди што ти доага да избегаш од нив.

А еве како го проверивме ова -Во нашата училница си имаме огледало па решивме да се обидеме секој да застане пред него и да биде за миг добар но и за миг лош и дрзок баш кон себе....И што се случи... 
Навистина не сме убави кога сме намуртени и кога кажуваме лоши зборови а колку сме само симпатични кога се смееме и зборуваме со трпение.

Потоа се сликавме-еднаш намуртени и по еднаш насмеани.Потоа ги гледавме фотографиите преку видео бимот и имаше што да си види секој од нас.Од денес навистина секој ке се запраша дали сака некој повторно да го види лут и намуртен.
Игравме и игра-НАСМЕЈ ГО МУРТЕНКО и сите во улога на смешко или муртенко навистина убаво се изнасмеавме.
 
...................................................................................................................................................
2
Зборот НЕ МОЖАМ  веднаш мора да го заборавиме 
и на негово место КЕ СЕ ОБИДАМ да ставиме.
Кога некој не знае немој да се смееш ти.
Биди другар вистински и застани-помогни.
Да помагам сакам и не ми е мака
така на другар се подава рака.
Штом нешто јас не знам и мене ми е тешко,
кој да ми помогне е тоа е лесно.
Го проверивме и ова.Размислив што не знам да нацртам и се сетив дека никогаш до сега не сум нацртала коза и им кажав на дечињата...Бидејки се договоривме да не се кажува-не знам-јас морав да се обидам да нацртам...и така си размислував гласно...што ли има една коза?Има глава...ете глава...има тело..... и беше навистина смешно што мојата коза и не беше баш некоја коза но се договоривме дека никој нема да се смее бидејки сум греота што толку се трудев а кој се труди заслужува само  браво безразлика колку успеал или не.Потоа сите цртавме мечка.На крајот имавме 7 мечки кои беа најубави мечки на целиот свет зошто сите ние со голем труд си ги нацртавме за да си ја украсиме нашата училница.Никој никому не се смееше зошто секоја мечка беше во нешто поубава од другите но и на секоја од нашите мечки некој нешто заборавил да нацрта.Јас заборавив едно уво на пример па така дечињата ми помогнаа и ми доцртаа за да биде и мојата мечка со две ушиња.
..................................................................................................................................................
3
Тоа ми се смееш мене зошто кивнав јас на час?
Или вчера кога паднав  ти се смееше на глас?
Сега немој да се чудиш зошто никој не те сака
-Секогаш на лошиот нешто со лошо му се враќа.
Си разговаравме и на оваа тема.Си раскаувавме примери кога нам нешто лошо ни се случили а некое од другарчињата се смеело на нашата незгода.Се потсетивме како се чувствувавме ние тогаш...дали истото може да се случи и на друг...што е другарски да се направи во моментот а што недругарски.
За подобро да се сетиме како ова изгледа изиграме неколку драмски активности со примери соодветни на темата.Децата беа ставени во улога на дете кое паднало и сега плаче со скинати паналони додека друарчето му се смее на глас и ги повикува другите да се смеат со него.Едно од децата беше ставено ву улога да го утеши другарчето а другото да биде подбуцнувач на подсмев.Потоа ја оценувавме ситуација-кому овде даваме црвен картон и му завртуваме грб а кому ракоплескаме за добриот однос.
 
Откако изигравме неколку вакви ситуации ја изведовме драмската техника-Жешка столица - децата кои беа ставени во лоша улога ги седнувавме на столче поставено на масичка и сите заедно ги каравме што не е добро а што требало да прават
...................................................................................................................................................
4
Зборот МОРИ многу боли
и мора да биде заборавен.
Ако не ме викнеш со моето име,
секако дека ке бидам многу навреден.
Зборот ТЕ МОЛАМ е волшебен цел
штом кажеш те молам- за тебе има дел.
Наместо да кажеш НА! кога нешто ке ми дадеш
речими ти ПОВЕЛИ и најдобар ќе бидеш.
За да го согледаме ова започнав да се обраќам кон децата со зборот -Мори- и да им давам различни задолженија(Оди мори донеси ми вода....ајде мори стани..ела мори помогни ми.....)
Потоа разговараме какви чувства буди мојот однос кон нив-Дали се располжени да ми помогнат или донесат вода или се навредени од мојот однос и мислат дека им наредувам па сакаат да ми кажат НЕ!Се согласивме дека зборот мори е лош збор и ги изигравме истите обраќања со ставање на имињата наместо зборот МОРИ.Сега сите сфативме колку може да смени само еден збор заменат со друг.Изигравме и ситуации при кои некој замолува и наредува па потоа со техниката Жешка столица ги поучувавме грешките и беше навистина забавно.
  

  Потоа си игравме-ДОБРИ-ЛОШИ ЗБОРОВИ.
Бидејки сме малечки за да читаме сами ,ние извлекувавме ливчиња а наставничката ни читаше што пишува па потоа го оценувавме напишаното како добро или лошо да биде кажано некому.Сега во нашата училница имаме еден специјален домакин а тоа е жапчето-Доброзборко.
.

Го накитивме со убави зборови за сите да се потсетуваме на нив.Но тука е и облачето Лошозборко.
Нему му ги дадовме на чување сите лоши зборови а тој убаво ги чува и никому не ги дава веќе.


Играта беше многу интересна па сите си бевме весели и насмеани
  
...................................................................................................................................................

5
Кога имам проблем-морам да разговарам  и да го решам.
Што не ми е јасно морам да си прашам.
Со плачење ништо нема да се реши
Кој не разговара- многу си греши.
...................................................................................................................................................
6
Штом некој е за кавга и сака да се кара
остави го друго друштво да си бара.
Во соработка со поголемите ученици од нашето училиште пред малите ученици беа изведувани драмски активности на тема-Како возвракам за да ја смирам кавгата-Потоа ние си изведувавме дијалози во кои беше представено напаѓачко однесување (кога некој е расположен за кавга и го предизвикува другиот)
 
Другиот требаше да ни покаже со кои зборови и со кој однос ќе може да ја избегне кавгата,да го замолчи кавгаџијата и да го стави во позиција да нема повеке пат да се караат по тоа прашање.За оваа цел беа поставувани примери со комшивки и комшии,продавачи и купувачи..а сета активност предизвика огромно позитивно расположение кај сите присутни баш поради поврзаноста на темата со примерите од секојдневието и возрасните.(Пр.Колку ти се бе доматите?30 денари?
Абе за овие смрдени домати јас кај давам 30 денари?.....)  
  
И навистина не се знаеше кој погласно се смее,дали наставничката или ние дечињата.
...................................................................................................................................................


7
Брканица играм во дворот на трева
па и не е важно дали правам врева.
Се договоривме дека не е убаво да се трчка низ ходниците на училиштето затоа што за време на часовите и сметаме на другите одделенија а за време на одморите трчањето е опасно бидејки кога сите и трчале би настанала голема мешаница во која лесно оѓеме да се повредиме.
Потоа тргнавме и ова да го провериме за да веруваме дека е така.Најпрвин се растрчавме за време на вториот час ,пред големиот одмор додека ги земавме кифлите.
 
На кавга се појавија неколку наставници на кои и сметавме за време на часот и не искараа дека ова нее место за трчање.Потоа не искара и нашата директорка бидејки во тој момент разговараше на телефон.
Потоа се обидовме и на одморот кога сите поминуваа низ ходниците и навистина забележавме колку е опасно да се трча во таа гужва.Се устрамивме и пред неколку родители  и така донесовме заклучок дека ако вака продолжиме највиновна ке биде наставничката која не ги научила децата каде е место за игра а дечињата не сакаат никој да кара нивната натавничка или да ја замени со друга.Сега знаеме како треба низ ходниците да се движиме а надвор?..е тоа е друга приказна бидејки таму на ширинка дозволено е и трчкање и викање и гласно смеење...но да се внимава да не се повредиме.
 
...................................................................................................................................................

8
Играчките ги делам со сите другарчиња
за убави игри треба многу дечиња.
На голем лист си испишавме идеи што би сакале да играме овој ден.Децата предлага многу игри и така започнавме со Криенка.Предложив играта да ја игра некој сам додека ние само го гледаме а ученикот кажа дека не е возможно оваа игра да се игра сам .Бидејки никој не нафати играта да ја игра сам погледнав во списокот со игри и ја предложив играта Царица но и таа игра реагираа децата не се игра сам со себе.Така по ред донесовме заклучок дека за игрите треба другарчиња а сам можеш само да играш со коцки.Ги поделив коцките на сите деца и започнавме..Секој градеше по нешто но потоа предлоив да се здружиме и да се обидеме да направиме нешто заедничко. .Така сите заедно изградивме волшебен дворец и се радувавме колку е убав.Сепак заедно е поубаво...

Уште веднаш започнавме да работиме во групи и парови за време на сите часови.Учениците се радуваат кога треба да направат нешто заедно со свое другарче и даваат се од себе да се покажат како добар соработник кој знае,умее и се труди.
      

...................................................................................................................................................
9
Но колку и да играме се треба да си чуваме.
По секоја игра на место да враќаме.
Уште на самиот почеток се договоривме ова да биде најубавата училница на светот.А како ќе биде најубава ако биде се расфрлано насекаде...Неколку дена по почетокот на учебната година ги измешав предметите од катчињата и масичките ги ставив во еден агол на собата додека на подот стоеја расфрлани коцки.Децата се изненадија што е се вака рафрлано но веднаш си пронјадоја по една интересна играчка и веке нередот не го приметуваа.Уште кога кажав дека ке им читам приказна веднаш ги оставија и тие играчки кој каде стигнал и побрзаа до мене а јас започнав да читам.По малку време на вратата се појавија две дечиња од попладневната смена со кои се имав претходно договорено што и како да направиме за да ги научиме малите првачиња сами да се грижат за просторијата без да треба некој да ги кара постојано.Децата не поздравија и застанаа тажни и разочарани додека јас ги претставував.-Ова ли е нашата училница во кој учевме ние?Наставничке ова повеке не е најубават училница на светот. ....И започнаа да им раскауват на дечињата како ти секогаш се грижеле се да биде на свое место и колку се сега разочарани.Новите првачиња молчеа...Ги испративме гостите и се договоривме од денес ова да биде уште поубава училница од секогаш.Се договоривме сите да бидеме секогаш дежурни ученици и да се грииме за се околу нас во секој момент.
Децата сепак најдобро учат од децата.
    
...................................................................................................................................................
10
Ѓубрето се фрла во корпата право.
Кој работи вредно ќе му кажат БРАВО

...................................................................................................................................................
11
И женски и машки помагаме да биде чисто
и вчера и утре а и денес исто.
  
...................................................................................................................................................

12
Женско или машко другарче е мое драго.
Заедно ке играме,заедно ќе учиме.
Кога има проблеми, двата ќе ги решиме.
    

...................................................................................................................................................

13
Ако некој  храна заборавил да земе,
тоа не е проблем штом ме има мене.
Малку да му дадам другарски е нели?
Убаво е кога пријателски се дели.

 



...................................................................................................................................................

14
Со сила и викање кој нешто ќе ти даде?
Со итрина и добрина  ќе те сакаат секаде.
Пример час со поука-
 Со сила ништо не се добива- со мудрост и убав збор светот ќе е твој
Ветерот и Сонцето



...................................................................................................................................................

15
Наставникот е другар наш и на одмор и на час.
Со пријателски глас,внимателен кон нас.
И ние внимтелно кон него си се однесуваме,
секогаш го слушаме и го почитуваме.

 


.......................................................................................................................................
15
Заедно под печурка-заедно под чадорче.
Место за ова но и за она таму другарче.
Другарски е така-секој ке те сака
На ПЕЧУРКАТА НА ДРУГАРСТВОТО
што е другарски си напишавме ние,
за да прочитате и да научите и вие.
Погледнете го видео записот од интеграцијата на часови во дневна тема-Заедно под печурка заедно под чадорче.Покрај останатите цели по опфатените наставни предмети во оваа интеграција,главната носечка цел е воспитувањето другарство.
...................................................................................................................................................



Наставник Весела Богдановиќ






NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024