Весела математика
............................................................
Песна на геометриските слики
Јас сум КВАДРАТ луге бистри
сите страни ми се исти.
Со две страни како пат
ПРАВОАГОЛНИК сум јас.
Како обрач имам глава
тркалезна,тенка, лесна.
КРУГ се викам а не топка,
ако грешиш ке те плеснам!
ТРИАГОЛНИК јас сум црвен
Можам да сум книжен,дрвен.
Најважен од сите вас,
на секоја свадба-сват.
..........................................................
Песна за зборовите
ГОРЕ на таванот се нешто има
баба круши,ореви
ни чува за во зима.
ДОЛУ во визбата што ли се крие?
Слатко и зимница ке јадеме ние.
НАПРЕД на масата
приборот ми стои,
тука ги цртам
цртежите свои.
НАЗАД на зидот
часовникот стои.
Минути и секунди
неуморно брои.
Тука над креветот
слика е ставена.
Таму под столчето
топка истркалана.
ВНАТРЕ сме сите ко птици збрани,
со топла љубов мама не храни.
НАДВОР е ладно и многу студи.
Фучат и вијат ветришта луди.
..........................................
Лево-десно
Лева страна
лева рака
срце чука
тика така.
Десна страна
десна рака,
црта,пише
кога сака.
Оче лево
оче десно,
кај да зиркаш
се е лесно.
Шут со лева
шут со десна.
Играва е интересна.
..........................................
Од 1 до 10
Едно,едно,едно
јас сум дете вредно.
В училиште итам
да читам и пишам
Две,две,две,
чевличиња имам,
и чизмички две
за в снег,за во зима.
Три,три,три,
сонцето се скри.
Каде појде сонцето
кажи дете ти!
Четири еј четири
дечиња во двор,
запеале песничка,
направиле хор.
Пет,пет,пет,
лажички со мед.
Кој наутро касне
поголем ке расте.
6,6,6,
чујте една вест.
Во пензија пошол
еден добар пес.
7,7,7,
сегде одам редум.
Кој е чесен така,
секој ке го сака.
8,8,8,
погодете кој сум.
Имам боцки рој,
не им знам ни број.
9,9,9,
време е за в кревет.
Надвор цари мрак,
сончко сокрил зрак.
10,10,10,
пеам на цел глас.
До 10 да бројам
научив и јас.