ОУ Кочо Рацин с.Ивањевци
Училиштето постои над 60 години. Тоа во моментов е домаќин на повеќе од 200 ученици од 6 до 14 години. Нашето училиште има подрачни училишта во околните села: Долно Српци, Беранци, Вашареица,Лознани, Св.Тодори и Трновци.
Гордо го носи името на македонскиот поет кој е познат по својата револуционерна поезија,
Кочо Рацин.
Учениците во нашето училиште пристигнуваат пешки или со автобус.Наставниците патуваат секојдневно од Битола до своето работно место. Часовите се реализираат во две смени со почеток во 08:00 до 17:30.
Еве што вели нашата директорка:
,, Јас имам чест да бидам директор на ова училиште.Точно е дека тоа е мало училиште и мал тим на наставниците, но ние се чувствуваме удобно заедно, напорно работиме поединечно или во групи. Наставниците во нашето училиште го следат многу обуки и семинари . Имаме одлична соработка со родителите на учениците и градоначалникот Славко Велески кој е на располагање за да ни помогне. Како секое училиште, ние исто така имаме проблеми (превоз на нашите ученици ,превозот на вработените...), но генерално се обидуваме се да се реши поволно."
Директор
Слободанка Тасевска
Еве каде поточно се наоѓаме
Имаме и наша кратка интересна приказна за животот во нашето село.
Ја подготвивме за учество на конкурсот "Македонија земја од соништата"
Mалите и големите ученици со здружени сили и го освоивме првото место. Сега нашата приказна патува за Прага на светскиот форум на наставници по француски јазик каде ќе ја претставува нашата земја..Иако е на француски веруваме дека нема да биде тешко да се разбере и почувствува животот во нашето село.
Повеке за ова на следниот линк