.................................
Сто полжави
Сто полжави цела чета
низ шумата смело шета.
Командант е дебелиот
најстариот,најсмелиот.
Сите одат храбро в слога,
секој носи по два рога.
Па мецана нека пази
чија трева другпат гази.
.................................


Џив, џив, џив ,
радувајте се дека сум жив.
Ако нема врапчиња
ке јадете јаболчиња со црвчиња.
Џив џив џив
помогнете ми да останам жив.
Наутро трошки појадувам
а сакам и да си ручкам
и да си вечерам.
.................................
Рибарче
Едно рипче мало
во калта се скри,
ајде,ајде Пеце
да го фатиш ти!

Јас сум рибар силен-
рече Пеце мал,
и раката веднаш
ја пикна во кал.
Но нешто го штипна
за малиот прст,
и рибарот летна
да избега прв.
.................................
Мачор рибар

В кајче старо
еден мачор
низ реката плови.
И со мрежа
цело утро
златни риби лови.
И весело тој се смешка
-Ама ке се гостам,
не е шега,еве веке
три недели постам.
Но кајчето му се дупна,
плива мачор,плива.
-Какви риби,зошто ми се,
спасвам глава жива.
Страчка каша варела
Страчка каша варела
од јачмен и просо,
а косот крај огнот
си го чепкал носот.
Како што ми изгледа
овој глупав кос,
во животот не видел
шамивче за нос!
.................................
Штурецот и мравките

Стегна лута зима,
ветрот фучи,коси,
дрвјата ги корне
и студ голем носи.
А штурчо е гладен,
глад го мачи пуста,
три недели ништо
тој не ставил во уста.

Кај мрвката појде
-Ке те молам прости,
гладен сум и смрзнат,
ти дојдов на гости.
Дај ми житно зрно
малку да се згреам,
а штом дојде лето
песни ке ти пеам.

Јас мрзливи гости
не сакам да примам,
зошто храна дома
и јас малку имам.
Кој како си сее,
тоа ке си жнее,
а ако беше вреден,
нема да си беден.
Мрзливиот штурчо
патот си го фати
и гладен,
и тажен
дома си се врати.
.................................
Медо и пчелите

Дедо медо,
дедо медо,
што си толку кисел?
ЗА сто грама сладок мед
во гора сум висел.
Ме подбраа пчелите
од лево и десно,
пуздер ме направија
да ви кажам чесно.

А зошто пак дедо медо
мед од пчели крадеш?
ЗАр не можеш
друго нешто
храна да си најдеш?
Јадам круши-оскоруши
како што е ред,
но за мене неманишто
послатко од мед!
.................................
Модерната меца

Зошто дошла мецана
денеска во градот,
ја виделе лугето
долу, на плоштадот.
Дотрчале дечиња,
таа мирно седи,
па ги праша
-Кај можам да подигнам кредит?
-Сакам да сум модерна,
радио да земам
а и телевизор во гората немам!
И на крајот нагласи
модерната мечка,
за в зима си сакала
електрична печка.
.................................
Сите деца мили
Mама има детенце,
гулабица-гулапче,
крава има теленце,
а кобила-ждребенце.
Кучка има кученце
а пак овца-јагненце.
Кокошката коко-дак
има мало пиленце.
Мачка има маче
а врабица-врапче.
Пајка има пајче,
гуска има гусче.
Глувчицата има
мало,сиво глувче.
Мачка има маче,
зајачица-зајаче,
Срна има еленче,
волчицата-волче.
Гугутката -гугутче си има
и таа мајчичка е мила.
Да ни дојдат тука, сите деца мили,не е важно чии.
Да јадат и пијат,спокојни да спијат.
.................................