МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

"Веле Штрумф во шумата со скриеното богатство"

 БРОЕЊЕ ДО 100 ПРЕМЕТИ (Второ одделение)

 

Цели и очекувани резултати- Може да изброи до 100 предмети. Брои од 100 кон 1.  Самостојно избира стратегија за броење -Објаснува како броел, еден по еден или со групирање на предметите по 2, 5  или 10. Се обидува да го запишува она што го брои.

Средства за работа- Работни листови со празна и полна тебла 100, по 120 (понудени се најдолу на страницава) црни, бели и црвени камчиња,пластични дијаманти, школки, ситна песок, полжави, куќичките од камен, печурка од стиропор а на неа напишани по неколку броеви од десетките до броевите до 50, писменца со задачи наведени подолу.

  

 

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ

ПОВТОРУВАЊЕ НА НИЗАТА НА БРОЕВИ ДО 50

"Веле Штрумф во шумата со скриеното богатство"

Оваа ноќ Веле Штрумф сонуваше многу чуден сон. Сон за некој чудна шума, бели, црвени и  црни магични камчиња, зелени и жолти дијаманти, дружина полжави, бел и син магичен грав...Сонуваше дури и плажа со ситни и крупни школки а најчудно од се било што насекаде имало таблички на кои пишувало дека сево ова е богатсво кое носи здравје и среќа , другарство и слога. Се разбуди Веле Штрумф  целиот збунет - Можеби овој сон нешто сака да ми каже? Можеби таа ливада е тука некаде а јас само треба да ја најдам и така моите Штрумфови секогаш ќе бидат среќни и здрави, уште подобро  ќе другаруваат и никогаш нема да се караат. Почека малку да се раздени а потоа без никој да го види замина кон блиската шума. Не пооде многу време кога еве, стигна до една чудна голема печурка со измешани броеви. Толку голема што нити може да ја прескокне , ниту може да ја заобиколи. - Што е сега ова чудо? Што да правам сега? 

 

Јас мислам да видам убаво кои броеви недостигаат тука, можеби печуркава ги изгубила и сега затоа е незадоволна и вака стои на патот со надеж дека јас ќе и помогнам- си рече Веле Штрумф. малку е чудно ова со печурава со броеви но барем да се обидам- си рече Веле Штрумф и почна внимателно најпрвин да го бара најмалиот број. ( И ние ќе му помогнеме. Најпрвин ќе забележиме кој е тука најмалиот број а кој е следен по него. Така по ред ќе откриваме кои броеви од која десетка недостигаат по ред и ќе ги запишуваме додека не ја завршиме низата на броеви до 50 )

  

ГЛАВЕН ТЕК НА АКТИВНОСТА-ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПРИКАЗНАТА

Откако ги најде сите изгубени броеви, печурката стана толку малечка што Веле Штрумф среќен и задоволен си го продолжи патот. Одеше така неколку часа и само што изгуби надеж пред него, во близина на поточето, таму веднаш после дрвениот мост здогледа  кошничка со писма и едно големо писмо, најголемо од сите, адресирано токму до него. Го отвори најпрвин неговото писмо и во истиот миг, само што трепна еднаш со очите за да прочита поубаво, пред него се створи голема,убава шума полна со разни чуда а на крајот на шумата се гледа мало планинско езерце. Веле Штрумф многу се изненади но посебно се израдува кога прочита дека смее  да собере 100 жолти ливчиња за среќа, за 100 денови по едно за среќа на целото село и уште веднаш почна со собирање. Но, јас мислам да провериме ние што пишува во другите писма, можеби и ние смееме да собереме некои други магични нешта па потоа ќе му ги подариме на Беле Штрумф  за слога и здравје на сите Штруфови за секогаш. Нели во писмото се спонуваа некакви камчиња и дијаманти? Но, ќе ми помогнете ли да ја донесеме таа шума тука во нашата училница? ( Децата учествуваат во подготовка на просторот за работа водени според мои инструкции.)

  

ИЗВЛЕКУВААТ ПО ЕДНО ПИСМО- Ова е всушност поделба за следната активност-Броење до 100.

  

 Секое дете има задача да пронаоѓа предмети според упатството и да запишува во табелата со заокружување или со пишување на броевите во празна табела( На секое дете му се понудени два типови табела, полна и празна , децата одлучуваат како би можеле да работаат)

Кога ќе завршат со собирање треба да повикаат гостин , другарче со кое заедно ќе проверат а потоа и ќе бројат од 100 кон 1)  

Наставникот за цело време следи и насочува . Забележува- на кој начин секој одбрал да работи, кој ја одбрал табелата со броеви а кој празната, некој најпрвин собира по извесен број па запишува и потоа пак продолжува , некој брои и запишува еден по еден, некој прво ги групира по неколку а потоа запишува, некој брои но тешко му е да запишува додека брои па го избегнува запишувањето)

 

КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ:

(Пристапот одговара за работа со 10-15 ученика. За поголем број ученици активноста треба да се прилагоди во работа за парови или групи) 

1- Откри и собери  100 жолти, волшебни дијаманти  за здравје. Сам избери начин како ќе успееше да изброиш толку дијаманти( со броење 1 по 1, по 2, 5, или по 10...) а потоа откри ја тајната пред сите нас и провери уште еднаш со броење од 100 кон 1

2- Најди и собери  100 зелени волшебни дијаманти за исполнување желби...............

3- Собирај  100 црни камчиња за љубов и ставај ги во сад со вода за да видиш дали можеби нешто ќе се промени кај нив( интензитетот на бојата се засилува, можеби тоа ќе го забележат и сами) Покажи ни на кој начин броеше толку многу камчиња

4-Одбери  100 бели камчиња  за среќа и стави ги во вода за да видиме дали нешто ќе се промени кај нив-интензитет на боја (Помешани со црвени )

ЕЗЕРО

5- Одбери  100 мали школки, сам избери како ќе броиш а потоа кажи ни како е полесно. Штом си готов врати ги во езерцето со броење од 100 кон 1 и повикај другарче да провери

7- Одбери 100 големи школки и врати ги во езерцето.....

8- Одебри 100 полжави и подреди ги на ливадата по ред............

  

Децата спонтано си ги менуваат местата, ја проверуваат работата на другарчињата со броење кон 100 но најпрвин ги охрабрувам да се обидат со броење од 100 кон 1..

  

ВАЖНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА АКТИВНОСТИТЕ:

-Индивидуална работа со можност за соработка на учениците 

-СЛОБОДНА РОТАЦИЈА низ катчињата со манипулативен материјал

-Самооценување и проверка од страна на партнер

КРАЈ НА АКТИВНОСТА

-Расчистување на просторот за работа. Уредува на математичкото катче.

-Слободно водам раговор за да ми кажат што им било лесно а што им претставувало потешкотија. Што мислат дека треба повеќе да се вежба. Запишувам искази во табела за следење за секој ученик посебно, заедно со забелешки од текот на активноста.

ЗАБЕЛЕШКА

Бидејки активноста бара добра организација на средствата и просторот за работа а воедно и буди голем интерес и радост кај учениците, ја испланирав и изведов поврзана со часот за Дополнитена настава, со иста цел.

ДОМАШНА РАБОТА

Наполни една длабока чинија со гравчиња  и еден мал филџан со ориз. Погледни и процени, што мислиш, колку зрна грав има во чинијата? Запиш што мислиш.

А дали во малиот филџан би можело да има 100 зрна ориз?

КОлку зрна грав може да собере во малиот филџан?

Сега привери го сево ова со броење. Потоа провери уште еднаш со броење од 100 кон 1. Стави ги во посебни најлончиња и донеси ги следниот ден да ја збогатиме нашата математичка збирка.

ПРИЛОЗИ ЗА РАБОТА

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024