Креирање текстуални задачи за парови броеви до 10 и до 20
Техника-Дел+дел = Цело, во форма на наши забавни организатори со шуми, улици и замоци.
Цели и очекувани резултати- Креира едноставни задачи. Проверува хипотези. Открива на колку различни начини може да ги распоредува играчките за да добие потребен збир. Го користи знаењето за креирање едноставни текстуални задачи. Усно го образложува начинот на решавање и размислувањето и ги претставува со помош на дидактички материјал.
Можност за изведување на активности за 2 нивоа на постигања-
1. Самостојно поставува, запишува комплетна хипотеза-задача и ја решава а потоа ги користи играчките (на располагање повеќе од 20 играчки) и табелата Дел+дел=Цело, за докажување, проверка и раскажување на замислената и запишана математичка приказна(текстуална задача)
2. Директно одлучува да пристапи кон користење на помош за крирање парови на броеви до 10 или 20- Најпрвин си избира соодветен број играчки( 10 или 20 во зависност за која десетка ќе прави парови) и со помош на табелата Дел дел=Цело формира парови (до 10 или до 20) со добројување или нивно распоредување на две места- Открива на колку различни начини може да се распореди претходно ограничен, избројан број играчки( 10 или 20) и ги запишува комбинациите со броен израз а потоа се обидува да раскаже приказна за таа ситуација.
РАБОТА ВО ТРИ МАНИПУЛАТИВНИ ЦЕНТРИ ( ТЕХНИКА: Работи самостојно-сподели во пар)
Претходни активности- Заљубените броеви-Направи збир 10. Направи збир 20. ЗАЉУБЕНИ ПРСТИЊА- Дидактичка игра во парови
На децата им беа понудени три центри за работа. Секој ученик имаше свој лист за запишување на задачи за парови на броеви, но иако секој работеше индивидуално мораше својата задача да ја претстави, докаже пред партнер со помош на табелата ДЕЛ ДЕЛ= ЦЕЛО и играчките и при тоа да раскаже приказна за она што го покажува (да креира едноствни текстуални задача) Интересно беше тоа што по извесно време дел од учениците самите го сменаа текот на работа бидејќи се почувствуваа сигурни и почнаа да си поставуваат задачи едни на други- Едниот ја смислува задачата а другиот ја решава и докажува со дидактичкиот материјал и табелата.
ПРВ МАНИПУЛАТИВЕН ЦЕНТАР
ТЕМА:"Измешани приказни"
Учениците креираа кратки математички приказни во кои неколку ликови остануваа да го чуваат замокот а неколку заминуваа на прошетка во шумата. Пред нив имаа на располагање околу 25 ликови од различни приказни а самите избираа колкав збир ќе прават. Дали ќе ни претстават парови кои прават збир 10 или 20. Така и ја бираа појдовната бројка на ликови кои ќе ги постават а потоа препоставуваа колку ќе треба да додадат на другото место(шумата или замокот) за да излезе предвидениот збир и проверуваа со цел да запишат и претстават што повеќе различни збирови на својот лист.
ВТОР МАНИПУЛАТИВЕН ЦЕНТАР-
Тема- "Кога секој некаде брза"
И тука се работеше по исти правила. Забележав дека учениците кои имаат задоволително знаење најпрвин, веднаш запишуваа претпоставка, задача, а табелата и манипулативниот материјал го користеа за докажување и раскажување на замислената задача, додека пак учениците кои ќе почувствуваа потешкотија, табелата и играчките ги користеа за најпрвин самите тие да пресметаат со нивна помош за да стигнат до резултат со броење и добројување. Пример- Ако одлучеа да прават збир 10 , прво одделуваа 10 играчки а потоа со примена на табелата(улицата) откриваа на колку различни начини можат да ги распоредат играчките и така запишуваа збирови без запишување на претходна хипотеза која би ја проверувале..
ТРЕТ МАНИПУЛАТИВЕН ЦЕНТАР-
Тема- "КОГА ДОМАШНИТЕ И ДИВИТЕ ЖИВОТНИ БИ БИЛЕ ДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ"
Тука слушнавме многу смешни и забавни приказни во кои домашните и дивите живитни оделе заедно во град на пазар или заедно чекале Нова Година. На располагање има повеќе од 20 животни. Бидејќи сами бираа начин на работа и за која цел ќе го користат материјалот, имав прилика да следам кој колку се чувствува сигурен и да ги охрабрувам и на нови обиди од повисоко ниво без да се почувствува мојата намера.
Позитивени исходи од ваквиот слободен начин на учење низ игра- Учениците имаа прилика сами да си одберат темпо и начин на работа, да се чувствуваат слободни, никој да не почувствува дека нешто не знае или дека нешто е тешко или недостижно, полека да се поттикнат на превземање активности од повисокото ниво (да се обидат да ја имитираат играта на другарчето кое имаат прилика да ја следат додека им се презентира и да се охрабрат да творат и задачи со поставување на хипотеза а користење на материјалите за докажување и проверка, наместо само со директно користење на избројан број играчки ( 10 или 20) за формирање парови ( до 10 или 20) со добројување и распоредување на две места)
Забелешка- Активноста беше изведена во период на описменување. Доколку се реализира и подоцна, на крајот на активноста можеме да имаме пишувана збирка со текстуални задачи како производ.
|