ПРИМЕНА НА ПЕНА ЗА БРИЧЕЊЕ КАКО НАСТАВНО СРЕДСТВО
-Скриени броеви и букви-
Интеграција на часови по Македонски јазик и Математика
Активности во корелација со ФЗО- Вежби за развој на ситна моторика
(Работа во ЈАЗИЧНА И МАТЕМАТИЧКА ГРУПА)
КОМПЛЕТЕН ВИДЕО ЗАПИС
Што е посебно важно да се забележи додека се следи овој видео запис?
Тоа е СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, нивното взаемно помагање, трпеливоста која ја покажуваат еден кон друг додека си објаснуваат како нештото треба да се направи;
ефектот кој се постигнува со максималното искористување на утринската средба за запознавање и игра со материјалот кој подоцна ќе биде применуван во текот на активностите ; заинтересираноста, максималната активност и задоволството на дечињата токму поради примената на пената како наставно средство.
Цел важна за наставникот
Откривање на предзнаења на децата со цел понатамошно планирање на активностите во текот на второто полугодие кога е во план воведување на учениците во препознавање и именување на броевите во обем на 10 и нивата бројна вредност и препознавање и именување на големите печатни букви од нашата азбука.
Средства потребни за работа: Пена за бричење(доволно е една), букви испишани на пластика(ако ги немате готови предходно можете да ги напишете со ацетонски фломастер на парчиња исечени од пластични чаши од јогурт, пластични броеви, часовник, букварка, крпи за бришење, садови со чиста вода...
КАКО НА КРАЈОТ НА АКТИВНОСТИТЕ ДА ЈА ИЗБРИШЕТЕ ПЕНАТА ОД МАСИЧКИТЕ?
Тоа најлесно ќе го направите со две или три суви крпи. Водените крпи не помагаат во овој случај туку само би ни направиле уште поголем неред.