МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Попис-Математика низ игра

 

ПРЕПОРАКА ЗА СОБИРАЊЕ БЕСПЛАТЕН ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ СО ПОВЕЌЕ НАМЕНИ-

Организирајте акција за собирање искористени пластични затварачи за шишиња во различни бои. Вклучете ги поголемките ученици и родителите. Одредете временски период од две недели или еден месец и договорете се со децата на кое место ќе ги собирате во текот на тој период. Не препорачувам да им дадете задача да ги донесат сите комплет по истекувањето на времето затоа што така темата ќе изгуби од актуелност, повеќето од децата ќе заборават по неколку дена на договорот а вие нема да имате увид како тече акцијата. Соберете 100, 200 дури и повеќе. Затварачите можат да бидат многу забавно дидактичко средство по Математика и можете да ги користите цела учебна година за класифицирање, собирање, одземање, редни броеви, споредување...Направи свое НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕПРИМЕР АКТИВНОСТ по Ликовно образование-http://sitezazemjata.ucoz.com/index/istrazhuvame_i_opishuvame_groz_ence_slatko_ubavko/0-102 .За време на часовите по Македонски јазик со нив можете да ги изучувате буквите доколку ги испишете во внатрешноста-ПРИМЕР АКТИВНОСТ-Нашиот весел АЗБУЧЕН ТОБОГАН

ГОЛЕМИ ШИШИЊА ОД ВОДА

Направете ги да бидат интересни, со ликови или да личат на куќички. Напавате отвори во кои може да собере детска рака. Можете да ги користите и за време на часовите по Математика, Македонски јазки при изучување на букви или составување реченици според извлечени сликички....

ПОПИС-Математика низ игра

Оваа активност е реализирана пред да започнеме со изучување на броевите и нивните вредности со цел наставникот да ја утврди својата претстава за предзнаењата на учениците, за броење, броевите и бројните вредности на броевите до 10. Истата може да биде прилагодувана за различни цели во прво и второ одделение.

 

Воведна активност-Класифицирање по боја - Собирање податоци 

Најпрвин го разгледавме собраниот материјал и предвидувавме по слободна проценка -ШТО МИСЛИТЕ КОЛКУ ЗАТВАРАЧИ БИ МОЖЕЛО ДА ИМАМЕ ТУКА? Дечињата погодуваа а најчесто употребени изрази беа-100 тапи..Милион тапи..Се согласивме дека имаме МНОГУ затварачи.

Воочивме со кои бои на затварачи располагаме и се обидовме да претпоставиме ПО КОЛКУ  имаме ОД СЕКОЈА БОЈА. И тука се согласивме дека имаме НАЈМНОГУ црвени, многу зелени, сини, бели, жолти, НАЈМАЛКУ златни и портокалови. Дури и се обидовме да броиме во парови- ЗА СЕКОЈА БОЈА броеше ЕДЕН ПАР ученици. Така имав прилика да забележам кој до колку умее да брои правилно.  

Потоа се договориме дека ќе си играме ПОПИС. ЌЕ БРОИМЕ СО ЗАПИШУВАЊЕ за да не заборавиме и убаво да провериме. Најпрвин разговараме за поимот ПОПИС: Што е тоа? Каде го слушнале тој збор и што значи. Така учениците самите донесоа заклучок "Значи ние ќе бидеме како продавачи или инспекција.." По слободна проценка ги поделив затварачите на три дела а учениците во грпи по тројца.

Зедно со дечињата подготвивме табели кои ги содржеа сите бои на затварачи со кои располагавме. Се договоривме дека ќе треба да забележуваме со цртички, кругчиња или нешто слично. Оваа активност траеше се додека сите групи не ја завршија активноста. Важно беше да соработуваат, да си помагаат и да си ги делат обврските. Потоа сите заедно ги разгледувавме табелите и броевме заедно.

  

Со споредување на теблите од око забележавме дека сепак најмногу има зелени,

црвени и жолти затварачи а најмалку портокалеви и златни.

ПОТОА ИГРАВМЕ НОВА ИГРА-поголем предизвик

За оваа игра ни беше потребно- По едно празно шише со отвор за секоја боја затварачи. Листови со напишани броеви ставени пред секое шише. Учениците имаа индивидуална задача со препорака за соработка и взаемно помагање.

ПОСТАПКА ЗА ИГРА- Одбери си боја на куќа и прочитај по колку затварачи смееш да ставиш во таа куќичка според бројот напишан на листот пред неа. Одбери толку исто толкав број на затварачи од кошницата и стави ги во куќата. Потоа повторно одбери нова боја и врати се по нови затварачи но внимавај по колку смееш да ставаш од таа боја..( Пред секоја куќичка стои број - Тоа е најголемиот број затварачи што смееше да го ставиш во неа при една акција ) 

  

ЗА цело време ја следев активноста и забележував кои дечиња веќе имаат солидни предзнаења за броевите и нивните вредности па постојано пружаат помош на другите. И јас им помагав на дечињата кои не умееја да ги читаат броевите зато што -Од една страна сеуште не сме ги учеле а од друга страна не сакав да се чувстуват дека нешто со броевите може да е тешко. Сепак целта на оваа активност беше дијагностицирање за да го утврдам пристапот при планирање на понатамошните активности а дечињата да ја прифатат математиката како нешто забавно и интересно.

  

НА КРАЈОТ СИ РАЗГОВАРАВМЕ ЗА АКТИВНОСТИТЕ

Што им беше најлесно а што најтешко да направат. Сите дечиња ме замолија оваа активност да ја повториме и некој друг ден затоа што многу им се допаднала, посебно последниот дел кој им бил најтежок но им бил најинтересен и би сакале да го прават подолго време. 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024