БРОИ ПО 5 до 100
Користи групирање по 5 за да изброи поголем број предмети. Ги открива и учи броевите што се добиваат со броење по 5. Се воведува во основите на множењето и делењето.
ДИДАКТИЧКА ПРЕПОРАКА- Активноста прикажана долу како неизменета може да се реализира со група до 15 ученика. Доколку работите со поголем број на ученици направете избор на активности кои ви се допаѓаат и прилагодете ги според своите можности.
-Започнуваме со игра со дланките сите во круг на поголем простор. Мојата Леванка ја повикува до неа левата рака на Стефан а потоа броиме по пет прсти- една дланка = 10 прсти. Потоа во друштво ја повикуваме Деснанка на Ева....Повторно броиме по пет...= 15 прсти. Повукуваме уште едно дете да ни го придружи левото раче и сега имаме 20 прсти....
РАБОТА ВО ДВЕ ГРУПИ
ПРВА ГРУПА-Во 20 капачиња од тегли распоредуваме по 5 зрна гравчиња и под секое наполнето капаче ставаме картичка со број- Така ја воочуваме низата на броеви што се добиваат со броење по пет. ВТОРА ГРУПА- На децата им се понудени 100 жетони од хартија- ''Топчиња сладолед', корнети од хартија и картички со броеви- Имаат задача да ги распоредат топките сладолед по пет во секој корнет и правилно да ги подредат картиките како низа на броеви што се добива со групирање по 5.
По завршување на активноста групите си ги менуваат местата и си проверуваат едни со други
Сите заедно броиме по 5 со помош на табела 100
ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА
ПРВ тит -СЛАДОЛЕД
Секое дете пред себе има ПРИЛОГ 1. Детето треба да нацрта по 5 топки сладолед во секој корнет и долу да запишува броеви за да ја добие низата броеви со броење по пет. По завршување на активноста сето тоа го запишува како 5+ 5+5......= 100 и брои по пет до 100 пред свое другарче. ПРИЛОГ 1 http://1drv.ms/XTrXwu
ВТОР тип-ОРИЗ ЗА РУЧЕК
Слично како во претходната група но тука децата во нацртаните чинии треба да распоредат вистински зрна ориз . ПРИЛОГ 2
ИЗБОР НА ПРЕДЛОЖЕНИ АКТИВНОСТИ
ПОСТАВЕНИ во ТРИ ЦЕНТРИ -за работа во ПАРОВИ со ротации низ центрите
АКТИВНОСТ-Фудбал
Средства-Игралиште од хартија, 2 комплети мали картички на кои се напишани броевите што се добиваат со броење по 5 до 100
ТЕК-Со правилно редење на картичките, два играчи се натпреваруваат кој побрзо но и точно ќе ги подреди картичките од најмалиот до најголемиот број за да стигне до противничкиот гол.
АКТИВНОСТ- НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ во парови
Средства- По 1 лист во боја за секој играч, претходно исечени 20 кругови од една боја и 20 кругови од друга боја. ИГРА-Секој за себе, треба прво да ги напише броевите кои се добиваат со броење по 5 до 100 во секој круг од својот комплет а потоа тие кругови да ги распореди по правилен редослед на листот во боја- во вид на Не лути се човече за да стигне да се спои со патеката на партнерот на другиот лист и да се направи едно големо Не лути се човече.
ЦВЕТОВИ-Највисоко ниво
Средства- Кругови во кои се запишани броевите што се добиаат со броење по 5. Ситни картички и на сите напишан бројот 5.
ТЕК- Детето извлекува круг со број и треба да направи цвет со додавање на онолку 5ки колку што содржи тој број.
ЗАБЕЛЕШКА- Завршната активност е слеана заедно со претходниот тек бидејки децата имаат право да ротираат низ активностите и да се обидуваат низ сите предизвици а наставникот следи, насочува и води евиденција за постигањата на учениците за време на сите активности. Овој час се изведе во итеграција со часот за дополнителна настава со иста цел.
|