Литар, децилитар -Проценува, предвидува, мери- Математика. Второ одделение
Истражувачки активности и игри на улоги- "Подеднакво сок за сите гости"
Децата сакаат да истражуваат а посебно им е интересно кога пред нив е ставена некоја проблемска ситуација од секојдневниот живот а тие добиле прилика и предизвик да ја решат. "Подеднакво сок за сите гости"- Тоа е името на нашиот денешен математички час. Име на нашата проблемска ситуација која сите со огромна радост ја решававме низ претпоставки и обиди на многу различни начини и така- откривме дека 1 литар = 10 децилитри но и многу други практични нешта со собирање, одземање, множење и делење низ игра. Иако сок нема да забележите на масичките, со помош на нашата имагинација водата успешно го заменуваше сокот и сите наши "гости" беа задоволни :-)
Поими кои ги усвоиме, утврдивме и користевме- Литар, децилитри, рамнотежа, вага, полно, празно, половина полно, сад, мерка, споредува, погодува, проценува, доволно, недоволно, премногу, премалку...мери
Потребни средства- Пластични и стаклени чаши од 1 и 2 ДЛ, бокали, пластични садови, шишиња од литар, литар и половина и 2 литри, мерици, вода.
Воведна замислена игра- Најпрвин си игравме Супер инспекција во Супермаркет
За почеток разгледувавме различни шишиња и пакувања со сок, вода, млеко, масло, киселина...Разгледувавме натписи, ознаки на малечки и поголеми амбалажи. Моите мали инспектори го знаеја поимот ЛИТАР кога ги прашав, па дури и ознаката им беше добро позната и ми ја покажуваа на сите шишиња, ми објаснуваа дека во помалите има помалку од литар покажувајќи на ознаката...но често низ играва слушав како сакаат да проверат дали во шишето фабриката ставила КИЛО сок и проценуваа дека во помалите има помалку од КИЛО, неместо ЛИТАР... Така јас започнав со нив да играм улога на збунет купувач и правев шеговити нарачки. Барав од продавачот да ми помогне да купам литар компири, две метра сок, литар мелено место и слично. Децата внимаваа на секоја моја нарачка и учтиво ме поправаа. Сега низ играва смешна, лесно им одеше правилната употреба на поимот литар и правилна употреба на другите поими за мерки.
Потоа се договориме да си играме нова замислена игра во парови - Домаќини кои се спремаат да пречекаат гости. Домаќините имаа 1 Литар "сок" и задача да го испланираат "сокот" . Колку најмногу а колку најмалку гости ќе послужиме со него? За оваа игра заедно со дечињата ги одделивме малите од големите чаши, и ги обележавме со 1 или 2 дл. Им објаснив дека тоа се помали мерки од литарот но наша цел е да откриеме за колку се помали.
Така предвидувавме а потоа си проверувавме-
Колку мали чаши вода, сок, можеме да наполниме од пакување од еден литар 1 литар? Колку големи чаши вода, сок, можеме да наполниме од пакување од 1 литар? За почеток Правило беше сите чаши да се подеднакво полни и за почеток да се мери без мешање на големите и малите чаши туку посебно со едните и посебно со другите. Што значи ние всушност -Делевме- 1 Литар во 10 чаши од по 1дл или во 5 чаши од 2 дл
Друг пар пред себе имаше леген со вода и литарско шише. Претпоставуваше а потоа проверуваше колку само мали или колку големи чаши сок, вода ќе треба да налее во шише од литар за да го наполни. Потоа правеа и комбинации со големи и мали чаши играјки си множење и собирање.
Следен потежок предизвик беше да проценат и проверат колку чаши вода ќе треба да турат за да наполнат помали од литар и поголеми од литар шишиња кои им беа ставени на располагање. Имавме многу можности за разни претпоставки и огромна желба за експериментирање до бесконечно.
Потоа "домакините" правеа комбинации за послужување на возрасни гости и мали гостинчиња- со употреба на чаши од по 1дл за дeчиња и 2 дл чаши за возрасни гости за да добиеме Литар = 10 дл. .Множевме ПРИМЕР- 6 мали чаши од 1дл и 2 по 2дл=10=1Л. На ваков начин децата ми покажуваа различни комбинации со множење и собирање.
Интересно беше да провериме дали во кесичката за пакување собира 1 литар вода. Сите дечиња тврдеа дека тоа не е можно. Потоа окривме дека може. Следно проверувавме колку мали или колку големи чаши прават литар за да се наполни кесичката- Примена на предмалку стекнато знаење.
Децата за време на активностите ротираа, си ги заменуваа партнерите и катчињата, скоро самостојно без моја помош се организираа и соработуваа.
Колку чаши сок ни се потреби за да наполниме еднакво две мерици од по литар на вага, ако едната мерица ја полниме со мали а другата ја полниме со големи чаши-за да ги ставиме во рамнотежа. Ова беше посебно интересен предизик-
Ова литарско шише кое се "полнеше " и "празнеше" со цртање 10 децилитри, беше уште една интересна а едукативна активност достапна на сите дечиња во секое време за време на часов.
Целите беа постигнати во целост а токму оваа активност е активност која децата би сакале да ја повторуваме што може почесто затоа што им била премногу интересна , нивна омилена :-)
|