"По градските улици"- Безбедно до дома
Преку оваа активност учениците се запознаа со професијата сообраќаен полицаец. Имаа прилика да видат полициско возило и да се запознаат со улогата на светлосната и звучната сигнализација.
Преку соодветно предавање се запознаа со правилата за безбедно однесување во сообраќајот, задолжително користење на пешачки премини, патеки за пешаци, безбедно движење со велосипед, културно однесување во автобус.
Преку содржината на сликовницата "По градските улици" се запознаа со некои поважни сообраќајни знаци.
Потоа, со цел да ги утврдиме стекнатите знаења дечињата си играа
-Прошетка низ градот- Безбедно до дома
За таа цел ги користевме куќичките од камен кои претходно ги подготвивме за цели и активности во рамки на проектот Каменковци