Табела 20- ИНТЕРАКТИВНИ ШЕМИ ЗА МАТЕМАТИЧКИ ИГРИ
Броење до 20. Бројна вредност на броевите до 20. Вежби за развој на ситна мотирика на прстите
ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ
|
Ова е една необична зграда во која живеат две дечиња, можеби твои идни другарчиња. Можеш ли да изброиш колку прозорци има?
За да откриеш кој е порозорецот од нивната соба застани на бројот 3 а потоа започни со броење. Изброи 10 прозорци по ред и лесно ќе го откриеш прозорецот. Што откри другарчето до тебе?
.............................................................
|
Со помош на броевите запишани во прозорците пополни ги соодветно броевите во сината и црвената лента. Потоа можеш да ги одрежиш внимателно и да ги чуваш за многу други игри.
ШТО МОЖЕШ СЛЕДНО ДА ПРАВИШ? ИГРА СО ЗРНЦА ОРИЗ
За да ти биде полесно започни од прозорецот со бројот 1. Прочитај го бројот во прозорчето и стави соодветен број зрна ориз во него. Потоа продолжи по ред. Штом ги наполнеш сите прозочиња покажи му на твоето другарче. Заменете ги местата и проверете. Награди го своето другарче со аплауз за успешно завршената работа. Ако пак некаде згрешил биди вистински другар , објасни му и помогни му да изброи правилно.
Ако сакаш поголем предизвик обиди се вака-
Наместо од бројот 1 можеш да започнеш од последниот, најголемиот број и да стигнеш до прозорчето со број 1. Кој ќе последниот, најголемиот број? Натпреварувај се со твоите другарчиња, кој ќе биде прв до целта, но внимавај бројот на зрнца во полињата да биде точен за да бидеш вистински победник.
МАЛ ТЕАТАР НА МАСА- меѓусебно оценување
(Преку оваа игра децата ќе вежбаат: Препознавање броеви и бројни вредости, примена на учтиви фрази при разговор со други лица, унапредување на творечки способности преку креирање и интерпретирање замислени драмски игри) Играта се игра во пар а ја следи трето дете НАБЉУДУВАЧ. Во улога на набљудувач ставете ученик за кој сте процениле дека веќе ги препознава броевите и бројните вредности на броевите до 20.)
НАСОКИ ЗА УЧЕНИКОТ :
Најпрвин нацртај ги двете дечиња на посебни листови, да видиме како ги замислуваш ти.( Направи мали кукли на стапчиња. Дај им убави имиња) Потоа заедно со твоето другарче играјте игра "ГОСТИ" со твојата и неговата зграда со броеви. Убаво е малку да глумите, да зборувате од име на ликовите, да бидете учтиви, да поздравувате и замолувате за помош како да се тоа вистински ликови кои дошле во улицата и сакаат да одат некаде на гости.
Пример-Замисли еден број. Кажи дека си дошол од далеку и би сакал да појдеш на гости кај дечињата во собата со твојот омилен број (кажи го бројот на глас. Број од 5 до 20). Другарчето треба да биде љубезно, да ти го покаже прозорчето со бројот кој си го именувал и љубезно да те покани на гости во таа соба. Заблагодари се учтиво а потоа замоли уште нешто- Кажи дека би сакал да однесеш мал подарок во собата на дечињата во која си тргнал. Нека бидат тоа волшебни зрна ориз но во толкав број колку што треба според бројот означен на тој прозорец. Глуми дека ти треба помош за да изброиш и замоли го другарчето да оддели за тебе соодветен број на волшебни зрнца. Потоа улогите се менувааат. Сега твоето другарче треба да замисли омилен број и да тргне кон твојата зграда а ти ќе бидеш негов водач.
ВЕЖБА- Патување низ шумата
|