Бушава азбука- 31 Буква- Да се потсетиме на буквите
Цели и очекувани резултати- Ги препознаваат и именуваат буквите, умеат да ги подредат во низа по правилен редослед.(Содржина за второ одделение)
Воведна активност- Се потсетивме на азбуката преку пеење на песничката "Бушава азбука". Потоа извлекувавме сликички и ги пронаоѓавме соодветните почетни букви.
ГЛАВЕН ДЕЛ- ПРВА ЕТАПА
РАБОТА ВО ДВЕ ГРУПИ
Прва група- Децата имаа за задача преку тимска работа да ги најдат измешаните букви и да ги наредат по редослед на подот во училницата
Втора група- Децата имаа задача да ги вратат буквите во куќарката за букви по правилен редослед
ВТОРА ЕТАПА- 31 Буква- 31 пластичен затварач
Организација на работата- На две места во училницата понудена е активност со пластични затврачи. На едната маса секое дете може да си направи своја збирка со тоа што ќе избере боја и ќе одбери 31 затварач во посебно кесенце.
На другата маса понудени се неколку комплети со по околу 25 затварачи во кои се веќе напашани буквите. Децаа имаат задача да ги подредат по ред и да откријат кои букви се изгубиле од комлетот за да ги надокнадиме. Иако работаат индивидуално имаат прво да си помагаат и да соработуваат. Изборот на активности го прават сами. Наставникот следи и запишува кои дечиња имаат проблеми со препознавањето на некои букви или со редоследот на буквите.
Завршна активност- Евалвација
Да го доцртаме Змејот со поврзување на буквите
ДОПОЛНИТЕЛНА АКТИВНОСТ- Не лути се човече
1.Направи патека со подредување на буквите по правилен редослед и играј Не лути се човече со правилно именување на буквата на кој си застанал
2. Пишување елементи на буквите, бежби
|