РАЗЛОЖУВАЊЕ на ДЕСЕТКИ И ЕДИНИЦИ
ДА НАПРАВИМЕ НАШИ ЗБИРКИ ОД ДЕСЕТКИ
Прва група –Нанижете 10 ѓердани со по 10 делови од пластични сламки. Одделете и посебни делови за единици.
Втора група- Направете десетки со спојување коцки
На крајот на активноста учениците слободно ротираат низ центрите и си ги покажуваат изработките. Ги поттикнувам да размислат кој број ќе го добијат ако спојат три манипулативни десетки или пет или 10.... Потоа играме-Кој број ќе го добиеме ако споиме 2 десетки кои сме ги направиле и нив да им доддеме 6 единици, посебни делови...
Децата сами креираа свои задачи, собираа десетки а потоа десетки и единици.
Со помош на овој манипулативен материјал ќе играме и подоцна, игра опишана подолу.
Драмски метод- Разговор во прво лице-Фронтална работа
Пред нас е Табела 100 (или на интерктивна табла или на зидно пано) Заокружувам еден број по свој избор а потоа започнувам игра- Разговор во прво лице-
" Јас сум господин ...Кој сум јас?- ги прашувам децата-87. Ако тргнеш по патот за да ми дојдеш на гости ( покажувам, патот започнува од број 1) треба да поминеш долг пат...Бројам десетки кои треба да се поминат и ги покажувам по редови до 80 а потоа бројам единици заклучно со него. Потоа го избирам бројот 7. Јас сум господин 7. До мене е бликсу да се стигне. Тука немаш десетки за поминување. Броиш единичиња а и јас сум една од нив. Исто и соседот 9. И до него можеш лесно да стигнеш. Нема пат низ десетки за поминување. Ние сме фамилија едници. Потоа повторно избирам поголем број, на пример 45. Прашувам- Кој сум јас? Колку десетки треба да поминеш за да стигнеш до мене?
ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА- Децата пред себе имаат Табела 100. И тие сега треба да изберат број, да ги обојат сите десетки до него со различна боја а едниците да ги заокружат и потоа да зборуваат од име на бројот. За да биде поинтересно учениците можат да користат автомобилчиња или фигури од цртани филмови за време на прошетката до бројот.
ТРЕТА АКТИВНОСТ
Повторно започнуваме фронтално- Ја покажувам оваа слика и прашувам што мислат, што би можело да ни кажува оваа слика? Потоа со три тегли на маса го покажувам истото. Се обидуваме и со друг број. Се договраме дека десетките ке ги запишуваме со голема буква Д а единиците со голема буква Е. Го запишуваме изразот 67 = 6Д+7Е
ФРОНТАЛНО-Потоа ја разгледуваме оваа втора слика вметната во Power Point презентација за да може децата во неа да цртаат кругови или едноставно отворена на интерактивна табла која има можност за цртање и пишување. Извлекувам еден број, децата го именувааат, го запишувам во средината на жолтото поле и ги прашувам од колку десетки и единици е составен овој број. Еден ученик запишува или црта другите го следат примерот и помагаат ако затреба.
СЛЕДУВА ИГРА ВО ГРУПИ-
ПРВА ГРУПА-Децата во групата добиваат по еден ваков лист на маса во средината и еден комплет картички. Секое дете треба по еднаш да извлече карта со број а потоа да им покаже на другите во која тегличка по колку топчиња ке стави. Топчињата се жетони во две бои, една за десетки една за единици или може камчиња и слично. Секој ученик во третратката го запишува обидот на секое другарче од групата.
ВТОРА ГРУПА-На масата го имаат манипулативниот материјал што сами го подготвивме, нашите десетки и едници, еден комплет картички, една голема и една мала тегла како горе на сликата. Секој член има задача да извлече картичка со број од 10 до 100 а потоа да го претстави извлечениот број со помош на дидактичкиот материјал што ќе го одбере. На пример- Ако ученикот го извлече бројот 37 треба да покаже дека тој број е составен од три десетки и 7 единици( гердани, затварачи или коци) Во текот на играта секое дете запишува на лист или во тератка кои броеви ги разложило.
ЗАВРШНА АКТИВНОСТ- ЕВАЛВАЦИЈА
Забелешка-овде се понудени повеќе активности кои имаат интересен пристап и истите можат да бидат распоредени во час за обработка и час за повторување или дополнителна настава доколку работите со повеќе деца.
|