Кружна и топчеста шарена Математика
Топката е лесен поим за дечињата и сите со леснотија ја препознаваат и именуваат. Кругот е оној кој сите ги збунува. Дечињата најчесто грешат со тоа што ги заменуваат овие два поими еден со друг дури и кога имаат јасна оформена претстава колку и по што се разликуваат. Така најчесто кругот и предметите во форма на круг ги именуваат како топка. Од таа причина во мојата пракса редовно ги спојувам овие две содржини и двата поими ги обрабоуваме заедно, токму еден до друг со нивно директно споредување. Овој пример е час за уврдување. Доколку сакате да погледнете како би изгледал часот за воведување погледнете ја нашата снимена интегрирана активност од пред неколку години- Кругот Сплсканко и топката Дебелко. Истото го правиме и кога учиме дека Шест квадратчиња на коцката се братчиња.
ДЕНЕС ЌЕ СПОРЕДУВАМЕ И КЛАСИФИЦИРАМЕ
КРУГОТ е СПЛЕСКАНКО а ТОПКАТА е ДЕБЕЛКО :-)
Јаболкото е во форма на топка...Книжните конфети имаат форма на круг...
Капакот од маргарин оди кај круговите заедно со тацната од фулџанот за кафе...Клопчето волница оди кај топките..
За почеток ќе правиме и ќе си играме со конфети-Книжните конфети имаат форма на круг...
Активноста со ситните конфети е добра за развој на ситната моторика на прстите,
што е од особена важност за овој развоен период
АКЦИЈА во училницата - ИЗБИРАМЕ ПРЕДМЕТИ ЗА СЛЕДНАТА ИГРА И ГИ РАЗГЛЕДУВАМЕ
Воочуваме и внимаваме да избереме приближен број предмети од двете форми. Ние редовно во нашата училница собираме разни предмети за пренамена и така секогаш располагаме со различни предмети за работа.
ПОТОА СЕ ПОДЕЛИВМЕ ВО ДВЕ ГРУПИ кои се натпреваруваа меѓусебно НО
домаќините секогаш беа во улога на судии кои ја следеа исправноста а членовите од спротивната екипа имаа задача да класифицираат и правилно да ја именуваат формата на предметите, на гости во катчето на другарчињата.
ПОТОА првата група стануваше ДОМАЌИН и судија на свој простор а другите другарчиња ја имаа задачата, повторно да ги класифицираат но и да ги именуваат притоа предметите.
Со употреба на компјутери, инерактивна табла и Pen Tablet учениците решаваа забавни задачи на подготвени работни налози во One Note
СИТЕ КРУГОВИ НЕКА СЕ ПРЕТВОРАТ ВО ДЕЧИЊА- ДРУГАРЧИЊА
А ТОПКИТЕ НЕКА ОСТАНАТ НИВНИ ШАРЕНИ ТОПКИ ЗА ИГРА
За крај, поделени во две групи дечињата изработуваа ШАРЕНА УМЕТНИЧКА СЛИКА . За таа цел имаа задача- секој сам да избира предмети за исцртување но со другите членови на групата да се договара за боите кои ќе ги користи и распоредот на елементите на заедничката слика. И двете групи имаа задача да внимаваат на нивната слика да бидат застапени различни големини на кругови.
|