"Дедо седи на грутка и си плете јакутка"
MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК два часа
1. Интерпретација на традиционална македонска детска стихотворба, залагалка, со примена на драмска техника Распрашувалко.
Цел-Поттикнување на љубов и интерес кон нашето народно творештво. Подготовка за јавен настап во рамки на Проектот МИО, активност во соработка со локалната заедница.
Претходна подготовка- Час за обработка на стихотворбата со анализа на непознати зборови и вежби за меморирање на текстот.
2. Слободни драмски интерпретации поттикнати од сознанија за животот и работата на нашите луѓе во минатото.
"Дедо седи на грутка и си плете јакутка.
-Зошто ти е јакутка?
-Ке си берам желади.
-Зошто ти се желади?
-Ке си ранам прасенце.
-Зошто ти е прасенце?
-Ке ми даде масленце.
-Зочто ти е масленце?
-Ке си мачкам столови.
Зошто ти се столови?
-Ке ми дојдат сватови.
-Зошто ти се сватов
-Ке ми дојсат невеста.
-Зошто ти е невеста?
-Ке ми роди внученце
-А зошто ти е внученце
-Ке ме вика деденце."
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
Нашата традија, обичаи, народни носии, традицонална македонска храна.
Претходна подготовка во соработка со родителите-ПРВА ГРУПА: Учениците имаа задача да разговараат со постари членови од нивните семејства и блиското соседство и да откријат како луѓето се облекувале во минатото, што работеле луѓето во градовите а што во селата, кои традиционални јадења ги подготвувале - да направат споредба со животот и работата на луѓето во денешно време и да подготват за себе облека која најблиску ќе одговара за да ги претстави ликовите од нашата народна залагалка. ВТОРА ГРУПА- Да се информираат преку податоци, фотографии и филмови поставени на интернет.
МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Интерпретација на македонската народна песна-Македонско девојче
ТЕКОТ НА АКТИВНОСТИТЕ
1. Потсетување на стиховите и движењата прегу групна интерпретација
2. Разговор- Презентација на задачите за дома, од минатот ден, од страна на двете групи. Да слушнеме кој што дознал во врска со минатото, традицијата, облеката и храната во далечното минато на нашиот народ- Истражување кое требаше да се напрвави преку разговор со стари лица и преку информации ставени на интернет. Ако сакате да слушнете како се прави сарма или грав, најубаво ќе биде да го погледнете видео записот од целата активност :-)
ЗАКЛУЧОК- Сите ученици со голем интерес и со огромно задоволство истражувале со помош на своите родители. Целта за истажување на двете групи беше иста но учениците беа упатени да истражуваат на различен начин. Сепак сите дечиња со своите родители биле љубоптни да собираат инфмации и со разговор со други лица но и со пребараување преку интернет. Кога би требало нешто повторно да истражуваа сите дечиња ми кажаа дека повторно би сакале да истражуваат и на двата начини бидејки навистина било интересно да се разговара со баби и дедовци од соседството но преку интернет можеле да погледнат повеќе фотографии, делови од филмови, народни танци и народни носии од различни краеви.
Бидејки учениците се малечки и не умеат да пишуваат се договоривме што следно би можеле да направиме со сите наши собрани информации- За време на некој од наредните часови во текот на оваа седмица ќе реализираме заедничка активност заедно со другарчињата од четврто одделение и ќе подготвиме неколку презентации со приказните од нашите баби и дедовци, фотографии, песни и линкови до други интересни податоци. За време на часот по Ликовно образование ќе подготвиме модели на народни носии во природна големина на човек, со обликување и цртање на стиропор.
СЛЕДУВАШЕ ПОДГОТОВКА НА КОСТИМИТЕ ЗА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И ДРАМСКИ ИГРИ
"Сега сите ќе се преоблечеме како бабички и дедовци. Најпрвин ќе разгледаме кој што донеал а потоа ќе си помагаме едни со други додека се облекуваме."
Еве и мустаки ;-)
ДРАМСКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ПЕСНАТА "Дедо седи на грутка и си плете јакутка"
СЛОБОДНИ ДРАМСКИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ СПОРЕД ПОСОЧЕНИ ТЕМИ ЗА ИГРА
Тема -Кој што работи во домот (Активност во училница)
Децата сами креираат дијалози и играат улоги на членови на семејство. Наставникот само ја следи работата и ги снима активностите без да ги насочува учениците или да се меша во поделба на улогите .
Тема-Соседи на сред село
( Драмски игри во блиската околина на училиштето)
|