МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

"Царство на зборовите"  Читаме, пишуваме (вежби со изучени букви)  

ЗАБЕЛЕШКА-За време на активноста не беа потенцирани поимите за родови, еднина ,множина, времиња..Сите активности беа со цел да се вежба читањето и пишувањето на веќе познатите зборови, креирање, пишување и читање на нови зборови со изучените букви и да се доживее и почувствува моќта на буквата -Колку големи промени настануваат и само поради една погрешно прочитана или запишана буква. Се друго ни служеше како инструмент за остварување на оваа цел.

  

СРЕДСТВА КОИ ГИ КОРИСТЕВМЕ- Интерактивна табла, обработените куси текстови од учебникот, ѕидно пано со досега изучените букви и зборови, малечки ливчиња во различни бои , три ШТРУМФОВСКИ ЗАМОЦИ од големи пластични шишиња декорирани како печурки за повеќекратна употреба за време на разни активности, гињол кукли, малечки куклички како за играње Не лути се човече, сино платно за река, неколку камчиња и школки за амбиент. НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА-2 часа.

 

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ - Работа во три групи со ротации

Играме игра- Детективи- Во потрага по изгубените зборови на учителката

ТЕК НА ИГРАТА- Јас имам преходно запишан фонд на зборови составени од изучените букви и зборови кои сама ги изведов од истите зборови но не им се познати на децата. Децата чекаат спремни да ме слушнат кој збор ми се изгубил прв и да почнат со барање. ПРВА група пребарува на фотографии од учените текстови на интерактивната табла, ВТОРА група пребарува во учебникот, ТРЕТА група на зидното пано. Се натпреваруваме кој прв ќе го најде мојот изгубен збор.

 

Во прво време им давам задача да бараат за нив веќе познати, читани и пишувани зборови.

Потоа започнувам да барам да ми помогнат да најдеме некој од новите зборови. За овој дел сите се повлекуваме во делот со ѕидното пано затоа што таму се веќе напишани па децата со читање би можеле да ги најдат доколку внимателно читаат а не само механички. Така со оваа вежба од еден кус збор научиме да напишеме и други зборови слични на него, негови роднини, ако буквата што е на крајот ја замениме со една или повеќе други букви, пример-

НОСИ,носам, носиш, носиме, носите, носат, носеа, носевме, носевте....МЕСИ, месам, месиме, месите, месат, месевме, месеа...АНА, Ане, Ането, Анета...САМ, сама,само,сами, самите...НАМИНА, наминав, наминавме, наминавте наминаа

    

Видовме дека кога читаме треба многу да внимаваме затоа што МИТЕ е машко а МИТА е жена му на Мите. СИМЕ е еден човек а СИМО е некој друг. ТИНА е име на девојче ама ТИНО е нејзиното братче. Зборот НИЕ имал сестри- ВИЕ; ТИЕ; ОНИЕ, ОВИЕ. Ова беше посебно интересно за дечињата.

Потоа полека си направиме наша нова играчка- ЦАРСТВО НА ЗБОРОВИТЕ 

Децата работеа во три групи. Секоја група имаше по еден ШТРУМФОВСКИ ЗАМОК кој требаше да го наполни со зборови. Од друга страна, истовремено, секое дете имаше индивидуална задача, да запише што повеќе зборови на малечки ливчиња во боја, по еден збор на секое ливче, за да придонесе кон реализирање на целта на групата. 

 

Учениците на кои им беше многу тешко самите да смислат и запишат зборови, работеа со моја помош па заедно избиравме зборови од обработените текстови а потоа ги пишуваме во повеќе разични варијанти. За цело време ја следев и работата на другите ученици затоа што лесно, на поминување можев да прочитам и видам што и колку напишале. 

 

По истекување на времето за пишување секој си ги изброи своите напишани зборови па така од секоја група избравме по еден чувар на замокот со најмногу зборови. Тој имаше задача најпрвин пред другите од групата да ги прочита неговите зборови , да ги стави по ред во замокот а потоа да застане и да ја чува портата за влез со гињол кукла на рака.

 

Еден по еден другите деца доаѓаа, му ги читаа и покажуваа зборовите и тој им одобруваше влез на правилно напишаните зборови. Доколку и сам не беше сигурен за некој збор, ме повикуваше мене, чуварот помошник, за да не се случи да ни влезе натрапник и да ни го разурни царството. Одкако детето ги внесе сите зборови во замокот ,има право и тоа да земе гињол кукла на рака и да стане уште еден главен стражар кој сега ќе внимава и следи какви зборови напишале другите другарчиња. На ваков начин сите деца се постојано активни и не губат мотивација и концентрација штом им помине редот. Вакво меѓусебно оценување низ игра работеа трите групи. 

  

Потоа секоја група доби нова задача со зборовите од замоците

  Да направи свое Не лути се човече

Најпрвин членовите од секоја група требаше да го испразнат својот замок и да го стават на подалечно место до кое сега ќе прават патека од зборовите. Членовите имаа задача еден по еден да извлекуваат збор, да го читаат сами или со помош а потоа да го наредат во патеката ...

 

Патот на едната група води низ рака

 

По извесно време патеката ќе стигне до замокот. Потоа секое дете избира лик, пластична играчка, треба да почне од најдалечното ливче и со читање на зборовите на сите ливчиња од патот , по ред, полека да стигне до замокот и да влезе во него.  

 Другите деца од групата го следат и му помагаат ако побара помош. На овој начин играат трите групи на различен простор и така децата взаемно се помагаат и учат читање едни од други.

  

РЕСУРСИТЕ кои ги подготвивме за време на оваа игра можат да се искористат повторно, за време на вежби со нови изучени букви. За таа цел ние ќе треба само да ја збогатиме збирката на зборови во нашите замоци и повторно да играме не лути се човече со иста цел.

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024