Processing the interactive story "The secret about the Santa's Beard"
APPLICATION OF THE DRAMA- METHOD and DRAMA techniques in teaching practice
КОМПЛЕТЕН ВИДЕО ЗАПИС
"БРАДАТА НА ДЕДО МРАЗ"
-СНИМЕН ТЕКСТ ЗА ПРИМЕНА НА ЧАС-
Напомена
Паузите за време на интерпретацијата се места на кои децата треба да реагираат на клучните зборови со примена на договорени изрази и пантомимични движења
ПРИМЕНА НА ДРАМСКИ МЕТОД И ДРАМСКИ ТЕХНИКИ ВО НАСТАВНА ПРАКСА
Обработка на интерактивна приказна "Брадата на Дедо Мраз"
од Душица Бојович
Време за реализација- Три наставни часа
-Македонски јазик 2 часа
-Ликовно образование-1 час
Активностите започнуваат уште за време на УТРИНСКАТА СРЕДБА кога на децата им е овозможено слободно да си поиграат со пената за бричење која ќе биде користена во понатамошниот дел од главните активностите. Пената е многу интересна за децата. Оваа недела ја применивме за време на неколку различни часови по сите наставни предмети и секогаш со иста радост и љупобитност и наоѓавме нови примени. Од досегашносто искуство открив дека подобро е да им се даде слободно да си поиграат со неа за подоцна да не им го одзема потребното внимание во моменти кога имаат добиено конкретна задача.
Потребни средства и материјали за реализација на активностите:
Интерактивна приказна "Брадата на Дедо Мраз", одредени клучни зборови, снимен текст, пена за бричење, работни листови со ликот на Дедо Мраз, пластични шишиња и стаклени теглички, кокос, тоалетна хартија, претходно подготвени хартиени поврзани лентички, лак за нокти....
Применети драмски техники:
НАРАТИВНА ПАНТОМИМА, ВОСПИТУВАЧОТ ВО АКЦИЈА, ВО УЛОГА НА...
ИСКУСТВА:
Децата ги сакаат приказните а ги сакаат и тајните. Децата сакаат движење, смеење и зборување. Сакаат да слушаат приказни но и кога приказната е интересна тие едвај се задржуваат мирни, тивки и сконцентрирани бидејќи движењата се нивна природна потреба со која искажуваат и тага и среќа и воодушевување. Токму тоа го овозможува овој пристап на обработка на приказни
Акциона приказна -Што повеќе би посакале децата кога во една приказна имаат шанса за многу забава и игра?
КОЈА ПРИКАЗНА МОЖЕ ДА БИДЕ АКЦИОНА ИЛИ ИНТЕРАКТИВНА?
Интерактивната приказна и немора да биде напишана или творена како таква. Со помош на нашата креативност и познавањето на интересите на децата, во интерактивна приказна можеме да го претвориме скоро секој текст кој ние потребен за обработување. Потребно е најпрвин да се определат КЛУЧНИ ЗБОРОВИ на кои ќе реагираат учениците и да се увежба кратко реакцијата на нив со извици, зборови и соодветни пантомимични движења.