Harlem Shake АПРИЛИЈАДА
:-)
Воведна
тема-Четирите волшебнички со помош на нивните самовилчиња ќе се обидат да го
претворат селото волшебно и весело да биде.
Активности во соработка со поголемите
ученици и нивните наставници
Автор-ВесеВесела
Поаѓајки како и
секогаш од принципот на актуелизација и желбата сите ние тука да бидеме среќни
и весели, го одбележавме Денот на Шегата на многу забавен
начин. Танцот Харлем шејк беше се она за
што зборуваа и следеа децата преку интернет во последно време а и самите се
обидуваа да прават снимки во помали групи, и затоа се одлучив нашата
првоаприлска забава да биде токму во таа
насока.
Бидејки идејата беше срдечно прифатена и од
директорката и од целиот персонал и самата реалзиација беше лесна и
забавна.
Екологијата како актуелна тема веднаш стана погодна подлога за
развој на активностите.
Се
договоривме сите да направиме уникатни костуми и маски со пренамена на стари
материјали.Тоа важеше и за нас наставниците и така ние стнавме четири еко волшебнички кои имаат задача како знаат и умеат да го претворат
нашето училиште волшебно и весело да биде.
Родителите
активно се вклучија во подготовките и со пренамена на стари кутии , платна и
слично им помогнаа на дечињата во изработка на маските. Во текот на активноста
учениците покажуава интерес и инспирација за различни теми и така имавме
прилика да се расположиме следејќи различни драмски интерпретации од
секојдневниот живот и актуелности од
ТВ.
ВИДЕО ЗАПИС ОД
АКТИВНОСТИТЕ