Кусо, покусо, најкусо - Долго, подолго, најдолго
Весела Математика
ИНТЕГРИРАН ДЕН
Како основа за градење на активностите земен е предметот МАТЕМАТИКА.
Кусо,покусо,најкусо-Долго,подолго,најдолго учиме низ игра со шалчиња и волницa, Еду роботчето,автомобилче на Пинокио и татко му, тепихчето на Бојан , тетките што сакаа различни фризури, мачињата кои си оделе на гости едно кај друго и кусите и долги панталони и сукнички на Марко и Мартина.
Цели-Учениците да се оспособат за подредување на објектите во растечка и опаѓачка низа со користење на соодветна терминологија за Кусо,покусо,најкусо-Долго,подолго,најдолго . Да ја воочуваат релативноста на некој предмет или објект спореден со два или повеќе сродни предмети или објекти.
Македонски јазик-Говорна вежба:Разговор со нашиот омилен лик(Средства:Гињол КуклатаПинокио и неговиот татко,ЕДУ РОБОТОТ,сообраќаен тепих)
Цели:Ученикот да се поттикне кон користење на говорот како средство за нови контакти и меѓусебно разбирање. Да се ослободи од чувтсвото на напнатост и слободно да се вклучува во разговор.
ЗО- Како се облекуваме за да не се разболуваме(Облека според карактеристиките на годишните времиња,)
Цели-Учениците да се потсетат на промени на времето според годишните времиња и да умеат да проценат која облека за кое време е соодветна.
Ликовно образование-Изработка на апликации и обликување со волница
Цел- Применување стркнати заења(Боење, одрежување, обликување со нестандареден ликовен материјал)
ЗАБЕЛЕШКА
Содржините од наставните предмети не се реализираат одделно туку се слеани едни во други и преплетено се изведуваат.