МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

ВОДЕНА МАТЕМАТИКА (Активност во рамки на проектот КАМЕНКОВЦИ )

Содржина за прво одделение со можност за прилагодување за друго одд.ниво

   

Реализирање на активност со употреба на наш, претходно изработен дидактички материјал:

- РИБИ ОД КАМЧИЊА, Аквариуми од големи пластични шишиња-Базени од син најлон-Знаците за споредување направени од пластелин, ставени во метални затварачи за тегли.- Power Point работна презентација- Пингвинот Прцко лови риби-Картички со броевите до 10-Ленти со задачи со дополнување. Активноста беше реализирана во училница и на отворено.

ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ- Оваа активност бара добро и прецизно претходно осмислување на просторот за работа. Доколку се работи со поголем број на ученици истата треба да биде соодветно прилагодена зато што прикажанава реализација е возможна со група до 15 ученици. За подобар увид во текот на активностите корисно е присуство на двајца ученици ментори од вишите оделенија кои би биле задолжени да ја надгледуват работата и да ги потсетуваат учениците на правилата и редоследот за работа. Подоцна во текот на активностите истите ќе имаат улога да запишуваат анегдотски белешки со напредок и потешкотии кај одредени ученици. За изведување на оваа активност ни беа потребни два часа па затоа часот по математика го поврзавме со еден час Слободни ученички активности во рамки на проектот-КАМЕНКОВЦИ
СОДРЖИНА- Вежби, повторување и утврдување
-Препознавање  на броевите до 10  и придружување соодветна бројна вредност.
-Дополни до 10 на различни начини

- Собирање и одземање до 10

-Спредување на броевите до 10 и претставување, докажување со дидактички материјал
-Крирање свои нови задачи, предизвик  за другарчето- Работа во пар

Активноста е погодна и за вежби со броевите до 20 што значи дека може да биде прилагодена и да послужи во рамки на новата програма по Математика.

АКТИВНОСТИ ВО ДВОРОТ

ФРОНТАЛНА АКТИВНОСТ со цел воведување во понатамошни индивидуални активности

Подготовка на аквариуми за работа

 

Вежби-Препознавање на броевите до 10 и нивните бројни вредности

-Извлечи карта со број и стави соодветен број риби во аквариумот

 

Втора вежба-Дополни риби до збир 10 во три садови-

Извлечи број од 3 до 10 .пример-8. Потоа избери 8 риби и распореди ги во трите аквариуми. Ниту еден од аквариумите да не остане празен. Претстави го изразот со броеви и знаци да видиме како изгледа. (2+3+5=8) Сега проверете на колку други начини можете да играте распоредување на осумте риби и запишувајте ги задачите. Потоа играјте со нов број.

АКТИВНОСТИ ВО УЧИЛНИЦАТА

Најпрвин секој ученик доби по неколку задачи кои ќе треба да ги реши а повторно се работеше за собирање до 10- Направи збир 10 со дополнување на различни начини. Учениците имаа слобода задачите да ги решат без употреба на дидактички материјал но потоа со негова помош да докажат пред другарчињата како ги решиле задачите или, доколку им треба помош можеа уште веднаш да пристапат кон решавање со помош на дидактички материјал. За оваа цел дечињата на располагање имаа четири манипулативни центри-

1. ЕЗЕРЦЕ ОД СИН НАЛОН СО РИБИ ОД КАМЧИЊА

 

2. ТРИ ЕЗЕРЦА И РИБИ ОД КАМЧИЊА

 

3. ТРИ АКВАРИУМИ ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И РИБИ ОД КАМЧИЊА

    

4. РАБОТА СО ТАБЛЕТ И ИНТЕРАКТИВНА ТАБЛА

   

Ја следев и насочував работата и воочува каков пристап има секој од дечињата. Учениците работаа самостојно но сепак меѓусебно се помагаа, се насочуваа и охрабруваа. Дел од учениците уште веднаш пристапија кон манипулативниот материјал и решаваа со негова помош а останатите најпрвин ги решаваа задачите а потоа покажуваа и објаснуваа со помош на камчињата. Учениците кои веднаш ги решија задачите имаа предизвик да состават свои нови задачи и да ни ги презентираат. Еден од учениците ментори беше задолжен да води анегдотски белешки и да запишува постигања а другиот ученик имаше задача да запишува потешкотии кај одредени ученици.

Потоа како мал одмор, од пластелин и стари капаци од тегли изработивме повеќе знаци за споредување и собирање за да ја збогатиме нашата веќе подотвена збирка од минатиот час.

Сега учениците добија нови задачи во кои ќе треба да собираат, одземаат но и да споредуваат две бројни вредности. Најпрвин секој од учениците ги решаваше своите здачи а потоа пред останатите покажуваше со помош на дидактичкиот материјал. И за време на оваа активност учениците се помагаа и соработуваа, разменуваа пријателски совети. Иако дел од учениците решаваа со помош на другарче јас лесно можев да добијам претстава за потешкотиите на поединците. Важно беше никој да не почувствува немоќ и сите задоволни и упорни да се обидуваат да решаваат задачи за да стигнат до за нив најинтересниот момент-Покажување со манипулативните средства

Активноста ја продолживме на отворено каде од сини најлонски кеси направивме езерца а потоа и малку ги наполнивме со вода.

  

За да биде задоволена потребата за игра најпрвин дечињата со боси ноџиња скокаа во базените и се радуваа. Потоа, по оваа кратка пауза нивното внимание повторно беше целосно насочено кон нашите задачи.

Овде уште еднаш сите заедно ги разгледавме и докажаме  задачите

за кои претходно забележав дека беа тешки за дел од учениците.

  

Бидејќи интересот беше огромен, освен тие задачи решивме уште неколку, поделени во два тима

 

Обидете се и вие. Ви ветуваме интерена водена забава за учење низ игра. Ние сите би сакале оваа активност да ја повторуваме бесконечно затоа што е многу забавна.




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024