ЦЕЛО, ПОЛОВИНА, ЧЕТВРТИНА- Математика со платно, брашно, салфетки, чевлички
ВМЕТНАТИ СОДЖИНИ- Споредување и собирање до 10, именување на 2D формите
ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ- За оваа активност потребни се стари платнени чаршафи и детски, бебешки чевлички или топлинки. Организирајте акција во соработка со родителите за време на некоја родителска среба. Направте го тоа пред планираната активност за да знаете што ќе имате на располагање. Чевличките потоа ќе може да ви користат и за други намени во текот на годината. Ние со нив учевме поими- Лево десно, споредувавме големини, меревме со нестандардни мерки, собиравме и одземавме, купувавме и продававме, ги користевме како кукли за на рака на часовите за драмски игри. Платната, доколку се повеќе од потребното исто така може да ви послужат понатаму за време на други активности. Од досегашното искуство ваквите акции се одлично прифатени. На родителите не им претставува проблем да помогнат на ваков начин а самите дечиња откриваат нови начини на пренамена на старите предмети и многу им е интересно кога учат со помош на материјали за кои знаат дека самите помогнале да бидат обезбедени БЕЗ да се купуваат.
ВОВЕДНА АКТИВНОСТ-ЦРТАЊЕ НА ПЛАТНО
На платната петходно беа нацртани цели математички форми, предмети и нивни нецелосни слики. Учениците доцртуваа а потоа обојуваа дел што фалел или имаа задача да поделат форма на две половини а потоа двете половини да ги обојат со различна боја.
РАБОТА ВО ДВЕ ГРУПИ СО РОТАЦИЈА
ПРВА ГРУПА- АКТИВНОСТ СО НАЈЛОН, САЛФЕТКИ, ЧЕВЛИЧКИ
ТЕК- Ја одредија половината на најлонот на масата и ја нацртаа со фломастер. Во двете половини ги распоредуваа чевличките, некогаш по ист а некогаш различен број во двете половини а потоа објаснуваа во која половина има повеќе чевлички-во левата или во десната.
- Предвидуваа како може салфетката да се подели на половина а потоа и на четири еднави делови- Исцртуваа и сечеа, со бреви го означуваа секој дел.
ВТОРА ГРУПА--РАБОТА СО БРАШНО И МАТЕМАТИЧКИ ФОРМИ
-Најпрвин заедно ја подготвија површината за работа, со сеење брашно.
Оваа активност веќе им беше позната и умееја правилно да ја подготват масата.
-Избираа форми, ги именува, ги исцртуваа во брашно, прикажуваа како можат да бидат поделени на половина а потоа и на четири еднакви делови.
ЗАДАЧА КАКО ПРЕДИЗВИК
- Математика со чевлички- (ДЕЛ, ДЕЛ-ЦЕЛО)
Игра во парови-Остананите следат и со аплауз ги охрабруваат сите точни одговори
Едното од дечињата избира цвет-апликација на стапче. Го чита бројот и стaва соодветен број на чевлички во едната половина на поделениот најлон. Потоа другото дете избира друг цвет , го чита бројот и става соодветен број чевлиња во својата половина. Со помош на цветовите и знаците за собирање и одземање го претставуваат збирот и пресметуваат колку чевлички имаат заедно. Потоа играта ја игра друг пар.
|