МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

 Манипулативна шема за "Не лути се човече"-Годишни времиња

за реализација на повеќе математички и јазични активност

Шемите може да имаат различна тема, според нашата замисла. Може да се испечатат или нацртаат на подот или на поголеми стари платна. Во продолжение се опишани повеќе активности со кои можат да се реализираат различни цели со учениците од прво или второ одделение, осмилени за шема со тема- Годишни времиња

 Само како пример   

     

Област: Јазична и математичка писменост

Соодветна за возраст/ одделение: предучилишна возраст, прво и втoро одделение

Средства кои би било добро да стојат на располагање--Неколку гумени кукли за игра . Како кукли може да се користат гињол кукли кои би се ставиле преку мали полунаполнети пластични шишенца за да стојат исправени. Ако имате довоилно простор направете ја голема, така самите дечиња ќе можат да се движат. Описов тука е за малку помала шема но сепак доволно голема за да биде интересна и привлечна за децата.- Табличка со креда за пишување.- Две коцки.- Кутија со два комплети хартиени картички со броевите до 20.- Работни листови со Не лути се човече за дополнување на броеви со пишување на броевите.- Сад полн со ситни камчиња или монисти(може и сламки за сок исечени на делови) конци за нижење.- Кутија со сликички со предмети,- Кутија со картички со букви,- Кутија со картички со бои- Лентички на кои се напишани зборови, имиња на лица, градови, предмети. Едукаторот би можел претходно да си избере кои наставни соджини и цели сака да ги реализира и дали целта ќе му биде воведување или уврдување на постигања за избраната цел.  Можат да се реализираат следните цели-

Математика-

Препознавање, именување и пишување на броевите до 20.  Бројни вредности на броевите до 20.  Броење нанапред и назад од 20 кон 1, броење по 2, 3, 5. Парни и непрани броеви. Собирање и одземање до 20 . Зголемување или намалување  за дадена вредност -Собирање и одземање до 20

Сите овие активности можат да се изведуваат во корелација СО ЈАЗИЧНА ПИСМЕНОСТ доколку самиот наставник истовремено додека тече активноста  по математика ги води активностите и во насока на унапредување на вештините за: збогатување на речникот со зборови за опишување на замислени предели, ликови, годишни времиња, творење замислени патувања преку градење богати реченици и приказни, дијалози помеѓу ликови играчи или замислени ликови кои божем би ги сретнале за време на патувањето низ патеката...

Активностите можат да се стават во корелација со Природни науки и Запознавање на околината- Годишни времиња и нивните карактеристики.

ОПИС НА АКТИВНОСТИ ПО МАТЕМАТИКА

1.  Бројни вредности на броевите до 20

Кога би играло едно или две деца:

Прв тип на активност- Децата имаат задача да ги наполнат полињата со соодветен број камчиња или сечени сламчиња според бројот на полето. Можат да си ја поделат работата, едно дете до го полни првото поле, другото дете второто, првото дете третото поле и така наизменично. Потоа си ги заменеуваат местата и треба да проверат дали поставиле правилен број камчиња.

Следно- Децата прават гердани со нижење на сламките, по еден посебен за секој број до 20. Штом е герданот готов го ставаат во соодветното поле .

Втор тип на оваа активност(повисоко ниво)- Децата извлекуваат по една карта со број до 20, по случаен избор . Го именуваат бројот. Сега треба да изберат соодветен број камчиња и да стават во соодветното поле. Потоа извлекуваат нови броеви.

 

2. Броеви до 20, броење нанапред и назад . Препознавање, именување и пишување на броевите до 20 и бројната низа до 20.

Прва варијанта-  Детето избира кукла за игра и има задача да ја прошета низ полињата до крајот но да брои на глас. Сите други се сместени удобно околу шемата и следат. Потоа кога ќе стигне до крајот треба да ни опише што гледа таму, во кое годишно време се наоѓа, што посебно му се допаѓа во лето.

Следно има задача да го врати својот лик дома но со гласно именување на броевите од 20 кон 1.

Потоа игра следен играч.

Како продолжение на оваа активност секое дете може да добие 20 кругчиња од хартија. Треба во нив да ги запише по ред броевите до 20 и да направи свое не лути се човече

 

Втора варијанта( повисоко ниво)

Име на играта- Чудна прошетка ( За оваа игра ни требаат 2 комплети карти со броевите од 1 до 20 измешани во кутија)

Број на играчи во еден круг- 2 до 4. Останатите следат добно сместени ооколу шемата и го чекаат својот ред за игра.

  • Детето избира лик, потоа извлекува карта со број по случаен избор. Треба  да го прочита бројот и да застане на соодветното поле и да ни каже во кое годишно време се наоѓа сега  што знае за него. Следното дете ја повторува постапката. Штом сите 2 до 4 играчи ги завземат своите места треба повторно да извлечат по уште еден нов број. Треба секој да го прочита својот нов број и да се премести на тоа поле. Ако се случи некој веднаш да го извлече истиот број тогаш влечи нова карта. Оваа група играчи игра три круга извлекување. Потоа играта ја играат нови играчи .

По завршвање на активноста сите деца добиваат работен лист и во него треба да ги пополнат броевите кои се изгубиле. 

 

  1. Броење по 2, 3, 5. (проверка на знаења)

Наставникот претходно се договара со учениците дали ќе бројат по 2, 3, 5. Децата(индивидуално) добиваат хартија и молив и задача да ја запишат низата на броеви со броење( по 2-) Потоа децата ќе треба ги покажат низите со помош на шемата: Еден по еден избираат кукла за игра и го водат ликот на прошетка низ полињата со скокање во полиња со броеви кои се добиваат со броење по 2. Така заедно со другарчињата ја проверуваат својата задача.

Потоа добиваат нова задача, да ја запишат низата на броеви што се добива со броење по 5. На истиот начин презентираат еден по еден со помош на шемата и куклата која ја избрале.....

 

  1. Парни и непарани броеви.( проверка на знаења)

Најпрвин играат 3-4 играчи а остантите следат. Потоа се менуваат

Потреба ни е една коцка за игра.

Детето ја  завртува коцката и застанува на бројот што го доби. Треба да ни каже дали е парен или непраен број. Ако погоди останува на полето но ако згреши почнува од почеток. Ако се случи две деца да треба да стојат на исто поле имаат задача и двата да ги кажат по ред парните или непарните броеви на глас, еден по еден, за да си обезбедат право да останат тука или да се вратат на почеток.

 

5. Собирање и одземање до 20

Игри со две коцки- Можат да учествуваат повеќе деца со свои посебни фигури бидејќи патеката е мала и брзо се минува. Нема туркање на фигура ако бројот се поклопи, тогаш и двете фигури стојат на исто поле заедно.

Како се игра-

1.(собирање) Заврти ги двете коцки,  пресметај го збирот на добиените броеви и оди на полето. Сега е ред на другарчето. Крајна цел е да се стигне до крајот.

2.(одземање, повисоко ниво) Заврти ги коцките, запиши ги бровите на лист или на табличка и  процени кој од кој број можеш да го одземеш па напиши го тоа и пресметај. Потоа оди за толку полиња напред . Другите играчи следат и помагат ако треба. По завршување на задачата следниот играч ги завртува двете коцки.

 

  1. Зголемување или намалување за дадена вредност - Собирање и одземање до 20 (проверка на знаење)

Игра- Брза прошетка низ годишните времиња- 

Сите деца се набљудувачи, удобно сместени на подот околу шемата а едно е играч. Избира своја фигура за игра и застанува на полето со број 1. Едукаторот му предлага да прошета до полето кое е за 3 поголемо од 1. ( Може било кој број, едукаторот сам одлучува во моментот) Детето треба да оди на тоа поле, да објасни како одлучил дека тоа е вистинското поле (додавање, добројување) а потоа треба да раскаже што гледа, во кое годишно време се наоѓа, што му се допаѓа во есен или зима...Потоа едукаторот треба да му предложи нов предизвик- Да прошета до полето кое е за 5 поголемо од бројот на кој сега се наоѓа... Постапката се повторува. Потоа зголемуваме за 10. Следно намалуваме за некоја вредност и враќаме назад.

По неколку задачи играчот се менува со нов играч. Може нов играч да се повика и веднаш после првата задача, да одбере и тој своја фигура па да играат назменично, едукаторот наизменично да им дава задачи.

 

Јазични игри со цел:

Развој на фантазијата, креативноста и почетното творештво, збогатување на речникот, вежби за бројот на гласовите во зборот и бројот на зборовите во реченицата, градење ”богати” реченици, пишување, уврдување на претстави за бои...

  1. Име на ативноста –Снимаме филм-ЗАМИСЛЕНА ПРОШЕТКА НИЗ ШУМАТА СО ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

Возраст- Предучилишна и прво одделение

ТЕК- Избери лик за игра , опиши го најубаво што можеш, да слушнеме со колку многу зборови умееш да го опишеш а ние ќе ги броиме.

Сега тргни на прошетка и ракажувај што се гледаш по ред. Можеш дури и да измислиш некој интересен настан или да повикаш некој друг да ти придружи па да слушнеме како си раговарате по патот, за што си раговарате. Што гледате. Другите деца треба да бидат во улога на “камермани” кои би го снимале “филмот” што го гледаат. Потоа друго детенце е во улога на раскажувач а останатите се камермани.

По завршување на оваа игра децата имаат задача да одат во ликовното катче да ги нацртаат своите замислени патувања а потао со нивните цртежи да направат заедничка сликовница и да и дадат име.

  1. Игра- Каков може да биде...( Збогатување на речникот со придавки)

Едно од дечињата извлекува сликичка (примр, маче). Зема кукла и започнува патување низ полињата. Неговата задача е да кажува зборови со кои би можел да го опише мачето, за секое поле по еден збор.( мало, големо, бело, црно, сво, добро, лошо...) Да видиме до кој број ќе стигне. Потоа друго дете извлекува нова слика и ја повторува играта.

 

  1. За второ одделение- Буквите во зборот

 Детето избира лик за игра и извлекува збор , го чита на глас, ни кажува од колку букви е составен тој број а потоа треба да скока низ полињата и на секое поле да кажува по една буква за да ни покаже дека претходно добро изброил. Потоа следното другарче извлекува збор и ја повторува активноста.

 

  1. Сиромашни и богати речеици

Детето избра кукла за игра и извлекува реченца. Треба да ја прочита и да ни каже од колку зборови е составена а потоа да ни покаже со движење низ полињата, при тоа на секое поле треба да кажува по еден збор, сите по ред.   

Потоа играта може да продолжи со оваа иста реченица- Друго другарче треба да ја збогати со додавање на  еден или неколку зборови .

 

  1. Математичи реченици

Извелечи број до 20( еден сет картички)  Оди на бројот со прошетка низ полињата –Сега кажи ни реченица што почнува со тој број или го содржи тој број во себе но обиди се  да биде што може богата, подолга.

 

Втора варијанта- за деца кои сега научиле да пишуваат

Извелечи број до 20. Оди на бројот со прошетка низ полињата и застани. Погледни во кое годишно време се наоѓаш и кажи ни што ти се доапаѓа а што не ти се допаѓа кога е кај зима(или друго год. време) Сега земи хартија и молив и напиши ни 5 реченици во кои ќе ни кажеш нешто интересно за тоа годишно време. Под секоја реченица нацртај слика. Подоцна, кога сите деца ќе поминат низ активноста може да се направи групна сликовница за годшнте времиња.

 

  1. Играме со боите- Колку полиња толку зборови

Избери кукла за игра. Извлечи боја а потоа играј прошетка низ полињата но на секое поле треба да кажеш по еден збор- Жолта може да биде: тревата, косата, блузата, масата, молиот.. .. Да видиме до кој број ќе успееш да стигнеш

Весе Весела Богдановиќ




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024