



СНИМКА ОД ЧАСОТ
Едно,едно,едно
јас сум дете вредно.
В училиште итам
да читам и пишам
Две,две,две,
чевличиња имам,
и чизмички две
за в снег,за во зима.
Три,три,три,
сонцето се скри.
Каде појде сонцето
кажи дете ти!
Четири еј четири
дечиња во двор,
запеале песничка,
направиле хор.
Пет,пет,пет,
лажички со мед.
Кој наутро касне
поголем ке расте.
6,6,6,
чујте една вест.
Во пензија пошол
еден добар пес.
7,7,7,
сегде одам редум.
Кој е чесен така,
секој ке го сака.
8,8,8,
погодете кој сум.
Имам боцки рој,
не им знам ни број.
9,9,9,
време е за в кревет.
Надвор цари мрак,
сончко сокрил зрак.
10,10,10,
пеам на цел глас.
До 10 да бројам
научив и јас.