МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

ИНТЕРАКТИВНИ ЧИТАЧКИ И АВТОРСКИ КУТИИ-Решение за неколку проблеми

Дел од развојна активност за унапредување на јазични вештини во почетните одделенија

 

Kако лектирите, односно читањето сликовници и книги, да не се доживуваат како нешто што мора да се направи, обврска која е здодевна и напорна и воопшто не е омилена...Како приказните од книгите да се доближат до децата, да им се направат привлечни па да сакаат постојано да ги оживуваат во своето секојдневие...Како децата со љубов и интерес ќе ги вежбаат своите способности за литературно творење, пишување свои приказни уште од најмала возраст?

 

Детето е мал голем-човек кој се гради себе си по пример, идентификација со опкружувањето

Желбата, мотивацијата и начинот на доживување на потребата и идејата за читање зависат од два важни фактори кои имале и имаат влијание врз дечињата Тоа се училиштето и домашната средина како фактори за пример, навики и идентификација . Децата кои дружбата со литературата, читањето но и творењето свои лични творби го доживувале и прифатиле како интересна навика уште во училницата, дома исто така со желба и интерес ќе ги читаат лектирите па и други книги или сликовници, зависно од возраста и за време на целиот распуст. Од друга страна, децата кои дома ги гледаат своите родители како читаат весници, литература, енциклопедии, книги, исто така лесно ќе го следат примерот и за нив читањето нема да претставува проблем и мачна обврска затоа што детето расте и учи од она што го гледа а секое дете и свесно и несвесно сака да се идентификува со возрасните и да се доживува себе си како мал голем човек. И многу е важно сето ова да започне рано, уште од третата година на детето преку читање сликовници од страна на родителите, подарување сликовници, изработка на домашни сликовници со слики кои ги цртале децата или со лепење сликички од познати јунаци и творење нивни нови содржини на различни теми. Доколку наставниците и родителите стратегијата за активностите на децата ја направат заеднички, тоа е гаранција за загарантиран успех... 

 УЧИЛИШЕН ПЛАН ЗА КРЕАТИВЕН ЛЕТЕН ОДМОР

Од голема помош би било кога самиот наставник уште на самиот крај на учебната година би споделил со своите ученици ПЛАН за летен одмор. Идеално би било кога тој план за читање лектири, книги и творење би го направил заедно со своите ученици околу себе, како свои партнери кои би се согласиле самостојно и самостојно би предлагале решенија, идеи за игри и активности. Ако детето и самото е вклучено во креирање на обврските тоа повеќе ќе знае да ги почитува и нема да му претставуваат одбивност бидејки и самиот е творец на таа идеја а не добил само наметната, здодевна едукативна обврска. Во текот на планирање на обврските со учениците околу себе наставникот може ненаметливо да предлага свои идеи а притоа да ги консултира учениците за мислење и да им дава избор на активности. Учениците лесно ќе ги прифатат тие сугестии доколку се работи за интересни и забавни креативни активности.

Но дури и кога наставниокот не го предложил ова на своите ученици ова може да остане како добра идеја на секој родител, нешто со што би можел да го мотивира своето дете вежба да чита, пишува и твори.

Предлагам активности во кои читањето, пишувањето, моделирањето и обликувањето се една целина која се надополнува за да се добие севкупен забавен производ со кој лесно и со задоволство ќе се унапредуваат вештините и навиките за читање и литературно творење од најмала воздраст. Така во оваа прилика ќе зборуваме за ИНТЕРАКТИВНИ ЧИТАЧКИ КУТИИ и ИНТЕРАКТИВНИ АВТОРСКИ КУТИИ

1 ИНТЕРАКТИВНИ ЧИТАЧКИ КУТИИ

Ако на децата им предложиме да за време на читањето на лектирата или книгата направат посебна своја читачка кутија, тоа би ги задржало заинтересирани затоа што тука читањето би било придружено и со анализа, правење избор на интерес, ставање акцент на важно, цртање, боење и правење свој производ- ново илустрирано и интерактивно лектирно дело. Така секое дете би имало своја посебна интерактивна кутија со материјали за презентација на секое прочитаната книга. Магична лектира..Читачка кутија или како и да ја наречеме.

 

КАКО ИЗГЛЕДА И ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ЕДНА ИНТЕРАКТИВНА ЧИТАЧКА КУТИЈА?

-Се прави од кутија за чевли, надворешно украсена, нацртана со мотиви од конкретноти дело и со назнака и наслов на делото и име на автор на делото и авторот на кутијата.

-Внатре треба да биде украсена со мотиви од делото, алпликации. моделирани предмети, да содржи природни материјали, песок, камчиња, гранчиња, гравчиња, се во зависност од сордржината на делото, или може и  да е комплетно претставена сцена од некој момент од делото.

-Во неа посебно мора да има  листови или тетратка во кои детето ја раскажало содржина по делови постапно додека читало или може да содржи препишувани интересни реченици од секоја страна, расказ или дел, подредени по ред, зависно за каква книга се работи и за која возраст. Ова е она што посебно треба да се објасни и да се побара од децата  за да се стави акцент на она што е најважно во таа кутија која може подоцна да користи ид страна на друго другарче. 

-Сите ликови од делото изработени како кукли од хартија ставени на стапче или направени од чорап, пластелин и слично. 

-Писма за секој лик посебно, со напишано име на ликот од надвор и во секое писмо опис на по еден лик, детален опис на изглед, постапки, намери, јас кога би бил тој....и слично..

-Листови со нацртани различни сцени од местата на случување на настаните. Како сцени кои би можеле да се стават како позадина додека ученикот подоцна прави сценска анимација со изработените кукли за да претстави некој за него интересен миг од делото. Овие претставувања на местата на настаните немора да се прават само со цртање и боење туку може и со лепење и комбинирање на природни материјали или ликовни техники. 

 

Активноста може да се практикува исто така и за време на целата учебна година. Но било да се работи за активност во текот на годината или за време на летниот распуст и родителот тука има своја улога. Тој треба да ја поттикнува планираната работата и да биде спремен дека детето секогаш нема самото да се сети да пристапи во целост кон овие активности. И самиот треба да се обиде да најде погодни мигови кога ќе седне со своето дете и со особен интерес ќе пристапи кон разгледување на дотогашните записи а сиот ангажман ќе го охрабрува со убави зборови. Да не заборавиме дека и децата како и ние возрасните сакаат да им се укаже почит и да им се даде полет да продолжат да го прават тоа во што вложуваат време, љубов и труд.

 

Од особена важност е наставникот да напомене дека на самиот почеток на учебнатата година училиштето ќе организира саем за презентација и избор на најинтересни ЧИТАЧКИ КУТИИ  а авторите ќе бидат пофалени и наградени. Секако особено мотивирачки би било кога наставникот и сам би имал веќе изготвена таква кутија за некоја книга и кога за време на овој договор со децата би ја презентирал како свој пример или како пример на неко непознато другарче од далечно училиште. Кога учениците би виделе пример на кутија полна со извадоци, слики, цртежи, изработени кукли, нацртани сцени, моделинари предмети кои биле од важност во книгата, секој би посакал за себе да направи вакви интересни интерактивни кутии.

 

АВТОРСКА КУТИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ И НАВИКИТЕ ЗА

ТВОРЕЊЕ, ПИШУВАЊЕ ПРИКАЗНИ ОД НАЈМАЛА ВОЗРАСТ

НО ДА ВИДИМЕ ПРВО, КОЈ Е ПРЕДУСЛОВ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НАВИКИ И СПОСОБНОСТИ ЗА УСПЕШНО ЛИТЕРАТУРНО ТВОРЕШТВО НА СЕКОЕ ДЕТЕ А НЕ САМО НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ: 

Творењето свои авторски приказни е активност на која децата треба да се навикнат уште во прво одделение, преку усно творење и драмско интерпретирање на интересни нови теми поврзани со нови доживувања на интересни ликови од приказните и цртаните филмови. Бидејки децата на таа возраст не пишуваат ниту читаат, за време на ваквите творечки активности задолжително е пред нив на маса или на под да стои како мотивација мала сцена ТЕАТАР НА МАСА направен од природни материјали и ликови од гумени играчки или ликови направени од хартија . Потоа децата врз основа на сцената во чие креирање и сами треба да учествуваат, и врз основа на ликовите кои ги има на неа а не се статични, самите најпрвин усно креираат приказна- Наставникот тука во почетокот помага и поттикнува со прашања од типот-Што би можело да се случива, каде одат ликовите, кој кого го сретнал, што зборувале, некој бил загрижен, како го утешиле и кој, што би можело да се случува следниот ден..да направиме сцена за следниот ден....

Ликовите се подвижни и така децата сами ќе имаат прилика да ги ставаат во интеракција и да креираат дијалози по своја замисла. Кога малите првачиња ќе се навикнат својата фантазија да ја користат за творење на содржини на нови свои приказни, понатаму во следниот период, штом ги изучат буквите тие деца нема да имаат проблем да творат голем број на свои пишувани приказни а посебно интересно ќе им биде ако ги упатиме да изработуваат интераквни читачки кутии за секое свое дело, барем во почетните години на пишувањето. Тие КУТИИ би ги содржеле истите елементи наведени горе во кутијата за обработка на лектира. Разлика ќе биде тоа што треба да содржи детски авторски текст наместо раскажувани или препишувани делови.

 

Она што е посебно интересно за децата од второ одделение но и за другите возрасти исто така е пишувањето на свои бајки, приказни со фантастична содржина, нереалани предмети, ликови, места и настани. Токму тие теми не го оставаат детето рамнодушно и секое се обидува да биде автор на такви, за нив интересни дела. Ова е од особена важност за унпредување на вештините за читање и пишување. Ако детето се доживее себе си како автор на некоја своја приказна која со гордост би ја споделил со други, тоа ќе научи да ги почитува вистинските автори, ќе биде љубопитно да прочита што и како пишувале тие за да се подобри себе си во своето ново дело. Кога родителот со гордост и со интерес ќе го охрабри тоа дело детето така охрабрено во читањето и пишувањето свои прикаски ќе најде интересна игра и нешто со што може да се докаже како способно и пофалено. Со тоа праралено расте желбата и интересот и за читање и за творење, пишување. Се разбира не смееме да бидеме строги кон тие детски дела а корекцијата на грешките треба да ја прават децата никако ние со црвени стила или прешкртување. 

 

ШТО ПОНАТАМУ СО ОВИЕ ГОТОВИ АВТОРСКИ КУТИИ?

Кога еднаш ќе се собере добра одделенска збирка во која секое дете поединечно приложило своја авторска кутија за свој авторски текст, секое дете на различна тема, понатаму наставникот може од време на време да задава задача за пишување нови текстови .

-Ќе избере најпрвин една готова авторска кутија со еден наслов а потоа сите деца од одделението ќе имаат задача да напишат своја нова авторска приказна.

-Да видиме колку и какви се различни приказни можеме да добиеме на една иста тема и со нив да ја збогатиме готовата авторска кутија.

Секој нов автор ќе треба да напише нов текст со нава идеја но треба да ја изработи во форма на МАЛА СЛИКОВНИЦА во која и со илустрации ќе го поткрепи своето дело. 

Потоа тоа истото продолжува со друга кутија и другата тема во неа. Оваа иста активност може да трае долг времесни период а збирката авторски кутии и сликовници треба да се истакне како литературна поставка која ќе биде достапна на сите деца во секое време.

ПРИМЕР ИДЕИ ЗА НАСЛОВИ кои едноставно би ја поттикнале детската фанатзија за литературно творештво а се веќе проверени во нашата пракса и се предлози на моите дечиња:

-Снежана и тринаесетте џуџиња

-Патувањето на неколку морски рипчиња

-Чудното цвеќе кое никогаш не растело

-Црвенкапа и петте вешти бабички

-Јованче, Марика и трите чоколадни куќички

-Чоколадниот вулкан и чудните, слатки подароци

-Изгубениот брод во смешната земја

-Мачорот и единаесетте пара чизми

-Принцезата и десетте зрна необичен грашок

-Јованче и дванаесетте магични зрна грав

-Дедо Мраз и неговите новогодишни желби

-Шрек и Фиона на прошетка низ Битола

-Дедо Мраз и Снежана во селото Волшебниково

 

Верувајте, не постои дете кое нема да сака да направи своја читачка кутија. Потврдено во пракса.

 

Автор: Весела Б Лиценца Криејтив комонс

 Сите права се задржани. Може да се применува со наведување на извор и автор




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024