Игра
Јас
кажувам нелогични тврдења а децата
реагираат и ме поправаат:
-Во
спалната ни стои фрижидерот.
-Мама
прави ручек во собата за дневен престој.
-Јадам
над телевизорот во бањата.
-Креветот
ни служи за скокање и играње.
Тато
ја паркира колата во нашата кујна.

За работа на компјутер(ЗА ВЕЖБАТА ПОГОРЕ)
(уреди ги собите со влечење)
....................................................................................
ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Наставна содржина:
Изработка на оригама-зграда-прва група
Изработка на згради со комбинирани
материјали-втора група
Цели: Оспособување
за обликување од хартија и творење со комбинирање на стандардни и нестандардни
ликовни материјали.Развивање и
поттикнување на креативноста кај децата.Оспособување
за критичност и самокритичност.
Интеграција: Запознавање
на околината,Македонски јазик.
Тип на час:Увежбување
и проширување на вештините.
Поими: Оригама,превиткување,комбинирање,
Ресурси: Картонска
амбалажа од лекови,листови,колаж хартија...
Форми: фронтална,групна,индивидуална.
Методи: Практична
работа,разговор,демонстрирање
Воведни активности
Претставување на целта на
часот и мотивирање преку презентација на модели-изработки од претходната
година.Објаснувам на кој начин се направени и што е користено.
Поставување задача-Да
направиме подобро од претходната генерација-со цел мотивирање кон поуспешна
работа.
Подготовка на материјали и
средства за работа.
Учечко-поучувачки активности
Поделба во две групи-(преку игра-Волшебна торба,извлекуваат апликации со
различни бои па според бојата се распоредуваат на означените места за работа.)
ПРВА ГРУПА-Изработка на оригами-згради,со
превиткување од хартија боење и цртање.
ВТОРА ГРУПА Изработка на згради со комбинирање на стандардни и нестандардни ликовни
материјали-амбалажа од лекови и колаж хартија.

ПОМАГАМ,СЛЕДАМ,НАСОЧУВАМ ПОСТОЈАНО.
СЛЕДУВА РОТАЦИЈА НА ГРУПИТЕ
Евалвациони активности
Правиме макета-град од нашите изработки,ги анализираме своите
изработки и се договараме да ги повикаме на гости педагогот и нашата директорка
по завршувањето на часот