МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Проектна активност “НЕКОЛКУ ЕЗЕРСКИ ТАЈНИ”

Унапредување на вештини за детско социјално претприемништво

 

Активност во соработка со родители и ученици ментори од ОУ ”Кочо Рацин”- с.Ивањевци- Могила и  ОУ ”Кочо Рацин”– Охрид

Автори на проектот- Весела Богдановиќ, ОУ ”Кочо Рацин”- с.Ивањевци- Могила. Виолета Петковска, ОУ ”Кочо Рацин”– Охрид

 

Во реализација на активностите се вклучија и повеќе наставници од двете училишта како и ученици од вишите одделенија во улога на соработници на наставниците и ментори на помалите другарчиња. Соработници наставници- Весна Карадакоска, Милена Танеска, Марија Петреска.
Ученици ментори V одд-Васко Лазаровски, Анастасија Велевска, Димитар Мартиновски, Евгенија Мартиновска

Цели и придобивки од активностите реализирани на оваа работилница:
-Унапрдување на свеста и навики за почит, негување и промоција на природните убавини и културноисториското наследство на нашата земја.

-Стекнување вештини за детско претприемништво во насокка на промоција на убавините и традицијата на познато македонско туристичко место
-Примена на стекнати вештини за соработка, комуникација, толеранција и тимска работа, 
-Менторство на ученици
-Користење на различни извори за собирање информации за промоција 
-Унапредување на детската креативност и вештината за фантазирање, ставени во функција да поттикнат понатамошно креативно литературно творечко изразување (пишување приказни, нови легенди, нови песни, патеписи) и ликовно творештво.

СОДРЖИНА на ЗАВРШНАТА РАБОТИЛНИЦА
- Запознавање со Легендата за настанот на градот Охрид, Легенда за Билјанините извори и како настанал единствениот охридски ЧУН
-Тајната за изработката на единствениот Охридски Бисер
-Сценско оживување на Легендата за настанокот на Охридското езеро
-Подводен свет- Истражувачка активност
-Сценско оживување на народната песна-Билјана платно белеше
-Изработка сувенири од природни материјали и пренамена на отпад

Претходни активности кои ја овозможија оваа заедничка работилница-

-Скајп средби за меѓусебно запознавање на учениците , разговор за убавините на своите места, за важните особености по кои се познати нивните краеви. 2. Договарање на темата за понатмошно истажување. 3. Размена на собрани материјали и договарање на средба во живо.

- Индивидуални истражувања -Ги откривам тајните и убавините на Охрид но и легендите поврзани со Охрид. За таа цел учениците беа насочени да пристапат истражувачки и да вклучат различни извори на информации (разговор со постари роднини, родители или соседи, истражување преку интернет, брошури, мапи..) Целта е децата да откријат што е посебно интересно  а може да биде примамливо за гости од други места.

-Истражување за особености на местото на своите Скајп другарчиња.

-Анализа и учење на песната Билјана платно белеше, подготовка на потреби реквизити, подготовка и изведување на едноствна кореографија.

-Договарање на датум за средба. Припрема на активности (наставниците и родителите во соработка)

Забелешка- Со оглед на малата возраст на ученици кои се водачи на проектот, активностите се креирани согласност со можностите за изведување еднодневна посета.

 

Проектот не застанува со денешната работилница. Понатаму ќе се развива на други локации со размена на искуства и податоци  за убавините и историјата на други места ,организирање литературни и ликовни конкурси, изработка на филмови, брошури и презентации како рекламен материјал за својата земја.  Наша желба е да го прошириме на различни локации и да вклучиме повеќе училишта , градови и села со нивните убавини и културноисториски наследства. 

 

ДА ЗАПОЧНЕМЕ СО ОПИС И ПРЕГЛЕД НА ЗАВРШНАТА АКТИВНОСТ

Воведно меѓусебно запознавање преку игри

Игри-Во вода- на брегот, Погоди лага или вистина

Активноста се изведува фронтално. Децата се седнати во круг или полукруг. На средината е поставен материјал за покажување. Активнсота на води наставникот. Приказните се ставени во посебни шишенца за да поттикнат интерес...Сепак содржината нема да се чита туку ќе се интерпретира во покуса интересна верзија.

СЛЕДУВА ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НЕКОЛКУ ЛЕГЕНДИ ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

(презентација на претходно собрани материјали)

Презентирање на Легенда за Охрид
Се прераскажува дека градот го добил името "Охрид" кога самуиловите воини враќајќи се од една тешка битка, изморени и истоштени, качувајќи се по ридот (на кој е денешен стар Охрид) извикувале "Ох, риде; ох, риде". Со поврзување на овие два збора настанало името Охрид. 

Легенда за Билјанините извори и како настанал единствениот охридски ЧУН (читање порака во шише)
За бистрата вода на Билјанините извори, народот пропеал многу песни, но само една легенда, прераскажувана до ден денешен која се поврзува и со настанувањето на охридскиот чун. Имено, некогаш во дворецот под езерото кај Студенчишта, живеела вилата Езерка, ќерка на дедо Караорман. Вилата Езерка царувала над езерото и постојано им пречела на рибарите, превртувајќи ги нивните чамци а уловената риба ја враќала во езерото. Таа била многу завидлива и еден ден ја грабнала убавата мома Билјана, внука на дедо Чун. Ја однела во својот дворец за да си поигрува со неа. Убавата Билјана цела ноќ плачела од тага и нејзините солзи се претвориле во извори, кои понатаму биле наречени Билјанини извори. Дедо Чун за да ја победи вилата Езерка направил голем чамец. Од една страна веслале 6-7 луѓе, а само еден крмел. Вилата Езерка не можела да го преврти овој голем чамец и со него дедо Чун ја спасил убавата Билјана. Така, по дедо Чун големиот чамец го нарекле чун кој по својата лика е единствен на светот

Следуваа работилници во центри

Децата се почетно распоредни во центрите за работа. Секој центар има свој одговорен домаќин кој ја води работилницата, наставник или ученик-ментор. По договорено време децата ротираат, се додека секоја група не помине ни секоја активност.

Работилица број 1

ТАЈНАТА ЗА ИЗРАБОТКАТА НА ОХРИДСКИОТ БИСЕР

 

1-Запознавање на децата со тајната на мајсторијата за изработка на охридски бисер. Преглед на собрани материјали- 

Тајната за охридскиот бисер грижливо се чува скоро еден век. Извонредната седефна материја како охридски бисер, се добива од лушпите на плашицата, од стомачниот дел и тоа е главно се што може да се дознае за оваа љубоморно чувана тајна.Тајната приказна за потеклото на бисерот тргнува од крлушката на Охридската риба- плашица, но начинот на обработка и рецептот за глазурата е семејна тајна која се пренесува само на машките поколенија. Велат, охридскиот бисер трае вечно...

 

Според кажувањата, во 1927 година во Охрид се нашол некој молчелив и повлечен човек, кој рекол само дека се вика Јован Субанович и дека е Русин. За себе не зборувал ништо друго, така што за месните жители бил само уште еден чуден човек, посебно што најголемиот дел од времето го поминувал целосно сам на езерото.

Тој постојано ги ипраќал и ги дочекувал рибарите и го испитувал нивниот улов. Еден февруарски ден им предложил да му ја продадат лушпата на рибата, која риболовците на нарекувале плашица. Немале ништо против, зашто крлушата и така се фрлала како отпадок иако човекот го барал исклучително делот од стомакот.

Од крлушата чудниот човек направил есенс д'ориент, емулзија од која произвел извонредна седефна материја, подоцнежниот охридски бисер.

Тајната на претворањето на лушпата од плашицата- на една од ендемските видови риби, им ја предал на две охридски семејства. Сакал да остави тројца носители, но пред да стигне да ја каже по третпат го нашле мртов и тоа според лекарскиот извештај, по насилен пат. Никогаш не се разјаснило кој и зошто го убил.

Никој не крие дека седефот се прави од лушпата на плашицата, но тајната се состои во начинот на преработката. Од неколку тони лушпа се добиваат само неколку литри емулзија, но не и кои се потребни хемикалии, или техниката на производството.

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ОХРИДСКИТЕ БИСЕРИ
Охридските бисери се локален обичај којшто остана недопрен од глобализацијата и нема ни да биде бидејќи за нивната изработка се потребни лушпите од кожата на ендемичната риба Плашица која ја има само во Охридското езеро. Причината поради која овие бисери се толку многу посебни е нивната рачна изработка на основа на природни состојки со користење на традиционанални методи.
 
Процесот на обработка на Охридскиот бисер почнува со собирање на големо количество на езерски школки. После тоа најсјајниот дел од внатрешноста на школката се зема во слоеви ( мајка на бисерот). За да се соедини таа смеса се користи хемиски состав кој што е тајна на оваа фамилија. После неколку пати на термичка обработка на таа смеса Охридскиот бисер е готов за полирање. Направен вака, се вели дека Охридскиот бисер трае вечно.
Различните бои на Охридскиот бисер се добиваат со користење на сецијална емулзија. Во таа емулзија се ставаат лушпи на најмалата и најстарата риба во охридското езеро - рибата Плашица. Лушпите се мешаат со специјални бои и хемиски состав кој што исто така е тајна. Лушпите на емулзијата и даваат посебен сјај и тврдост за бојата да не излегува.
Цената на Охридскиот бисер зависи од дијаметарот на бисерот којшто може да варира од 4мм - 16мм, но кога бисерот е комбиниран со сребро или злато, тогаш цената зависи од тежината на накитот.
Денес, Охридскиот бисер се смета за симбол на Охрид којшто секогаш бил најпосакуван сувенир од овој дел на Европа. Освен во Св.Наум, Охридскиот бисер произведуван од страна на фамилијата Ристески може да се најде И во сите поголеми хотели во Охрид

2-Разгледување на материјали, школки, бисери.

Материјали: Бисери, школки, слики од постапка, чепкалки, пластелин, глинамол. Син најлон за подлога.

3. ПРОИЗВОДИ КОИ ИМАМЕ ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ДОБИЕМЕ:

ЦРТАНИ МОДЕЛИ НА НАКИТ-ДИЗАЈН-

ИЗРАБОТКА на НАКИТ  СО БЕЛ ПЛАСТЕЛИН И ГЛИНАМОЛ

ИЗРАБОТКА НА НАКИТ НА ЖИЦА СО БИСЕРИ

Работилица број 2

ИЗРАБОТКА НА СУВЕНИРИ, КУТИИ ЗА НАКИТ И ИНФОРМАТИВНА КНИГА

 

ПРОИЗВОДИ

Сувенир со слика

и

Кутии за накит

 

 

МАТЕРИЈАЛИ

Разгледници или слики од Охрид.

 

Најлончиња за собирање материјали-

 

песок, камчиња- на лице место ке барат децата

 

ножички

 

школки, бисерчиња,

 

картонски кутии од сирупчиња или апчиња-тие ќе се обложат, ке им се направ отвор, па на нив ке се реди песок, камења, по некое школче и бисерче-кутии за накит

 

Течно лепило- Дрвофикс

ПОСТАПКА

-Разгледување на материјалите готови како примери разговор за идеи-КОј каков сувенир видел

 

-Собирање материјали од природата

 

-Изработка нови сувенири

 

-Изложба

 

Работилица број 3 

ЛЕГЕНДАТА ЗА НАСТАНОКОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

 

Децата треба да седат во полукруг,

Нашата задача е- да ја откриеме тајната, легендата, како настанало Охридското Езеро а потоа да знаеме да ја раскажеме на другите другарчиња

На сцена треба да се поставени - куќите од стриропор - езерото од најлон како макета - во езерото има едно шишенце со тајната-легендата и ликови кукли

На почеток опишуваме охридска стара куќа..вака изгледале сите куќи во тоа време, вака се граделе... По овие куќи по овој ти Охрид е познат надалеку. Многу туристи доаѓаат за да ги видат овие страоградски куќи кои ги има и ден денес добро зачувани. Да воочиме по што се разликувале од нашите денешни куќи.

Презентација на Сликовницата 3Д 

Да видиме од што е направена. Од кои материјали . Може секој од вас би можел да си направи дома по една вкава сликовница а потоа со неа да им раскажува за Охрид и неговите тјани и легенди.....да видиме од што е направена.....

Следува- Порака во шише

Ова ми личи на легенда.... Тајната   за настанокот на Охридското Езеро......Слушајте внимателно.. Местото кај што е денеска Охрицкото Езеро во старо време било поле со најубави ливаѓе. Близу до градот Орид имало едно изворче, многу длабоко и напраено како бунар со капак одозгора, да се заклопува како некоја кутија, што да нема влакно од кај да излези, нити да влезе внатре. Градо Орид бил како некое село и бидејќи немало во градот ни чешма, ни па бунар си лееле вода од изворчето, требало убао да го затвори капако. Не оти за да стои чис изворо, ами еден насиет, што му бил оставен на жените и на мажите од дедо – предедо, да го затворат изворот, оти , ако не го затворат, ќе избрзни водата и ќе му го удаи сето поле, можеби и селото. Знаејќи оричани тој стар насиет, со голем мукает го отворале и го затворале изворот, чунки сите верувале оти, ако го остаат отворен капако, ќе избрзни водата, и за вистина тоа и нашло. Од што се страшиш и се плашиш, тоа тоа ќе те најди – што рекле старите, да тоа и нашло и комшиите наши оричани. Се нашла една глупаа невеста што си залеала една вечер вода и од мрза, али од будалштина незина, не го затворила изворот со капакот. Штом се нашол изворот од устината надвор, та си текол , текол целата ноќ и се исполнило сето поле: станало цело блато. Кога се обзорило, отишле жени да си леат вода и што да видат  - сето поле се удаило во водата од изворчето. И не могле веќе да се приберат да си залеат од изворчето вода, ами си залеале открај. Бараа, тражија која беше таа жена што го остаи изворчето отворено, и ја нашле која невеста била, ама што да напраат, олди битти, тоа веќе се стори и не можело да се отстори. Од ден на ден растела водата, растела, дури се сторило цело езеро, како што го гледаме и денеска што е најголемо – Охридско езеро. Марко Цепенков

Следува разговор- Што се случило потоа? Што мислите? Дали се обиделе да ја испразнат некако водата? ...Или правеле нешто друго? Што правеле жителите понатаму? Сега имаат езеро наместо полиња...Што си зборуваме со соседите? Што им било проблем? На што се радувале? (СЕ ВОДИ РАЗГОВОР СО ИДЕИ- ДА СЛУШНЕМЕ НАЈУБАВА ИНТЕРЕСНА ИДЕЈА)

- Запишување интересни продолжетоци..на посебни листови. Сите потоа се редат на хамер еден и ги читаме. 

-ИЗРАБОТКА НА КУЌИЧКИ ЗА СПОМЕН

-ИЗЛОЖБА и презентирање пред другарчињата кои работеле во другите групи

 

Работилица број 4

ПОДВОДЕН СВЕТ-УКРАС ЗА СПОМЕН

 

Започнувме..Ке играме игра- ЗАМИСЛЕНО ПАТУВАЊЕ НА ЕЗЕРО ИЛИ МОРЕ

На секое дете во рака му даваме по една чаша. Потоа ги тераме да мижат а ние им тураме по малку вода од 2 ШИШИЊА, слатка или солена вода.

Ајде сега на наш знак сите малку да лизнете од водата и да ни кажете кој се во овој миг се капи во езеро а кој во море.

Децата лизнуваат и погодуваат- ЗОШТО МИСЛИШ ДЕКА СИ НА МОРЕ? Водата е солена...Ајде да видиме да крене рака кој е на езеро а сега да видиме кој е на море...

 

Ајде кој сака да ни каже што гледа пред себе на море...сите ќе мижиме и ќе си замислуваме...

Ајде сега некој да ни опише какво е езерото, што гледа...

ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ ЕЗЕРОТО И МОРЕТО? Солено, риби во бои, ајкули....

ПО ШТО СЕ СЛИЧНИ, ШТО ИМА СЛИЧНО ИЛИ ИСТО? Песок, камчиња, риби слични

Дали знаете дека најпознатите риби кои живеат во Охридското езеро се Белвица и Пастрмка?

СЕГА ДА ВИДИМЕ КАКВИ РИБИ ЖИВЕАТ ВО МОРЕТО- ЈА покажуваме ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА страна по страна

 

-Се разговара за идејата за изработка на украсот со спомени, разгледуваме пример, како е правен, од што...како може да се дополни со нови идеи...

- Секој индивидулано изработува своја тегличка

-ПРАВИМЕ ИЗЛОЖБА

Работилица број 5

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ПЕСНАТА БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ

ПОВЕЌЕ ФОТОГРА ФОТОГРАФИИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

http://vesevesela.blogspot.com/2015/07/2015.html

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024