Бојан и таинствениот замок- Равенки со непознат број- Второ одделение
Цели и очеувани резултати: Jа препознава примената на симболи за да прикаже непознати броеви. Решава равенки. Kреира свои равенки. Креира и решава текстуални задачи во форма на равенка со непознато. Го проверува одземањето со користење на собирање. Избира и користи соодветни мисловни стратегии за пресметување и ја објаснува постапката како дошол до одговорот. Го користи знаењето за решавање проблеми и загатки и творење задачи.
Време за реализиција- 2 часа следан тек- 1 Математика Вежби и 1 Додатна настава.
Aктивноста ја започнавме со приказна поврзана со забавен работен лист подготвен на две тежински нивоа, полесното за сега за почеток и загревање а потешкото ниво за подоцна. Најпрвин заедно преку интерактивната табла ги разгледавме задачите и решивме неколку непознати облачиња
Им оставив да изберат дали ќе работаат на печатени листови кои ги подготвив за нив или ќе изберат работа на компјутер и интерктивна табла. Судејќи според нивната максимална ангажираност задачата им беше навистина интересна. Самата патека со облаци се "грижеше" за испрвка на грешките што ги правеа учениците, и во текот на решавањето а посебно на крајот со поставениот број со кој мора да се заврши оваа авантура.
Потоа отворив два центри за игра. Тука учениците имаа прилика на два слични а различни начини со тимска работа и соработка да решаваат непознати со собирање и одземање со полни десетки и двоцифрени броеви, да објаснуваат како дошле до решение а одземањето да го проверуваат со собирање на табличка.
ЦЕНТАР 1- Шемата на подот која се користи во оваа активност ја подготвив врз отпадна подлога од голема самолеплива тапета. Подлогата е мазна и на неа може слободно да се пишува со обични фломастери а потоа напишаното лесно се брише со влажно марамче со што оваа подгола може да се користи и понатаму, да се впишуваат различни задачи од различни тежински нивоа и за време на други часови.
Темата на играта е повторно Бојан и таинствениот замок но овој пат наша цел е утрово да го одведеме во посета на замокот кај замислен пријател. На овој начин , со тема како приказна на дечињата им е интересно и забавно а математиката станува игра дури и кога ќе се сретнат со задача која има е потешка во моментот. Низ оваа патека се поставени разни форми со што децата се навикнуваат дека различен знак и поле може да заменува непознат број.
Задачите почетно ги запишувам јас а потоа на нив останува да ги откријат непознатите броеви во патеката, со собирање и одземање и проверка на одземањето со собирање. За потребите на некои ученици на располагање имаме табела 100, доколку ја изберат како помошно средство. Нема правила за начин на собирање или одземање, децата сами одлучуваат за начинот на решавање, индивидулано но мора да го објаснат гласно зошто на тој начин можеби некој друг ќе открие дека така и нему би му било полесно.
ЦЕНТАР 2- Овој тим работи малку поинаку и на малку посложен задача која бара меѓусебна соработка на високо ниво. Има за цел самиот да направи патека со наизменична работа- Еден поставува задача другиот ја решава непознатат и тнт. Почетокот го започнувам јас со неколку гранки а потоа дечињата продолжуваат сами со намера да направат што повеќе патеки па дури и патеки кои не водат никаде освен во едно место кое не е цел но имаат точно решение. Крајна цел е и тука да се стигне до замислениот замок кој е многу многу "далеку",скриен и многу завиен.
За потребите на некои ученици на располагање имаме табела 100, доколку ја изберат како помошно средство и табличка за проверка на одземањето преку обратно собирање. Децата по извесен период според моја проценка, ротираа низ двата центри и ги продолжуваа задачите на претходната група но прво вршеа проверка на претходно сработеното.
Потоа дечињата имаа задача самостојно да креираат текстуални задачи
и да ги решаваат со замена со партнер
Повторно со задоволство се обидуваа и беа навистина успешни а верувам дека како посебна мотивација и поттик за нив беше тоа што според нашиот договор требаше да креираат задачи во кои Бојан имал некој проблем во таинствениот замок или некој од Штрумфовте нешто загубил и слично. Креирањето текстуални задачи и нивното решавање се навистина интересна, поприфатлива и навидум полесна задача кога се поврзани со една тема, ликови или приказна одошто кога се задаваат со мешана тематика (цветови, моливи, деца и слично)
На крајот на вториот час дечињата индивидулано го решаваа вториот дел со патека од повиско ниво и повторно на располагање имаа тамела 100 за оние кои си ја избрале како помошник за полесно пресметување.
ДОМАШНА ЗАДАЧА
Следниот ден го започнавме со меѓусебна проверка на патеките кои дечињата ги креирале и решавале дома. Интересно беше што некои учници во својата патека се ограбриле д вметнат и множење и делење.
|