МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     
ПРОЕКТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
-СНИМАЊЕ НА ДОБРИ УЧИЛИШНИ ПРАКТИКИ-

Како круна на залагањето и активната работа на огромен број на наставници ширум нашата земја со што се создаде огромна збирка на видео записи од часови за само неколку месеци,на 06.07.2011 во Скопје -Кинотека на Македонија, беше одржан Државен Филмски фестивал а жири комисијата имаше верувам претешка задача да реши кои од видеата ќе бидат прикажани овој ден поради исклучителниот квалитет на сите изготвени и испратени видео записи .Од прикажаните 19 прекрасни часови,првата награда дојде во мои раце и сеуште се радувам))

Winner of the Audience Choice Award at the PEP Film Festival, 
Весела Богдановиќ, Кочо Рацин, с.Ивањевци, Могила,
"КАКО ПТИЦИТЕ СИ ПРАВАТ ГНЕЗДО"


 

Им се заблагодарувам уште еднаш на моите колеги кои гласаа за нас и покрај навистина огромен број на прекрасни видео записи,...На ПЕП И УСАИД кои ни го овозможија сето ова и не научија како се работи,соработува и напредува во својата работа... Благодарам наМаја,Вики,Ана,Сузе кои секогаш сте тука за нас со својата помош,совети и поттик.Посебно би сакала да и се заблагодарам на мојата советничка Лидија Кондинска која после присуство на мои часови ми го отвори патот и ме предложи да бидам член на втората грпата обучувачи за снимање часови на добра пракса со што ми овозможи да работам, соработувам и учам од најдобрите.


 


Благодарение на Ана Пискачева која го подготви следниов видео запис,имаме драг спомен од случувањата на тој возбудлив ден .


 

 

ПЕП Новости

 






..

 

 





 

Македонските наставници зачекорија по црвениот тепих

 

Напорите на ПЕП за поттикнување на различните начини на професионален развој на наставниците, резултираа со серија обуки низ целата земја, на кои повеќе од 750 наставници се запознаа со видеото како медиум за споделување на добри наставни практики, за самооценување и оценувањето на колеги како и зајакнувањето на он-лајн соработката. УСАИД обезбеди 165 флип камери за училиштата во Македонија.

Активноста за снимање на добри наставни практики започна како пилот проект за 42 наставници кои ја посетија обуката на ПЕП за користење на флип камера. Обучените наставници започнаа со дисеминација на знаењето меѓу останатите колеги и така се достигна бројката од 750 обучени наставници. Како резултат на обуките, наставниците создадоа богата колекција на снимени наставни часови кои ги споделуваат со другите колеги преку Заедницата за размена на искуства на Фејсбук - School Video MK.

Но, оваа активност беше однесена и чекор понапред – ПЕП ја поддржа идејата на наставниците да се организира настан на кој наставниците ќе добијат можност да ја покажат нивната работа и креативност во користењето на флип камерата и да го споделат нивното искуство со други училишта од други делови на државата.
ПЕП Филмскиот фестивал, прв настан од ваков вид организиран во земјата, се одржа на 6 јули во Кинотека на Македонија. Повеќе од 250 наставници, високи претставници и гости зачекорија по црвениот тепих и присуствуваа на Фестивалот. Директорот на УСАИД мисијата во Македонија, Роберт Вурц и министерот за информатичко општество и државна администрација, Иво Ивановски, се обратија на публиката.

,,Технологијата игра важна улога во образованието, особено во обезбедувањето пристап до информации и подготвувањето на учениците за професиите на иднината.  Користењето на технологијата од страна на учениците зависи од способноста на наставниците да ја интегрираат технологијата во нивната настава. Овој филмски фестивал е доказ дека наставниците во Македонија веќе ја имаат таа способност,” рече директорот на УСАИД мисијата, Роберт Вурц.

Од вкупно 147 видеа кои пристигнаа во последните дваесеттина дена , беа избрани и прикажани деветнаесет. Ставајќи се во улога на актери, сниматели, монтажери и режисери, нашите наставници ширум ги отворија вратите на нивните училници, дозволувајќи ни да влеземе и ѕирнеме во нивното шаренолико секојдневие кое заеднички го креираат со нивните ученици.Ставајќи се во улога на актери, сниматели, монтажери и режисери, нашите наставници широко ги отворија вратите на нивните училници, дозволувајќи ни да влеземе и ѕирнеме во нивното шаренолико секојдневие кое заеднички го креираат со нивните ученици. 
По прегледувањето на сите видеа, публиката го избра својот фаворит - видеото: ,,Како птиците си прават гнездо” снимено и изрежирано од Весела Богдановиќ, наставничка во прво одделение во ОУ 
,,Кочо Рацин” с. Ивањевци, општина Могила. 
ПЕП Филмскиот фестивал беше можност за промоција на работата на Весела, наставничка, која доаѓа од мала, рурална средина, и која доби шанса да ја претстави својата исклучителна работа и истовремено да ги види новите наставни практики прикажани од нејзините колеги од целата земја.

 



 

 

 

 

 

 

 

 

 

studija na slucaj ivana 001.jpg

Повеќе од 250 наставници и др. гости присуствуваа на ПЕП Филмскиот фестивал

studija na slucaj ivana 002.jpg

Наставниците на црвениот тепих на ПЕП Филмскиот фестивал

studija na slucaj ivana 012.jpg

,,Министерството за информатичко општество и администрација дава целосна поддршка на оваа иницијатива. Ја поздравуваме мотивираноста и ентузијазмот на наставниците за оваа активност.Среќни сме што сме сведоци на овој успешен и интересен настан денес и ќе направиме напор овој Фестивал да стане традиција во следните години,” рече Иво Ивановски, министер на МИОА

studija na slucaj ivana 014.jpg

Весела Богдановиќ, возбудена по добивањето на наградата од публиката, се обрати на колегите кои го избраа нејзиното видео: ,,Флип камерите се мали, но многу моќни образовни алатки. Видеата што ние ги правимеможат да ни помогнат во самооценувањето и оценувањето на другите колеги, што ја подобрува нашата наставна пракса”.

 

Приклучете се на Заедницата за размена на искуства на Фејсбук -SchoolVideoMK за да ја просведошите возбудата кај наставниците пред и по ПЕП  Филмскиот фестивал.  Ова се неколку мисли од наставниците споделени таму:

,, Денес се чувствував како филмска ѕвезда додека газев по црвениот тепих. Честитки за нашиот прв Филмски фестивал. Честитки до сите од ПЕП. Посебни честитки до колешката Весела, која денес беше највесела од сите! Со нетрпение ги очекуваме следните фестивали” – Весна Станојевиќ, наставничка од ОУ ,,Истикбал’’, Тетово. 
________________________________

,, Посебен поздрав до тимот на ПЕП и прекрасната организација на првиот филмски фестивал на видеа што прикажуваат добри пракси.Честитки до сите учесници на фестивалот и на победникот кој го избра публиката – Весела Богдановиќ. Се надеваме дека и понатаму ке ги споделувате свиоте добри пракси на SchoolVideo.mk” – Светлана Бобевска, наставничка од ОУ ,,Блаже Конески’’, Велес.


На страната на ПЕП можеме да ги погледнеме сите часови кои учествуваа во оваа голема манифестација и кои придонесоа да имаме огромна збирка на часови кои ќе ни овозможат да учиме едни од други и да соработуваме мегусебно со размена на идеи и совети од наставната пракса.

http://www.pep.org.mk/en/film/film.html

Сите останати кои поради краткото време не беа опфатени со проектот или не стигнале да се пријават на конкурсот,своите часови редовно ги објавуваат на страната   http://www.facebook.com/schoolvideo.mk ,страна наменета за наставен кадар која претставува богат прирачник за работа во основно образование.

   






NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024