МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Математички вежби со Пиши-бриши, забавни и чудни тетратки 

Пренамена на отпаден материјал како дидактичко средство

 

Врз овие сребрени подлоги, пиши-бриши тетратки, како што ги нарековме ние, можеме да пишуваме неограничен број пати, со обичен фломастер (не со ацетонски) Потоа со влажно марамче лесно се брише и подлогата е спремна за нова вежба во истиот миг. 

Претходна подготовка- Направете мала акција за собирање на празни и чисти кутии од сок, млеко, јогурт. Предложете секое дете во период од неколку дена да донесе по неколку вакви кутии затоа што тие можат да имаат и други креативни а едукативни намени кои ќе им бидат забавни на дечињата и понатаму.  За денешнава активност заедно со нив со сечкање со ножички подгответе ги шемите за работа. Ќе им биде интересно самите да учествуваат во подготовка на свои средства за работа со пренамена на отпаден материјал. Така и во иднина ќе имате партнери кои рамно на Вас добиваат идеи за олеснување на наставниот процес, поттикнувани од разни ненаставни средства од околината. 

 

Капакот од секоја кутија оставете го во целост, без расекување, за да може кутијата со него да се затвара по потреба, штом се спојат страниците повторно. Исто така со него може да се игра со криење на почетникот број во средината а друг ученик да погодува од кој скриен број започнало другарчето да гради низи со различни зголемувања, како загатка- Оваа идеја, за искористување на капакот, ја слушнав од мојот ученик Филип за време на активноста. Го сослушав што сака да ми каже, возбуден и среќен, се израдував искрено на неговата идеја а потоа му дозволив да ја објасни играта на другарчињата и да си ја играат во парови за тоа што токму таа идеја во целост ги помагаше целите за разбирање на зголемувањето и намалувњето на вредноста на броевите во обем на 1000. 

 

Moжности, идеи за активности, цели и очекувани резултати од наша примена која ја споделувам во оваа прилика: 

Одредува за 1,10,100 повеќе/помалку од двоцифрени и трицифрени броеви и на тој начин продолжува замислени низи на броевите од 100 до 1000. Запишува мој замислен трицифрен број според усни инструкции за положба на цифрите на место С Д Е. Подредува по големина три извлечени боја. Го наоѓа местото на трицифрениот број во бројна низа на стотки и десетки. Ја знае вредноста на секоја цифра во трицифрен број и го објаснува тоа.

Активностите се изведуваат во центри во кои децата се почетно распоредени по случаен избор а понатаму ротираат со свое темпо и избор на следна активност или по проценка на потреба од страна на наставникот кој следи. 

 

 АКТИВНОСТИ:

За увежбување на стекнати претстави најпрвин започнавме со 3 забавни игри, поставени во три центри со слични задачи: Игри со задачи кои бараат проценка на вредноста на трицифрен број во споредба со други два извлечени броеви:

 1- Подредува по големина три трицифрени извлечени броеви

Потребни средства- Табла или лист со три табели, сад во кој сме измешале кокос, ориз, грав и трицифрени броеви. Играта може да се игра со подредување на три извлечени броја од иста стотка или во садот може да бидат измешни броеви од различни стотки.

Во нашиот случај истовремено играа три играчи но бројот на играчи може да е и поголем. Прво едното детенце извлекува 3 трицифрени броеви, ги именува и распоредува на табличката, најголемот прв, под бројот 1 и тнт. Останатите следат и помагаат ако има потреба. Потоа на ред е следниот играч и така во круг.

 

2-Запишување низа после извлечен број 

Средства- Пластични или метални капаци од тегли врз кои може да се пише и брише за секоја следна вежба со секој нов извлечен број, сад во кој сме измешале трицифрени броеви од различни стотки во обем на 1000. 

 

И овие капачиња се интересни на дечињата, за разлика од пишување низи во обична тетратка па во целост го привлекуваат вниманието и канат на учење низ игра. Децата на располагање имаат и табличка на која додека еден ја реди низата со капчиња и запишува во нив, друг ја запишува низата на табличката а потоа си прават спредба. Понатаму си ги менуваат местата и повторно пишуваат низа за следниот извлечен број. На овој начин, со вакви капачиња може да се вежба и пишување низа со зголемување или намалување за 2, 5, 10, 100, од извлечен број.

 

3-ИГРА НА СРЕЌА

Ова е едноставна игра со задача која бара проценка на вредноста на бројот во споредба со два извлечени броеви. Во садот се измешани броеви од различни стотки во обем на 1000. Децата истовремено извлекуваат број со мижење а потоа проценуваат кој извлекол најголем а кој најмал број. Поените ги запишуваме во листа а поен добива само детето кое извлекло најголем број. Потоа се повторува постапката 10 пати и се собираат бодовите.

 

4- Запишување замислен трицифрен број

според усни инструкции за распоред на цифри на место на С Д Е .

Прва варијанта-Пример-Запиши број кој на местото на десетки го има бројот 7, на место на единици има тројка а на место стотки стои бројот 6. Кој е тој број? 

Втора варијанта- Пример-Јас замислив број кој има 7 единици, 6 стотки и 3 десетки..Кој е тој број?

Трета варијанта во комбинација после првите две- Запиши ги сите броеви што можеш да ги формираш со разместување на почетно зададени цифри. Потоа покажи кој е сега најголем а кој најмал од новите трицифрени броеви кои ги доби.

Вежбите може да се работаат индивидуално, секое дете врз своја шема или во парови и групи со менување на дечињата во улога на ментор кој кажува свој замислен број или цифри за формирање најмали или најголеми трицифрени броеви. На овој начин дечињата согледуваат факти и вежбаат примери од кои се гледа како една иста цифра може да има вредност на стотка, десетка или единици, во зависнот од тоа на кое место во трицифрениот број се наоѓа.

 

5- ИГРА СО КОЦКИ и ПИШИ-БРИШИ ТЕТРАТКИТЕ

На располагање имаме три коцки. Иако сме ги обложиле во три бои за да ни бидат убави, боите не означуваат дека со секоја посебна боја се добива посебна вредност на ДС или Е, туку секогаш си ги вртиме по желба и тогаш во мигот пред завртување детето гласно одлучува што сака да добие по завртувањето (дали врти за да добие вредност на ДС или Е). На нив се запишани мешани, случајни броеви од 0 до 9, затоа што на една и онака би собирало само 6 броеви. Со завртување на коцките добиваме трицифрен број а потоа го разложуваме за да ја објасниме и докажеме неговата вредност на следниот начин, интересен за дечињата:

 

5- Во следната игра дечињата извлекуваа еден број од 100 до 1000 и имаа задача да го стават во средината на празната шема а потоа шемата да ја пополнат соодветно со запишување броеви, со зголемување и намалување за 1 и за 100 во ОБЕМ НА СТОТКИТЕ ДО 1000

 

И Зголемување и намалување за 10 и 1 во рамки на ЕДНА ИСТА СТОТКА, било која

Овие така наречени Пиши-бриши тетратки, се наше омилено средство за учење. Може да се применат и во второ одделение при изчување на вредноста на броевите во обем на 100. А како ги кориситиме на часовите по македонски јазик ќе ви покажеме низ неколку други забавни примери, опишани на оваа страна.




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024