МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Автор Весела Б

 

ВИСТИНСКО ВОДЕНО-ЧИТАЧКО ИСКУСТВО ЗА ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ- НИЗ ИГРА СО “ВОДЕНИ ЧИТАЧКИ КУТИИ”, ОСТРОВИ, КАМЧИЊА, РИБИ, ЖЕЛЧИЊА И РАКЧИЊА И НЕКОЛКУ ИДЕИ ЗА КРЕАТИВНИ ЛЕТНИ АКТИВНОСТИ ПОВРЗАНИ СО НАШАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА.

Драги пријатели, содржана од овој прилог вклучува различни активности и игри кои овозможуваат развој на клучните вештини на 21 век кај дечината на возраст од 3 до 8 години а за нивна реализација потребна е претходна поставка на 3 центри: Читачки, истражувачки и центар за развој на тимски дух и унапредување на сонзомоторни вештини.(Теми-Mоре, река, езеро) За време на сите активности се одвива паралелна  презентација на идеи и постапки за изработка на бесплатни домашни образовани ресурси за унапредување и поттикнување на читачки и математички вештини и интереси ,а за време на сите активности се презентира и користи домашно изработена сликовница, како идеја за родителите и дечињата. На мое огромно задоволство и радост, приказната “Морските авантури на госпоѓицата Жолтоперковска  беше со воодушевување прифатена од страна на дечињата кои учествуваа на работилницата во Народна Универзитетска Библиотека Битола и во игротеката Киндерленд. Ја напишав на почетокот на летниот одмор, мотивирана од гумените рипчиња на мојот малечок внук Лео и неговата радост за игри со водата во кадичката за капење. На моите ученици редовно им кажувам дека секој човек, голем или мал, може да биде автор на приказни затоа што единственото нешто што е потребно за таа цел е поседување на фантазија која секој од нас ја има во себе во огромни количини. Во оваа прилика ќе се задржам на опишување на повеќе различните активности кои можат успешно да бидат реализирани со дечиња од различни возрати, во интеграција со оваа моја омилена приказна, а истите не бараат недостижни средства и услови за реализација, можат да се сработаат како поврзана дневна тема или комбинирани. 

  

АКТИВНОСТ 1. ИГРИ КРАЈ РЕКАТА-

Средства- син најлон(река), во „реката„ неколку риби и различни отпадоци, риби од хартија за секое дете по една, песничка, текст(прилози во текстот подолу)

1.Техника „Зборови во акција„ изведување стихови со движење и имитации. За оваа цел секое детенце добива по една риба од хартија. Песничката ја рецитира едукаторот, дечињата полека се запознаваат со содржината и при секое ново рецитирање ги повикуваме да се вклучат и со рецитирање и со имитирање на содржината. Оваа активност трае во зависност од интересот на групата и по проценка на едукаторот. Песничката и самиот начин на изведба ја прават активноста забавна од самиот почеток.

„Едно рипче бело во калта се скри.

Ајде, ајде Пеце да го фатиш ти!

Јас сум рибар силен-рече Пеце мал

и раката веднаш ја стави во кал.

Но, нешто го штипна за малиот прст

и рибарот летна да избега прв„..

  

-Следува читање на текстот“Рипчето кое сонувало чиста река кој го напишав според мотив од приказната „Taжното езеро„ од Душица Бојович. Текстот се пренесува со примена на едукативни драмски техники “Подвижна пантомима” и “Зборови во акција” со кои и дечињата се ставаат во улога на партнери во читачкиот процес во моментот додека го слушаат текстот: 

"Тука во реката некогаш живееја многу мои пријателки, сестрички и братчиња и сите заедно си игравме весели игри, еве вака- Скок-шлап..скок-шлап..(дечињата ги имитираат движењата) Гоооре видоко...долу длабоко..Горе видоко-долу длабоко.(дечињата ги имитираат движењата) Од реката можев да го видам Зајко доаѓа тука и како пие вода а потоа скок, скок, скок, скок, весело скока.(дечињата ги имитираат движењата) Дури и Баба Мецана доаѓаше тука да се напие вода, полека со бавни чекори, десна, лева, десна, лева...(дечињата ги имитираат движењата) Дечињата често доаѓаа тука и си играа  подавање со тока-фрлај далеку- фаќај, фрлај далеку-фаќај..(дечињата ги имитираат движењата) Шут со лева, шут со десна, шут со лева, шут со десна..(дечињата ги имитираат движењата) Но сега реката е многу нечиста. Мириснете колку лошо мириса. (дечињата ги имитираат мирисање на реката)Погледнете колку отпадоци фрлаат луѓето во неа..Ниту срничката ниту Зајко ниту Баба Меца веќе не доаѓаат тука а многу од моите пријателки риби си заминаа да живеат во една чиста река, онаму во полето далеку. Тука останав јас и моите сестсрички и братчиња но и нам ни е тешко да живееме тука. Ќе сакате ли некако да ни помогнете? Како би можеле да ни помогнете? ( Ќе го исчистиме ѓубрето...Можеме да им кажеме на луѓето на не фрлаат ѓубре.....) Завршуваме со кратка анализа на проблемот и чистење на нашата река. Сите дечиња имаат задача да помогнат во расчисување на отпадоците а на крајот сите заедно гласно, неколку пати даваме ветување дека ќе се грижиме за природата...Користиме реченици кои ги предлагаат дечињата во истиот миг....

 

АКТИВНОСТ 2

Драмско читање на приказната “Морските авантури на госпоѓицата Жолтоперковска Автор Весела Б - Забавна и поучна авантуристичка приказна за пријателството и прифаќање на различностите. Приказната беше читана со паралена сценска интерпретација на импровизирана мини сцена на подот. 

  

Средства: Море од син најлон, неколку риби од хартија на него, ликовите од приказната ставени секој во посебно најлонче со вода, големо пресечено шише полно со вода, брод, остров..

Но, прво започнувам со претставување-читање на имињата на ликовите од приказната.

 

Штом дечињата ги слушнат имињата на ликовите преминуваме на нов предизвик- АЈДЕ ДА ОТКРИЕМЕ КОЈ Е КОЈ и каде е....Која би можела да биде госпоѓицата Црвеноперковска? Ги подигам полните кесички и ги поттикнувам дечињата да откриваме заедно. Имињата на ликовите можат многу да ни помогнат но треба да бидеме внимателни затоа што неколку разлики во имињата се навистина важни за правилна идентификација. Штом откриеме кој е кој, ги враќам кесичките на свое место, распоредни низ морето и ги повикувам дечињата внимателно да ја слушаат приказната и да бидат спремни да ми помагаат во миговите кога ми е потребна нивна помош. 

Следува читање на приказната Авантурите на госпоѓицата Црвеноперковска ”од страна на едукаторот.

За време на читањето дечињата се повикувани да повторуваат дијалози за да им биде забавно..имитираат пливање на рибите, скокови и слично...Едукаторот додека чита сам открива погодни мигови во приказната и сам проценува колку мигови ќе искористи за анимирање на дечињата а сепак содржината да го задржи својот тек.

 

Секако по завршување на приказната следуваат прашања..На кој му се допадна мојата приказна? Колку морски пријатели запознавме? Кои се тие?  Зошто Жолтка трганала на патување? Кого го сретнала прв? Што се случило потоа? Што и кажале на Госпоѓата Желка? Што би и кажале вие да сте на нивно место?.....итн...Прашањата се конструираат зависно од возраста на децата.

 

Следува напореднa анализа со опис на ликовите-Повикувам дечиња по ред, ги вадиме ликовите еден по еден од најлонче, секој лик прво го опишуваме, него и неговите постапки.. Потоа го ставаме ликот во вода, во големото шише- Заеднички дом на сите наши нови морски пријатели. Кога ќе стигнеме до делот каде  рибите не ја примиле желката во друштво ги прашувам- Што да правиме, да ги пофалиме или искараме за оваа постапка? Зошто не е добра нивната постапка? Овој дел го завршуваме со анализа на пораката и раскажување по аналогија, примери од секојдневни животни ситуации.

АКТИВНОСТ 3- ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ-ПЛИВА ИЛИ ПОТОНУВА

 

Средства- пластични, дрвени, хартиени и метални предмети, ликови и предмети од приказната, сад со вода. Активноста се реализира на следниот начин:  Едно детенце одбира предмет од купот со предмети, го опишуваме, материјал од кој е направен, тежина, претпоставка(ќе плива или ќе потоне), проверка во вода, разговор-заклучок...следен предмет...

   

АКТИВНОСТ 4- Спаси го рипчето-

Игра за унапредување на тимски дух, разбирање на важноста од соработка, вежби за ситна мотирка и координација. Средства: два садови со вода, камчиња обоени како рипчиња (може и необоени, грав, од хартија...)

Играта се игра како натпревар помеѓу два пара. Секој пар има свој сад со вода и еднаков број на риби за спасување на подот (3-5) Паровите имаат задача да ги вратат избеганите рипчиња од подот во езерото. Но, секое дете смее да користи само по еден прст. Така парот мора да увежба правилна координација и синхронизација на движења (прстето од едното дете и прстето од другото дете) за да успее да го подигне рипчето и да го однесе во водата. Останатите дечиња ја следат и охрабруваат активноста наизменично, за едниот и другиот пар.. 

   

 

АКТИВНОСТ 5- Подводна криенка- Работен лист

 

 

 

АКТИВНОСТ 6-Водена линија 

Средства: Две големи лажици, чашки по една за секое дете, 2 шишиња со вода, два празни садови за вода.

Играта се игра во два тим застанати еден наспроти друг(тунел) Целта е брзо и прецизно пренесување на водата. Варијанти за игра :

Игра со лажици: Секој тим добива по една лажица полна со вода. На даден знак двата тима започнуваат со подавање на лажичката од едниот до другиот крај на линијата од дечиња. Победник е тимот кој прв ќе ја пренесе лажичката со вода. Активноста се повторува во зависност од интересот на дечињата.

Игра со чашки- Секое дете добива своја празна чаша. Првото дете од секој тим добива шише со вода и задача да ја полни првата чашка до него  во текот на играта. На крајот на двата реда стои по еден празен сад или шише со инка за прелевање на водата. Целта на играта е брзо пренесување на водата од едното во другото шише со претурање на водата од чашка во чашка во линија(тим)

  

ПОРАКИ НА ДЕНОТ:

-Природата е наша и ваша

-Различни или слични сме исти.

Автор и реализатор Весела Б 2015

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024