МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

"Тегличките- раскажувачки" стимулираат литературно творештво

 

Дидактичката стимулација е моќна метода која секогаш со успех го освојува интересот, вниманитето и концентрацијата на дечињата, со што дирекно го помага реализирањето на целите, независно од тоа за кој предмет или цел станува збор. Примената на оваа метода не е ограничена за мала возраст на ученици иако често се мисли дека намената е соодветна само за почетното одделение и предучилишната возраст. Напротив, сите деца без разлика на возраста подеднакво ја доживуваат како инспирација која им овозможува унапредување на идеите и вештините за ставање на креативноста во функција на учењето.  Успехот на дидактичката поставка е уште поголем доколку во нејзината изработка ги вкучиме и самите дечиња за кои ќе биде наменета. Токму таков пример опишува активноста во прилог.

Содржини и цели на активноста: Изработка на дидактички средства за креативна стимулација -"Теглички- раскажувачки" , украсени со ликови и предмети кои би сакале да ги искористиме како ликови и предмети при пишување приказни. Вежби, пишување авторски приказни со ракописна латиница.

 

Време за реализација: Два часа слеан тек.(Едукаторот може да избере дали за таа цел ќе искористи два часа по македонски јазик или ќе направи спој 1+1 со часот по ликовно образование, согласно можностите кои произлегуваат од неговата програма за работа) Истата активност одговара за работа во рамки на дополнителна или додатна настава. 

Средства: -Неколку празни теглички за работа во групи(2 до 7 ученици) Во нашиот случај за работа во две групи потребни ни беа две празни теглички.

Пластелин. Сечени лентички за пишување зборови. Слики за почетна демонстрација

ЧЕКОРИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА

1. Започнуваме со ИГРАТА „Гледам цела приказна„- Учениците се делат во групи кои од сега ќе ни бидат спремни и за понатамошниот тек на активностите. Секојa група најпрвин добива по една слика("телевизор") Учениците имаат 3 минути да ја разгледаат сликата и да замислат брза приказна според она што можат да го видат. Едукаторот поттикнува со насоки: Што забележувате на слика, какво место, кој е таму, како се чувства ликот според изразот на лицето, каде би можел да оди, што би можеле да разговараат ликовите на сликата, каде биле претходно, каде следно би заминале, што следно би правеле...

 

2.Потоа следува брза презентација. Секоја група го покажува својот „телевизор„ на останатите групи и се обидува да раскаже куса приказна при што сите членови на групата имаат право да помагаат па дури и да ни раскажат своја куса верзија, после излагањето на презентерот на групата.

3. Сега е време да ги замениме нашите „телевизори„ со нешто ново и интересно, наменето за иста цел. Групите се ставени пред нов предизвик- ИЗРАБОТКА НА ТЕГЛИЧКИ СО НОВИ СЦЕНИ ЗА НОВИ ПРИКАЗНИ. Секоја група добива по една тегличка и пластелин за работа. Дечињата во секоја група имаат задача да се договорат околу темата на тегличката, ликовите и предметите со кои би сакале да ја украсат а воедно и да си ја поделат работата помеѓу себе. Тегличката може да содржи и додатни елементи кои би стоеле околу неа.

 

Во нашиот случај, понесени од подготовките за Новата година и зимата, и двете групи подготвија зимски сцени. 

 

4. Штом помине времето за украсување на тегличките, сите теглички(во нашиот случај двете теглички од двете групи) ги изложуваме на било каков поширок простор до кој понатаму децата би имале лесен пристап.(На неколку споени масички, на под, или на различни масички..соодветно за работа на децата во одделението, според нивниот број) Нашите зимски теглички ги поставивме на бели подлоги(снег од хартија) и дополнително ги збогативме со снег од брашно околу нив.

5.Сега дечињата ги делиме во нови мешани групи и секоја група започнува да работи со тегличката поставена во групата. Децата од секоја група имаат задача да запишуваат зборови или куси решеници(наслови) на посебни ливчиња кои се достапни на масата.

 

Секој збор или реченица треба да произлезе од она што може да се види на тегличката но на дечињата им е дозволено да бидат креативни и да ја искористат и својата фантазија при запишувањето на зборовите или речениците. Пример-На тегличката стои црвено чорапче, децата можат да запишат- магичното црвено чорапче...Снешко-Снешкото со многу желби. Облак-Облачето кое криело интересна тајна...Едукаторот со еден пример ја објаснува оваа задача која понатаму секој ученик ја работи самостојно но секој сепак мора да соработува со останатите членови од групата за да нема повторување на записите и полесно да се оди кон стварање на целина од која понатаму може да се творат приказни. 

 

6. После 5 минути следува ротација на групите. Овој пат децата прошетката во новата група ја прават со цел да ја разгледаат новата тегличка и да ги прочитаат запишаните реченици и зборови  затоа што подоцна секој ученик ќе треба да си одлучи за која тегличка сака да напише приказна. Тие ротации за запознавање со идеите траат додека секој не се врати на почетното место

7. Сега е време за творење, пишување авторски приказни. Секој ученик треба да застане на масата со тегличка, зборови и реченици за кои се одлучил да пишува. Речениците и зборовите служат како почетни идеи кои треба да се вклопат во една приказна. Интересно е тоа што на ваков начин, за иста тегличка, исти зборови и реченици добиваме сосема различни продукти, нови авторски приказни од секое детенце.

 

8. На крајот активноста ја завршуваме со читање на приказните, поправка на правописни грешки, совети за подобрување на структурата на речениците(секаде каде има потреба) 

 

8. Тегличките од утре ќе бидат „дом-збирка" за новите приказни. Денес секој автор има домашна задача- да направи корекција на своето дело, втора крајна верзија во која ќе ги примени советите за евентуалните пропусти или можеби и ќе ја збогати содржината со нови идеи.

 

Обидете се и Вие, навистина е интересно. Дечињата со нетрпение ќе го очекуваат следниот миг кога на ваков или друг креативен начин ќе имаат прилика да творат користејки ја својата фантазија и стекнатите вештини за пишување. Вакви и слични активности можат да бидат забавна тема за организирање на работилници со родителите, другарчиња од повеќе одделенија или на ниво на целото училиште за време на обележување на пригодни настани, како на пример Денот на жената, Денот на пролетта...Или за почеток, најпрвин Вие украсете своја тегличка со која ќе ги поттикнете дечињата да пишуваат мотивирани од сцената претставена на неа..




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024