Ритмички игрозборки
Тоа се оние игри со зборови , интересни текстови проследени со шлапкања на рацете или други движења. Додека се изведваат децата се обидуваат да ги изведуваат со што поголема брзина и притоа да не направат грешка нити во зборовите нити во движењата. Ги измислил народот и се пренесуваат од колено на колено многу генерации. Секоја генерација ги прилагодува текстовите ставајки имиња на нови јунаци од цртани филмови или актуелни теми. Се играат во различни села и градови, секаде со по некоја карактеристика на тоа поднебје. Секаде со по некое различно правило но секаде со иста радост и воодушевување. Додека некои дечиња ги сакаат и со радост ги учат обичните стихотворби и со тоа вежбаат понење преку нивна интерпретација, некои дечиња воопшто не ги сакаат стихотворбите и со тешкотија ги учат. Ова не е случај со меморирањето игрозборки. Нема дете кое со радост не се обидува да ја научи уште веднаш за да може да се вклучи во игра со своите другарчиња. Она што посебно ги привлекува децата е веројатно техниката која се применува при нивна изведба - НАРАТОРКА ПАНТОМИМА (Термин позајмен од Душица Бојович, автор на детска литератира и прирачници за примена на драмски техники http://dramskimetod.com/about-2/) Самото име на таа техника опишува дека станува збор за зборување проследено со покажување, имитирање. Доколку ваквата техника успееме да ја вметнеме и прилагодиме за употреба и при обработака на стихотворби, верувам дека децата на оваа возраст секогаш ќе бидат расположени за нови и нови интерпретации. Поаѓајки од пракса сметам дека игрозборките се погодни за : -вежбање на помнењето како и на способноста за добра интерпретација, -унапредување на социјализацијата преку прифаќање на правила и почитување на истите, прифаќање на пораз и радување на туѓа победа, -воведување во поделба на зборовите на слогови и воопшто доживување на зборот како целина од делови -воведување во римување -забележување и следење на ритам и темпо -броење до 20 и обратно низ игра -Децата понесени од игривоста на игрозборките и самите често креираат свои лични творби придружени со движења кои детето само ги одбрало а потоа одбира група на деца со кои го споделува своето искуство и играат заедно.
ПИ-КА-ЧУ! ПИ-КА-ЧУ! ПИКАЧУ А А А ! ПИКАЧУ Б Б Б ! ПИКАЧУ А Б Ц ! (ПОКАЖИ чекан, лист или ножички)
ЛИСТ КАМЕН НО-ЖИЧ-КИ! ЛИСТ КАМЕН НО-ЖИЧ-КИ !
Ком-па-ни-ја Ме-со бо-ра-ни-јa Тав-че Грав-чеПече-но кол-бав-чеЧоко-чоко-ла-да Чоко-чоко-ла-да. Чо-ко-ла-да Чоко--ла-да
|