САНТИМЕТРИ-Претпоставки, мерења, споредувања, пресметки-ТРЕТО ОДД.
Во продолжение на овој текст, ќе се запознаеме со уште неколку интересни предлог активности за реализација на следните ЦЕЛИ:Проценување и мерење во см. Заокружува до најблизок см. Проценува, мери и црта отсечки. Врши мерења на искршени линии,ги подредува од најдолга до најкратка. Собира должини изразени во сантиметри. Активноста може да се реализира во целост или да се изберат потреби делови кои можат лесно да се прилагодат и за неколку конкретни цели од понудените. За изведување на активности при кои се користат различни тематски манипулативи, артикулацијата на часот се планира и изведува преку:
1-Претходно осмислување и поставување на центри со различни игри(според број на деца во одделението)
2-Ротација на дечињата низ тие центри, на даден знак на наставникот, по истек на претходно договорено време или по проценка во самиот тек.
За време на подготовката за ваква активност, најдобро е едукаторот да си направи шема за распоред на центрите, а сите материјали потребни за секој центар, да ги смести одделно, во посебни кесички од кои само лесно би ги распакувал и поставил на часот.
И за време на оваа активност целите ги реализираме со ПРЕНАМЕНА НА ПРЕТХОДНО ИЗРАБОТЕН И УПОТРЕБЕН ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ, што во целост ја олеснува целата подготовка и реализација. Прво, тие средства се лесно достапни за мене како наставник, а на дечињата им се веќе познати за манипулација бидејки се пристутни во нашата училница и претходно употребени за други цели, од истиот или други наставни предмети. Доколку Вие не располагате со вакви или слични средства истите можете да ги обезбедите во соработка со родителите и дечињата за само еден ден.
Работата во центрите се реализира преку соработка во тимови, изведување на индивидуални активности поддржани со препорачани консултации, при што дечињата имаат прилика да учат едни од други. Времето за ротација низ центрите го одредува наставникот за време на самите активности според проценка на потребното темпо.
ПРВ ЦЕНТАР-ПРЕД ПРВА РОТАЦИЈА- Чудните патувања низ мирното море
Потребни средства: Син најлон како подлога. Цртеж, слика-море. Риби од пластелин или обоени камчиња. Дрвени стапчиња или пластични сламки за креирање патека од повеќе отсечки со различна должина.
Патеката може да е претходно поставена од страна на наставникот или да ја креираат дечињата на самиот старт. Пред почеток дечињата треба заеднички да им дадат имиња на рибите кои се поставени низ патеката. Во нашиот случај имињата ги зададовме според нивните бои и ги запишавме на посебни ливчиња, ставени до секоја риба. Дечињата кои работаат како ПРВА ГРУПА во овој центар имаат задача да си играат ПРОЦЕНКА И МЕРЕЊЕ НА ДОЛЖИНИТЕ на секоја отсечка:
1.Треба да одат по ред, посебно за секоја отсечка а секое дете да предвиди и запише своја проценка за должина во својата тетратка.
2. Секоја проценета отсечка, децата ја мерат со линијар за да утврдат која е точната должина и кој бил блиску до проценката. На посебно ливче се запишува должината и се става до отсечката.
3. Секој ја црта отсечката со точна или најблиска должина во својата тетратка.
4. Потоа се преминува на проценка и мерење на следната отсечка и така до крај.
Штом се проценат и измерат сите отсечки од оваа морска патека, децата имаат за задача да проценат КОЈА БИ МОЖЕЛА ДА БИДЕ ВКУПНАТА ДОЛЖИНА НА ОВАА ПАТЕКА. Потоа секој индивидулано прави пресметка користејки групирање за собирање повеќе броеви. Резултатите ги споредуваат меѓусебно. Доколку наидат на разлика во резултатот можат да користат калкулатор за да откијат кој бил во право а потоа да се пристапи на проверка за да се открие каде настанале грешките во пресметувањето.
ИДЕЈА ПЛУС- игра на проценки-Која е најдолгата а која најкусата патека, за колку см се разликуваат.
ПРИ РОТАЦИЈАТА, сега втората И СЕКОЈА СЛЕДНА ГРУПА група на дечиња
тука веќе ги гледа запишаните см за должината на секој отсечка во патеката. Така сега тука имаат задача да креираат задачи, ПРЕДИЗВИЦИ со претпоставка и пресметка на должини на отсечки ОД...ДО....Пр: Колку см е долга патеката составена од отсечките ОД рибата Ш(Шарка) ДО рибата Б(Белка)....
За време на овој круг им дозволив самите да си ја водат активноста на ниво на група па така самите се договараа кој прв ќе поставува предизвик, кој следен и така натаму. Во нашата шема вметнавме и бродче, на предлог на дечињата.
ВТОР ЦЕНТАР-ПРЕД ПРВА РОТАЦИЈА-"Прошетка на полжавчињата"
И во овој центар дечињата ги имаат сличните задолженија како децата од првиот центар. Разликата е во темата која ја поттикнува активноста заедно со манипулативните средства применети овде. Сепак, за да биде прегледно и оваа активност ќе ја опишам во целост.
Средства за работа-Стиропор обложен со зелена хартија(ливада), пластелин со кој ќе се изработуваат отсечките-патеките од цвет до цвет, цветови како крајни точки на отсечките, куќички од полжави за анимација на приказната. Сето ова може да се изведе и со обичен зелен хамер на кој се почетно распоредени цветови на одредени растојанија, во една искршена линија.
Најпрвин секое полжавче треба да добие свое име кое ќе биде запишано и ставено до него, да служи за целите од следните ротации. Потоа одиме по следниот редослед:
1. Дечињата треба да одат по ред. Заедно, да го проценат растојанието помеѓу два цвета, првите два од почетокот. Секое дете учествува со свое предвидување и запишува своја проценка за должина во својата тетратка.
2. Потоа децата заедно мерат со линијар за да ја утврдат точната оддалеченост на двата цвета- која е точната должина и кој бил блиску до проценката.
3. Отсечката се моделира од пластелин и се поставува од цвет до цвет. На посебно ливче се запишува измерената должината во см и се става до неа.
4. Секој ја црта отсечката со точна или најблиска должина во својата тетратка и соодветно ја обележува.
5. Потоа се преминува на проценка и мерење на следната отсечка, следното растојание од вториот до третиот цвет и така до крај, до послениот цвет постапката се повторува во круг. ИДЕЈА ПЛУС- игра на проценки-Која е најдолгата а која најкусата патека.
Штом се точно измерени, моделирани, поставени и обележани сите отсечки од пластелин на свое место, децата имаат предизвик да проценат КОЈА БИ МОЖЕЛА ДА БИДЕ ВКУПНАТА ДОЛЖИНА НА ОВАА ПАТЕКА. Потоа секој индивидулано прави пресметка користејки групирање за собирање повеќе броеви. Резултатите ги споредуваат меѓусебно и соработуваат во откривање на грешките.
Исто и тука, во овој центар, ПРИ РОТАЦИЈАТА, сега втората И СЕКОЈА СЛЕДНА ГРУПА група на дечиња веќе ги гледа запишаните см за должината на секој отсечка во патеката од цвет до цвет. Така сега тука имаат задача да креираат задачи, ПРЕДИЗВИЦИ со претпоставка и пресметка на должини на отсечки ОД...ДО....Пр: Колку см е долга патеката составена од отсечките ОД полжавот М(Марко) ДО полжавот Л(Лутко)....Исто како и во претходно опишаниот центар, за време на секој следен круг на дечињата им дозволувам самите да си ја водат активноста на ниво на група па така самите да се договараат кој прв ќе поставува предизвик, кој следен и така натаму.
ТРЕТ ЦЕНТАР-ПРЕД ПРВА РОТАЦИЈА-Како растела Маша
Децата во овој центар имаат задачи, повторно слични на оние низ првите два центри. Тука нивната приказна ги води на истражување во кое треба да откријат како растеле стапалата на Маша. Постапката ги содржи истите чекори од претходните центри. Важно е да се процени, измери и запише должината на секое чевличе а потоа и вкупната должина на разни кобинации на патеки од чевличките.
Посебно ме радуваше фактот што дечињата и во првиот и во понатамошните ротации успешно превземаа акции за самостојно креирање задачи во кои пресметуваа вкупна должина на две, три, четири или пет чевлички поставни како патека...
Ова понатаму не поттикна да си играме проценка и мерење на чевлите кои децата ги носеа во моментот. Штом секој измери колкава е должината на неговиот чевел и тоа го запиша на ливче, понатаму дечињата лесно креираа предизвици од типот:Претпостави колкава ќе биде вкупната должина на патеката направена од пар чевли на Лео, едно чевле на Андреа и пар на Андреј....
Ова беше домашната задача зададена за следниот ден. Активност која следниот ден ни помогна да направиме вежба во парови
Секој ученик следното утро донесе своја креативна патека, придружена со пресметка на вкупната должина на сите отсечки на сликата и прилог-приказна за некое замислено патување со ликови и доживувања. Дечињата најпрвин ги претставија темите на својата математичка приказна а потоа работеа во парови, со замена на цртежите. Имаа задача најпрвин да ја проверат пресметката на вкупната должина на патеката која ја пресметало другарчето автор, а потоа да креираат неколку задачи за пресметка на должина на отсечки ОД.....ДО...Штом и двете деца беа спремни со пресметката и креираните задачи, новите задачи ги решваа заедно како предизвик, придружено со раскажување на куси приказни(текстуални задачи)
На следниот линк можеме да разгледаме уште една активност за слични цели, забавна и креативна, весела математика.
http://ucimenizigra.ucoz.com/index/santimetri_metri_da_napravme_ograda_za_gradinata_na_masha_i_medo/0-378
|