Вежби за читање во себе со разбирање на прочитаното
Преку читање со разбирање до забавни, откривачки игри: Оваа мудра поттикнувачка активност во себе прави спој на читањето со тематски игри, истражување, вода, меурчиња и слични привлечни средства и предизвици за дечињата и со тоа помага детето реално да почувствува колку е неоходно навистина да се посвети внимание на чести вежби за читање. Денешните игри нам ни овозможија реализација на неколку цели важни за напредување на читачките вештини: Децата тука на часот да вежбаат читање во себе со разбирање на прочитаното. Спонтано да ги самооценат своите читачки вештини и да почувствуваат потреба за редовно читање како корисна навика и забава. Наставникот преку следење и помагање да ги процени нивоата на читачките вештини на ниво на клас и поединечно.
На сличен начин, но едноставни активности, може да се задаваат често и за време на паузи па и за време на други часови. На пример- Часот по ФЗО може да започне со "НЕЗБОРУВАЧКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ"- договарање за активностите на часот: Наставникот на едно место поставува писмен опис на активностите кои ќе треба да следат, опишани по правилен редослед. Самите правила за игра може да бидат зададени запишани. Вакви "НЕЗБОРУВАЧКИ ИЗНЕНАДУВАЊА" може да се применуваат често за време на делови од часови од сите наставни предмети со што часовите ќе бидат забавни а воедно ќе овозможат унапредување на читачки вештини. Ваквиот пристап на работа со белешки е посебно корисен при работа во комбинирани паралелки или работа со голем број ученици во клас.
Активностите во нашиот случај се креирани за четири центри со четири игри и посебни пишувани инструкциони чекори за секоја од следните тематски игри:
„Сапунести меурчиња„
„Светкави меурчиња„
„Играта на Маша„
„Земјата на најубавите водени капки„
Пред самиот почеток дечињата треба да бидат поделени, распоредени низ сите 4 центри во соодветен број, според бројот во одделението, а потоа продолжуваат со ротација низ центрите, според сопствено темпо на читање со разбирање на прочитаните инструкции.
Ние денес, започнавме со краток разговор за да ги утврдиме нашите правила за игра. Се договоривме дека денес ќе го почитуваме досега за нас најчудното ПРАВИЛО, сосема спротивно од сите претходни навики и правила за работа- ПРАВИЛО за работа без зборување, правило кое не дозволува разговарање, ниту договарање и консултации со другарчето. На овој необичен час нема взаемно помагање а учителката е единствениот пријател кој може да се повика по потреба и со кој може да се зборува со шепотење, секогаш кога ни треба помош. Ова чудно правило беше вистински предизвик, промена која ја доживеавме како интересна.
МАНИПУЛАТИВЕН ЦЕНТАР 1- "Земјата на најубавите водени капки"
СРЕДСТВА дстапни на дечињата, но ставени на едно место: фломастери, моливи, шприцеви полни со вода и белешки достапни по следниот распоред :
Инструкциона белешка I "Земјата на најубавите водени капки"- ја има секое дете пред себе за почеток. Според упатствата во неа самото доаѓа до другите материјали потребни за работа.
Инструкциона белешка II
Треба да биде претходно сечена на ленти, ставени измешано во тегличка на посебна маса некаде ва просторијата. Бројот на вакви спремни теглички треба да одговара на најголемиот можен број на дечиња во групата истовремено. На пример, најмногу 5 вакви теглички за 20 деца. После работата секое дете лентите повторно ги меша и ги враќа во тегличката а тегличката ја враќа на местото од каде првично ја зело.
Работен лист III,
Служи за работа според упатствата дадени во белешката II- Првично сите копии од овие работни листови се поставени во печурка од шише (или друго место од кое може да се извлекуваат) од каде секое дете си извлекуваат по еден лист за себе, во момент кога тоа ќе го прочитаат како задача во белешката II. Бидејќи врз нив се работи со вода, вакви листови треба да има соодветно на бројот на ученици во одделението.
МАНИПУЛАТИВЕН ЦЕНТАР 2-Играта на Маша
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА ИГРА ВО ОВОЈ ЦЕНТАР:
1. Овој работен лист (ПРИЛОГ 1) со инструкции е претходно копиран во број кој одговара на бројот на дечиња во одделението. Секое детенце кое игра во овој центар започнува со читање на овој работен налог и така самото доаѓа до понатамошните ленти со описи и материјали за работа кои му се потребни.
2. На масата стои:
-сад во кој се сместени кесичките со лентите за подредување инструкции (ПРИЛОГ 2), ножички, фломастери во разни бои, празни кесички, сечени ленти-ливчиња во барем три бои од кои едната е жолта, смесетни во барем две чаши од кои едната е розева, пластични чаши, пластични затварачи во разни бои, сад со вода.
3. Во природното катче треба да има камчиња со различни форми, големни и облици.
4. Во некој мал дел од училната на подот треба да стои син најлон-езеро
Прочитај ги прилозите поставени после сликите за да ја согледаш целината и текот на активностите
(ПРИЛОГ 1)
(ПРИЛОГ 2)
Ова е текстот кој треба да биде исечен на ленти и ставен во посебни надуени кесички.
МАНИПУЛАТИВЕН ЦЕНТАР 3
МАНИПУЛАТИВЕН ЦЕНТАР 4
Потребни средства: Цевки за сок во различни бои; белешката со инструкции во број според број на деца во класот; пластично пресечено шише од 5 литра до половина полно со вода и малку течен сапун ставено на подот; сад со чиста вода и неколку празни шприца-ставени на масатата со инструкциите.
Прочитај ја белешката со инструкции за да го воочиш текот на активностите:
ПОСЕБНИ НАСОКИ И ПРЕДУСЛОВИ- За реализација на активности опишани во текстот што следува, во кои дечињата работаат во центри со ротации а притоа ракуваат со различен манипулативен материјал, на наставникот му е неопходна прецизна подготовка во која посебно би ставила акцент на два моменти:
1-При креирање на активноста, сите манипулативни средства и работни листови за секој центар посебно, наставникот ПРЕТХОДНО ги распоредува и чува во посебни кеси за да може лесно и брзо да ги распореди на лице место за време на активноста.
2-Дури и поважно од план за часот, неопходно си подготвува СТРИП-ШЕМА во која црта, шкртка или запишува број и распоред на центрите и игрите- како едноставна белешка која ќе ја следи за подготовка на просторот за работа пред почеток.
Исто така, што е особено важно:
-Пред воведување на ваква комплексна активност како во нашиов пример, пожелно е децата да имаат претходни искуства за едноствна работа со инструкциони белешки, а тоа може да се вежба за време на секоја утринска средба со размена на забавни пораки и смешни едноставни задолженија.
- Децата треба да имаат развиени навики за партнерски однос со наставникот, со тоа и тие учествуваат во поставување, грижа и спремање на центрите и материјалите пред и после работа.
-Наставникот треба внимателно да следи и да е достапен за помош за време на целата активност- Децата кои бавно читаат и тешко разбираат што прочитале и онака, следејќи ја динамиката на читачите, веднаш ќе станат свесни за потребата од почести вежби за читање и затоа нема потреба и жално е да се да остават долго осамени и немоќни во еден центар. Наставникот треба да им помага повремено и да чита со нив.
Оваа активност може лесно да се прилагодува според тежински нивоа, со измена на должината на текстот и структурата на речениците кои ги нудиме на дечињата. Истата може да се прилагоди со кратки реченици за почетни мотивирачки вежби за читање латиница. Секој наставник треба сам, според бројот на неговите ученици да процени за колку и за кои и какви активности ќе се ослучи.
|