Едукативни апликации за иновативна наставна пракса
ТЕМА 2БДен и ноќ- Природни науки второ одделение
За време на оваа активност учениците беа ставени пред предизвикот:
Преку истражување на можностите на играта SolarSistem да стигнат до нови сознанија и да уврдат поими и претстави за темата Сончев Систем од ТЕМА 2Б Ден и ноќ- Природни науки второ одделение http://www.arloon.com/app/solarsystem.
Опфатени содржини: Сончев систем, планетите од блиску, се за Сонцето, како настанува промена на денот и ноќта, како настанува промена на годишните времиња, тестови... Се видено од најблиску што се може.. Заедно со технологијата на дечињата има беше овозможено истовремено да ги користат нашите претходно изработени модели, апликации и слично.
Во овие мигови интересно беше да се забележи како правеа диретни споредби на решенијата, доказите и објаснувањата понудени во апликацијата и манипулативните средства кои ги изработиле со свои рачиња.
Апликацијата и сличните на неа се вистинско богатство и за почетно воведување во темата бидејки на дечињата им овозможуваат да ѕирнат онаму каде со примена на фотографии и скици не е достапно да се истражува со воочување на толку научно докажани детаљи. Бидејќи во нашиот случај имавме утврдување на тема како основа, се договоривме да пристапиме со чекорите на истражувањето:
1-Учениците најпрвин ја избираа правата игра на основно ниво
2-Гледаа што се бара во неа, кои знаења од темата Ден и Нок треба да ги применат успешно за да продолжат понатаму
3-Потоа усно го претпоставуваа процесот, чекорите кои според нивните усвоени знаења ќе ги одведат до целта, (во случај кога имаа поделени мислења на ниво на пар или група најпрвин ги запишуваа своите предвидувања)
4-За крај ја играа играта за да ги проверат своите претпоставки и бираа нова следна игра на повисоко ниво
Така низ игра имаа прилика да ги самооценат своите знаења и да се вложат максимално во нивно освежување или надоградување со нови, за да можат да продолжат со играта.
Активноста на дечињата им овозможи да откриваат и учат со свое темпо а со тимска работа и соработка. Апликацијата им беше достапна на два лапотопи, таблет и на интеркативната табла со што беше овозможена работа во групи и парови. Иако е креирана на англиски јазик дечињата покажаа дека детската љубопитност за истражување а нивните вештини за примена на технологија од најмала возраст им овозможуваат лесно да учат и откриваат преку игра.
Бидејќи до самиот крај на часот, упорно на своја иницијатива постојано посегнуваа по нашите изработени манипулативни средства за да прават споредба и опис во текот на игрите, уште еднаш можам да го потврдам мојот став дека: Комибинацијата на ИКТ со другите манипулативни средства е најмудро и најквалитетно решение за работа во наставна пракса затоа што колку и да им е интересно да видат се од блиску, на дечињата им е потребно да истражуваат со допирање и да бидат вака тактилно вклучени во процесот.
Шпанската компанија за едукативни игри Арлон http://www.arloon.com/ ни ги подари своите најнови едукативни апликации за кои имаат добиено голем број на награди. Од неодамна ние сме официјални Арлон академски советници а нашата задача е да ја оцениме користа од креираните игри применети во наставна пракса и да предлагаме идни решенија и нови предлози за унапредувањето на учењето со помош на комјутерски апликации.
|