Струјно коло-Истражувачки активности за второ одделение
За време на ваква активност НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ може да биде фокусирано на: Стекнување основни, појдовни претстави преку: приказна, игра, разговор со возрасни, примена на ИКТ и поврзување со секојдневното искуство; предвидување; планирање на истражувачката работа, изработка на струјно коло, истражување и тестирање на електрични кола и откривање на проблеми во работата на струјните кола; правење набљудувања и објаснување што е откриено и како е решен проблемот или зошто не е решен, разговор- дали резултатите ги поддржуваа предвидувањата.
Клучен вокабулар:Батерии, Светилки , Држач за батерија, Струјно коло, Жица, Прекинувач, фазомер. Во оваа прилика ќе се задржиме на неколку игри, интересни за дечињата од оваа возраст, кои можат да се комбинираат по редослед кој одговара на целите за фазата на воведување и истражување.
Да му помогнеме на ФАЗОМЕРОТ да свети(НИЕ сме СТРУЈНО КОЛО)
Си играме спровниците, фатени за рачиња. Играме прекинување на колото на различни места. Фазомерот може да ни послужи како играчка со која би објасниле и проверувале функционирање на струјно коло. Секако дека при воведување на нова алатка треба да ја задоволиме детската љубопитност и да објасниме каде, кој, како и зошто ја употребува, но важно е да најдеме и време за да им објасниме на дечињата дека со оваа вистинска работна алатка детето не смее да ракува самостојно без присуство на возрасен, освен за изведување на игра идентична на нашата која ние денес со него ја изведуваме на часот. За време на оваа игра едукаторот применува поими кои тековно ги објаснува.
Сободната драмска игра водена најпрвин од страна на едукаторот а потоа и од страна на дечињата, е совршен начин за воведување и разбирање на оваа тема и поимите низ неа:
„Ламбичката што сакала да свети ги бара пријателите( елементите) кои можат да и помогнат„
Ајде да и помогнеме на светилката. Да откриеме кои делови се потреби за да овозможиме да свети? Како треба да бидат поврзани тие..
ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ:
1. Изработка на струјни кола.
2. Активности со расипано струјно коло- НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ ПРОБЛЕМСКИ СИТУАЦИИ-Претпоставуваме што може да не е тука во ред..Можеби батеријата, можеби се откачила жица..или прегорела сијаличката...
3. Цртање на шема за струјно коло
|