МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     
Со песочни, шеќерни, солени, оризови часовници, 

вежбите за течно и брзо читање можат да бидат уште позабавни :-)

 

Тајмерите за мерење на време при вежби за течно читање и решавање математички задачи се навистина одлична стимулација на дечињата во второ и трето одделение. Со нив и читањето и математиката за миг се претвараат во игра а ги има достапни за бесплатно користење во секое време http://www.online-stopwatch.com/. Но, мене секогаш ми се допаѓа можноста и секогаш се обидувам на дечињата истовремено да им овозможам да си избираат и да комбинираат ресурси за време на активностите, дигитални и манипулативни во исто време. Неодамна тетка Габи ни подари песочен часовник. Не се опишува колку го засакаа во истиот миг. Веднаш, со мерење со тајмер на мобилниот телефон заедно измеривме за колку време точно истекува. Измеривме точно една минута а потоа веднаш вежбавме читање- Додека едно дете читаше останатите дечиња по истекување на песокта тивко го завртвуваа часовникот и бележеа цртичка за секоја минута помината понатаму. Потоа ни стигна уште еден супер забавен подарок-Библиотеката на тркала. Читањето сега е наша најомилена игра.

   

Токму така ја добив идејата за изработка на повеќе забавни и некршливи тајмер, наши нови играчки за нови читачки предизвици.  А бидејќи моите дечиња се супер истражувачи и супер помошници, мали учителчиња, мојата првична идеја за изработка на песочен часовник се претвори во сериозна, темелна истражувачка и креативна акција во која освен песочен добивме и шеќерен па и оризов часовник и сега имаме богат избор во нашата училница. Тyка би сакала да им се заблагодарам и на родителите и на бабите и дедовците на моите ученици затоа што уште истиот ден им овозможија на нашите дечиња да ја задоволат својата љубопитност, што одвоија време да си играат истражувачи со нив во домот уште веднаш и со тоа да стигнеме до многу нови идеи, да откриеме решенија и пречки. 

   

Пред да започнам со описи на текот и поединости од истражувачката и креативната активност,  најпрвин кратко да посочам на неколку насоки важни за вежбите за читање со примена на овие наши тајмери: 

За време на вежбите за брзо читање дечињата работаат во парови или по три. Додека едно дете чита останатите дечиња по истекување на содржината во шишето, тивко го завртвуваат часовникот и бележат цртичка за секое завртување додека детето чита. Но за да стигнеме до точното изминато време, за да видиме кој од овие часовници за колку точно истекува, најпрвин си игравме претпоставки: На онлјан тајмерот поставувавме наша претпоставка, време за одбројување за конкретниот часовник а потоа го завртувавме шишето и проверувавме. Во исто време друго детенце мереше од нула секунди па нагоре со тајмер на мобилниот телефон со што на крај прецизно запишувавме кој часовник за колку истекува за да знаеме како да пресметуваме за време на читање. 

 

Така сега секој од нашите креирани часовници има свое време на истекување забележано на него (со оглед на тоа дека се различно полнети и имаат отвори со различна големина) и според тоа време по завршување на читањето се пресметува конечното време на читање. 

 

Доколку пресметката е тешка користиме дигитрон. Како поедноставна можност за пресметка на брзина на читање е  на крај само да ги преброиме цртичките за секое дете посебно и така, оној што има најмалку цртички значи дека имал најдобра брзина. 

НО ШТО Е ТУКА ПОСЕБНО ВАЖНО: Иако вежбите за брзо читање се всушност натпревари во кои се мери и обележува време за секој играч посебно, секогаш се обидувам да правам атмосфера во која ама баш секој ќе биде награден со аплау за некој напредок после читањето. На пример: Додека еден е брз читач и добива аплазу за тоа, друг може да биде пофален затоа што точно и прецизно внимавал на секој збор и не прелетувал со импровизации само за да прочита брзо(затоа и бил побавен) Друг може да биде охрабрен и пофален за тоа што прочитал како глумец или спикер, со менување на гласот според ликовите за кои чита. Трет затоа што сме приметиле дека навистина се има добро избежбано во читање во последно време, па го прашуваме да ни ја открие тајната што читал и како читал, кога во текот на денот му е најубаво да чита, да ни предложи некоја книга и нам....На ваков начин вежбите за брзо читање навистина остануваат забавна игра од која секој излегува како победник на свој начин, вежбата не се доживува ниту како оценување на петки и единици ниту како натпревар во кој победуваат едни исти со веќе развиени читачки вештини. Во паровите за читање владее соработка и охрабрување, радување на туѓ успех. На оној кој слуша не му е здодевно дури и ако добил партнер кој чита многу бавно затоа што оној што следи е ангажиран со завртување на часовникот, запишување на времето и охрабрување на другарчето. НЕ_НАТПРЕВАРУВАЧКАТА клима е најважен клуч за воспитување на соработка, солидарност, вистински вредности и најважна за понатамошно охрабрување на секое дете.   

  

Направивме и книга на идеи во која дечињата ги запишаа своите искуства и така сега имаме прирачник за изработка на часовници за читање.

 

ОПИС НА ИСТРАЖУВАЧКАТА АКТИВНОСТ:

За време на активноста дечињата кои имаа спремни часовници со возбуда раскажуваа како преку обиди и грешки стигнале од соодветни решенија. Некои од часовниците сеуште не фунционираа затоа што, како што заклучија самите- влажната песок е проблем, песокта мора да буде многу сува.

 

Часовниците со крупна несеана песок ни застануваа постојано па заклучивме дека сепак мора најпрвин добро да се сее. Токму овие и слични наши неуспешни обиди беа вистински неоходен чекор за унапредување на истражувачки навики во кои се поставуваат хипотези и се проверуваат до заклучок и барање нови решенија за неуспешната реализација.  

 

Заедно направивме и часовник полн со ориз и тука навистина многу експериментиравме со проверка на разни претпоставки но или не истеуваше воопшто или многу тешко или многу брзо, за неколку секунди. На крајот сепак успеавме да добиеме оризов часовник кој истекува само за половина минута. Иако на почетокот тоа време ни се виде кратко токму тој беше многу интерсен за време на вежбите за читање затоа што бараше повеќе завртувања и пресметка на минутите на крајот (30+30=1 минута....Колку минути вкупно)

 

Андреа ни донесе песочен часовник кој сосема беспрекорно работеше и ни раскажа како нејзината бабичка дошла до идеја песокта прво да се сее и да се стопли во печка за да испари сета вода од неа. Лео и Филип истражувале заедно и направиле неколку успешни и неупешни обиди, вистинско истражување со претпоставки и проверки. Така кога на часот предложив да се обидеме да направиме солен часовник веднаш ме спречија и ми објаснија дека тој нема да тече правилно затоа што солта била некако мокра и би се лепела за ѕидовите на шишето иако шишето е суво.

 

Затоа пак веднаш направивме уште еден часовник според нивни инструкции и сега имаме два шеќерни часовници кои во овој миг исправно мерат време. Се договоривме да ги набљудуваме во подолг период од неколку недели и да видиме како ќе функционираат во иднина. (Шеќерта во затворен простор исто така кондензира па ќе имаме прилика во иднина да донесеме заклучок дека сепак таа е добро привремено но не и трајно решение).

 

Обидете се и вие. Секоја училница може да има бесплатни манипулативни средства забавни за учениците а корисни за процесот.

 

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024