МЕНИ


        ПОСЕТИТЕЛИ
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

   ЛОГИРАЊЕ

My profile    Main  Logged in as   Guest |  Group  "Guests "  RSS                             
                                                     

Истражувачка, креативна и творечка активност на тема- Шумско есенско шаренило

Со природата на маса до квалитетно литературно творештво

  

Во оваа прилика би сакала да споделам уште едно лично искуство кое мене и како родител и како учител ми овозможи креативно поминување на слободно време со семејството но воедно и можност за собирање на ресурси кои следниот ден ги применив на час по македонски јазик со наставна содржина Опишување- Пишување писмен состав на тема-Шумско есенко шаренило. Обично, за втората цел, собирањето на материјали и истражувањето го изведувам со самите ученици но и ова е добра опција, во случај коа знаеш дека условите и временската рамка следниот ден нема да дозволат изведување на слична акција за собирање заедно со учениците а без тие материјали опишувањето би било формалност, базирано на имагинација и слики, и не толку интересно за да поттикне квалитетно детско литературно творештво. 

 

Од друга страна, навистина е корисно и забавно вакви активности да се практикуваат често, за време на наши семејни излети, прошетки и планинарења кои се добри за здравјето. Вака тие прошетки можат да бидат дополнително исполети со квалитетно поминато време во насока на едукација и унапредување на истражувачки и творечки навики кај сопствените деца кои во споротивно само би трчкале и за кусо време би се досадувале околу нас размислувајки дека подобро би им било да останеле дома пред комјутерот и телевизорот. Ова е само еден пример, секој родител може да си прави свои комбинации на активности во зависност од тоа на кое место се изведува прошетката и кои природни материјали би ги имале на располагање(ливада, езеро, море, планина)

 

Претходна подготовка- ранец со потребни материјали :

Фото апарат со кој детето ќе слика фотографии од интересни откритија, лупа, ножики, гумени нараквици, макара, лепило, неколку празни садови од павлака или топено сирење со прозирен капак, макар едно прозирно шише од вода или на пример од омекнувач за облека.

 

Уште пред почетокот на прошетката

самата припрема на материјалите направете ја заедно со детето.

Така за време на собирањето на помошните материјали ќе имате прилика да му најавите интересен ден , богат со истражувања кои секое дете ги сака. Во истата прилика уште на почетокот објаснете му  дека:

-Вие заедно ќе имате задача да собирате примероци од се што е интересно и суво во природата во есен додека се движите кон крајната цел на прошетката.

-Прв Предизвик ќе биде-Наоѓање и собирање ситни примероци нови и нови интересни суви лисја, гранчиња, суви тревки и слично и нивно фотографирање.

-Втор Предизвик- Воочување приридни убавини, ливади, височини, откривање мириси, звуци во природата....

-Водење бележник за зачувување на впечатоци-( Еден збор- симбол за цел мисла кој подоцна ќе се искористи при пишување )

 

Објаснете му дека сите тие есенски откритија подоцна ќе ви служат за

ДВЕ ЦЕЛИ И ДВА КРАЈНИ ПРОДУКТИ- 

1. Да направите есенски градини во шише и есенски катчиња на маса или под.

2. Да ви помогнат преку нивно опишување и комбинирање да напишете приказна на тема-Шумата во есен.

 

Она што е од особена важност тука за безбедноста на децата е точно и прецизно да поставите свои мудри ПРАВИЛА за изведување на истражувањето, неколку пати да му ги повторите и објасните:

-Забрането е кршење на здрави гранки и врлање отпадоци за време на прошетката.

-Детето самостојно може да собира суви нешта, мов, лисја, тревки, додека за шумските плодови во боја мора да пршаа возрасен пред да ги допре. 

-Природата во есен е полна со разноврсни печурки, убави, интересни во различни бои. Во нашата игра забрането е допирање на печурките. Детето може да ги фотографира без допирање и да повика возрасен да ги видат заедно. Смее да ги собере само печурките за кои добил дозвола во моментот но и за тоа мора да ги користи докторските нараквици, како и за било кое понатамшно истражување поврзано со печурките, допирање, сецкање.

 

Овој опит, прикажан на фотографиите долу, може да биде навистина интересен. Повторно напоменувам дека Вашето внимание како родител треба да постојано за време на сите активности. Децата ќе истражуваат самостојно но Вие морате будно да го следите секој нивни чекор и да бидете партнер кој поттикнува љубопитност, споделува сознанија но и советува во секој миг. 

 

Доколку прошетката претходно сте ја испланирање и замислиле за дружење со семејни пријатели, скара и опуштен престој во природа, оваа и слични активности оставете ги сепак за некоја следна прилика бидејки не е добро да се прават комбинации кои би ви одвлекувале вниманието од она што децата го прават додека истражуваат, независно од нивната возраст. 

 

 

ПИШУВАЊЕ НА ОПИС-ТЕКСТ НА ТЕМА - ЕСЕНСКО ШАРЕНИЛО

1- И моите ученици следниот ден имаа прилика најпрвин да истражуваат и да ги опишуваат даровите од природата што ги донесов пред нив. 

 

2. Потоа, на почеток на пишувањето, како подготовка и концепт, секо дете на свој лист запиша разгранета шема- по еден збор за се она што го гледа во есенското катче.

3. Понатаму, негова следна задача беше секој запишан збор да го збогати со неколку придавки.

4. Следна задача беше- да ги замиже очите после секој прочитан опишан збор и да си замисли слика, мириси и звуци, како да се наоѓа во природата, тој е истраживачот кој на некое конкретно место го нашол тоа камче, мов, шишарка и слично.

На овој начин секое дете беше ставено во улога најпрвин постапно да ги замисли сцените во природата, како да е тој истражувачот на лице место, а потоа со помош на целиот тој концепт да напише свој опис, текст на тема- Јас и шумското есенско шаренило .

 

Беше навистина интересно, обидете се и вие.

 

 




NEW- International Festival 
 of Educational Movies 





Лиценца Криејтив комонс

Автор Весела B

veselabogdanovik2@gmail.com


Игриви алгоритми




MANY PROJECTS
 IN ONE PROJECT
 Created with 
5-9 year old children 
in small village Ivanjevci

-Interdisciplinary
 learning activities-


НАША ВЕБ СТРАНА
Учење преку истражување
Наши едукативни филмови


Наши едукативни филмови


Copyright
 MoonDigital © 
Сите права се задржани
Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

About Me
veselabogdanovik2@gmail.com

Our village and school

Истражување-Почва

Патување до центарот
на Земјата


-Video stories-
 

 
 
 

 

 
 
 
NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 

 



 Our village and school

 






 

NEW- International Festival 
 of Educational Movies 


 

 
Our village and school

 






Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го промените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот 
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност 
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство за
реализација на интерни часови.
Не смее да биде користено
 како помагало за време на
 обуки и семинари
без присуство на авторот.

veselabogdanovik2@gmail.com









NEW- International Festival 
 of Educational Movies 



Our village and school


Total of answers: 
Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Copyright MoonDigital © Сите права се задржани!!! 2024